TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Викендов и идната недела пеколни горештини во Македонија

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Пеколни горештини со температури до 43 степени Целзиусови ќе ја зафатат Македонија во наредните неколку дена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според истиот извор, не се исклучува можноста температурите, во традиционално најтоплите делови на Македонија, Демир Капија и ...

Топлотен бран во регионот

Макфакс - 01.07.2007

Букурешт Температурите во регионот деновиве достигнаа максимални 42 степени, а регистрирани се најмалку 15 жртви поради топлотен удар. Најмалку 11 лица загинаа во Романија каде температурите достигнаа рекордни 40 степени, а во Хрватска, каде исто така се забележани 40 степени, една жена почина од ...

Горештините однесоа 12 животи

Макфакс - 01.07.2007

Букурешт Дванаесет лица починаа како последица на горештините во изминатите денови во Романија, пренесоа денеска локалните медиуми. Метеоролозите најавија дека температурите во наредните два дена ќе достигнат и до 45 степени Целзиусови. Вонредна состојба е воведена на целата територија на Романија.

Седум лица починаа во Романија поради жештините

Макфакс - 01.07.2007

Букурешт Високите температури одзедоа седум лица во Романија, соопштено е денеска во Букурешт. Повеќе од 1.000 повици на службите за итна помош се забележани само во Букурешт, а се поголем е бројот на оние кои не можат да излезат од домовите.

Кризна состојба во Македонија поради горештините

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Македонија поради високите температури е во кризна состојба што со одлука на Владата во четврток е прогласена на целата територија на државата. Скратувањето на работното време, посебен режим за работа на отворено и низа други мерки ја следат одлуката за кризната состојба која, според ...

Македонија може да здивне, температурите попуштија

Утрински - 29.06.2007

Синоптичарите најавуваат повремени дождови Најпосле живата во термометрите се спушти под 40. степен и во Македонија уште вчера се почувствува мало освежување. Но, секако, температурите и натаму се летни и високи, па поради тоа актуелни станаа и пожарите.

Двајца загинати во пожар кај Лариса

Дневник - 29.06.2007

Бранот жештини на Балканот стивнува - се очекуваат летни температури од 22 до 32 степени Десетици пожари беснеат во Грција, а во реонот на градот Лариса во централниот дел на земјата загинаа две лица, јави МИА. Противпожарната служба соопшти дека на местото каде што избил пожарот, била пронајдена ...

По горештините, бура и силни ветрови во Романија

Вест - 28.06.2007

БУКУРЕШТ, 28 јуни (АП) - По големите горештини, од завчера вечерта Романија е зафатена од поројни дождови проследени со силни ветрови, при што како последица од невремето во југоисточниот дел на земјата загина најмалку едно лице, а над 10 се повреден БУКУРЕШТ, 28 јуни (АП) - По големите горештини, ...

Петмина мртви од високите температури во Грција

Вест - 28.06.2007

АТИНА, 28 јуни (АП) - Пет лица починаа во Грција како последица на неподносливите горештини кои ја зафатија земјата, се вели во соопштението на грчкото Министерство за здравство. Грчките медиуми, пак, соопштуваат дека бројот на починатите од високите температури изнесува осум лица.

Триесет и три лица починале во Романија само за една седмица поради горештината

Канал5 - 28.06.2007

Триесет и три лица починале во Романија од 19 до 27 јуни поради горештините, соопштија денеска здравствените власти. Букурешт, 28 јуни (МИА) - Триесет и три лица починале во Романија од 19 до 27 јуни поради горештините, соопштија денеска здравствените власти.

Поројни дождови и ветришта во Романија

А1 - 27.06.2007

По големите горештини, синоќа Романија ја зафатија поројни дождови проследени со силни ветрови, при што како последица од невремето во југоисточниот дел на земјата загина едно лице, а 10 се повредени. Брзината на ветрот во јужните и централните делови на земјата, вклучувајќи го и Букурешт, надмина ...

Балканот врие, жртви во Грција и Романија

Вест - 27.06.2007

АТИНА/АНКАРА/БУКУРЕШТ, 27 јуни - Поради високите температури и неподносливата жештина вчера и денеска во Грција некои од државните институции нема да работат по 12 часот, а турските власти им дадоа два или три слободни дена на инвалидите, хронично болните и бремените жени.

Пеколен ден во Македонија

Утрински - 27.06.2007

Африканска прашина над Македонија, градовите како под вршник СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Вчера беше најтоплиот ден во Македонија. Температура достигна 42 Целзиусови степени, а УВ-индексот изнесуваше помеѓу 9 и 10. Поради присуство на африканска прашина, која како завеса го покриваше небото на височина од ...

Нема елементарна непогода

Дневник - 27.06.2007

Ќе се навикнеме на жештината, порачуваат од службите задолжени за следење на состојбата Не станува збор за криза и нема потреба да се прогласи елементарна непогода, ниту вонредна состојба поради топлотниот бран, сметаат државните институции од координативното тело задолжено да ја следи состојбата.

Нема прогласување на вонредна состојба

Вечер Прес - 27.06.2007

Според Центарот за управување со кризи состојбата во земјава не е критична и сегашните температури се вообичаени за летниот период Иако температурата на воздухот во земјава надмина над 40 степени, сепак нема да има прогласување на вонредна состојба, информираат од Центарот за управување со кризи.

Горештините продолжија со рекордни температури

А1 - 26.06.2007

Денеска измерени рекордни температури. Најтопло во Демир Капија, каде скалата на термометарот се искачи на 43 степени, во Скопје, пак, во 14 часот беа измерени 41 степен. На овие пеколни горештини секој преживуваше како умее.

Нема вонредни мерки за големите горештини

Утрински - 26.06.2007

За вонредни мерки топлотниот индекс треба да изнесува 41 степен најмалку три дена во континуитет Од отворање посебни пунктови со ладна вода и мобилни медицински екипи засега нема потреба зашто за воведување на овие вонредни мерки е потребно топлотниот индекс да се задржи на 41 степен најмалку три ...

Африкански бран удира во Турција

Дневник - 26.06.2007

Врел воздушен бран од Африка денеска ќе ја погоди Турција и ќе ги зголеми температурите на пет-шест Целзиусови степени повеќе од вообичаените за овој дел од годината. Турците веќе цела недела трпат пеколни горештини, а во Фетије, во провинцијата Мугла, температурата во неделата се искачила на 51 ...

Нема прогласување вонредна состојба од пеколните горештини

Канал5 - 26.06.2007

Тропските температури најтешко се поднесуваат во Скопје – загреаниот асфалт и бетон ги прават неподносливи условите за живеење. Тропските температури најтешко се поднесуваат во Скопје загреаниот асфалт и бетон ги прават неподносливи условите за живеење.

Расте бројот на жртвите од топлиот бран што го зафати Балканот

Канал5 - 26.06.2007

Во Романија во последниве 24 часа се регистрирани четри нови смртни случаи како последица од високите температури, со што бројот на жртвите во последниве денови се искачи на 29, пренесува МИА. Букурешт, 26 јуни (МИА) - Во Романија во последниве 24 часа се регистрирани четри нови смртни случаи како ...

Во Турција 51 степен!

Вечер Прес - 26.06.2007

Дополнителна паника внесе и веста дека од денеска доаѓа нов пеколен бран од Африка, кој и така високите температуре ќе ги покачи за пет до шест степени Дигиталниот термометар на зградата на шумската управа на Фетије, во турската провинцијата Мугла, завчера покажа дури 51 степен Целзиусов, посочува ...

Топлотниот бран не предизвикал смртен случај во Македонија

А1 - 25.06.2007

Топлотниот бран досега не предизвикал смртен случај во Македонија. Ова го тврди Комисијата за следење на состојбите од високите температури, формирана при Министерството за здравство. Постојано се следи и топлотниот индекс, по кој се одредуваат ризиците по граѓаните.

Температурите во Турција ќе се зголемат за пет степени

А1 - 25.06.2007

Од утре Турција ќе биде зафатена со бран врел воздух, кој доаѓа од Африка, а неговото влијание ќе се почувствува уште денеска, информира електронското издание на весникот „Хуриет“. Температурите ќе се зголемат за пет до шест степени над нормалните за сезоната.

Тропското лето продолжува, а Владата подготвува дополнителни мерки

Утрински - 25.06.2007

Денеска и утре температурата ќе се качи до 42. степен, а Владата утре ќе ги разгледува препораките за заштита од горештините ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Тропското лето со дневни температури над 40. степен и по една недела продолжува, а Владата утре ќе одлучува дали ќе прогласи елементарна ...

Пеколните горештини продолжуваат до среда

Дневник - 25.06.2007

Според министерот за здравство Имер Селмани, досега во Македонија никој не починал поради топлото време, а во последните денови горештините усмртија над 30 луѓе на Балканот Температурите во Скопје и во Македонија ќе почнат да опаѓаат кон крајот на неделава.

Се зајакнува здравствената заштита- вонредна состојба нема ќе се поставуваат пунктови за разладување

Канал5 - 25.06.2007

Министерството за здравство ќе ја зајакнува здравствената заштита на граѓаните само доколку температурата континуирано во текот на три дена се задржи на 41 степен- во населбите ќе бидат постaвeни пункотови за разладување и лекарски екипи за укажување на прва помош–во овој момент според ...

Температурите во Турција од утре се зголемуваат за пет степени поради врел воздух од Африка

Канал5 - 25.06.2007

Од утре Турција ќе биде зафатена со бран врел воздух, кој доаѓа од Африка, а неговото влијание ќе се почувствува уште денеска, информира електронското издание на весникот „Хуриет“. Анкара, 25 јуни (МИА) - Од утре Турција ќе биде зафатена со бран врел воздух, кој доаѓа од Африка, а неговото влијание ...

Повисоко ниво на тревога заради високите температури во 29 окрузи во Романија

Канал5 - 25.06.2007

Поради високите температури во 29 окрузи во Романија се уште е во сила состојбата на повисоко ниво на тревога. Букурешт, 25 јуни (МИА) - Поради високите температури во 29 окрузи во Романија се уште е во сила состојбата на повисоко ниво на тревога.

Над 30 жртви на жештините

Вечер Прес - 25.06.2007

Рекордно високите температури во последните неколку дена усмртија над 30 луѓе на Балканот, јави бугарската агенција БТА. Дваесет и две лица починаа од високите температури во Романија, кои викендот достигнаа 38 степени Целзиусови, пренесува МИА.