TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Русија депортира Грузијци

Дневник - 07.10.2006

Руските имиграциски власти вчера депортираа околу 140 илегални грузиски емигранти, јави Ројтерс. Потегот на Москва е дел од санкциите кои Кремљ ги спроведува кон Тбилиси откако Грузија обвини четворица руски офицери за шпионажа.

Русија депортира Грузијци со авион

Утрински - 07.10.2006

МОСКВА - Русија депортира Грузијци со авион среде дипломатскиот спор што беше предизвикан по неодамнешното апсење на четворица наводни руски шпиони од страна на Грузија. Грузијците - најмалку 130, биле собрани во полициски рации и обвинети за имиграциски прекршувања", изјавија претставници на ...

Русија депортира Грузијци

Време - 07.10.2006

ТЕНЗИИ МЕЃУ МОСКВА И ТБИЛИСИ Руските власти почнале да депортираат грузиски државјани од своја територија и почнале да прават списоци на деца во училиштата чии имиња звучат грузиски. Списокот на деца им бил потребен на властите за да ги најдат и протераат нивните родители.

Русија депортира 200 Грузијци

Вест - 07.10.2006

МОСКВА, 7 октомври (Ројтерс) - Русија вчера депортираше еден авион со Грузијци обвинети за имиграциски прекршоци, што претставува најнова реакција на Москва наменета да го потчини својот мал јужен сосед. Грузија ја изреволтира Москва со апсењето на четворицата руски армиски офицери минатата недела ...

НАТО се надева дека Русија ќе ги укине санкциите за Грузија

Макфакс - 07.10.2006

Москва Главниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер изрази надеж дека Русија ќе ги укине наметнатите санкции за Грузија. „Важно е двете страни да покажат воздржаност, умереност и смирување на насилствата“, изјави Де Хоп Шефер, при вчерашната посета на Москва.

Србија не продава оружје со кое може да се убиваат Руси

Време - 06.10.2006

ЌЕ ПРОПАДНЕ ЗДЕЛКА СО ЕРМЕНИЈА И СО ГРУЗИЈА Министерството за надворешни работи на Србија е против извозот на српско оружје во Грузија и во Ерменија, затоа што овие две кавкаски републики би можеле да се судрат со Русија и српското оружје да биде употребено против руската војска, јави белградското ...

Путин потпиша закон за воен транспорт преку Грузија

Макфакс - 06.10.2006

Москва Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша федералниот закон за ратификација на договорот меѓу Русија и Грузија, со кој се регулира организацијата на транзитот на руските војници и воениот товар преку грузиска територија.

Русија протера 200 Грузијци

Макфакс - 06.10.2006

Тбилиси Русија протера близу 200 грузијски државјани кои денеска треба да пристигнат во Тбилиси, соопшти Министерството за надворешни работи на Грузија. “На аеродромот во Тбилиси попладнево ќе слета авион со околу 200 Грузијци.

Порака од Путин до Грузија: Немојте да ја провоцирате Русија

Утрински - 05.10.2006

Грузија се заканува со вето да го спречи влегувањето на Русија во Светската трговска организација МОСКВА - Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја предупреди Грузија да не ја провоцира или уценува Русија, бидејќи Москва ги игнорира меѓународните повици да ги повлече економските санкции врз ...

Путин: Грузија да не уценува

Вест - 05.10.2006

МОСКВА, 5 октомври (Ројтерс) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја предупреди Грузија да не ја провоцира или да ја уценува Русија, додека Москва ги игнорира меѓународните апели да ги укине економските санкции против својот јужен сосед.

„Газпром“ двојно ќе ја зголеми цената за испорака на гас во Грузија

Макфакс - 05.10.2006

Тбилиси Рускиот енергетски гигант „Газпром“ се подготвува наскоро двојно да ја зголеми цената за испорака на гас во Грузија, јавија западните агенции. Идната цена на гас за Грузија ќе изнесува помеѓу 170 и 250 долари за 1.000 кубни метри, наместо досегашните 110, соопшти најголемиот увозник на ...

„Газпром“ демантира околу цената за испорака на гас во Грузија

Макфакс - 05.10.2006

Москва Рускиот енергетски гигант „Газпром“ попладнево ја демантираше веста дека се подготвува двојно да ја зголеми цената за испорака на гас во Грузија. Претходно, некои западни медиуми го цитираа претседателот на грузиската компанија “Енерџи инвест“, Гено Малазонија, дека руски „Газпром“ наскоро ...

Путин: Никој не може да разговара со Русија со уцени и провокации

А1 - 04.10.2006

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека никој, па дури ни Грузија, не можат да разговараат со Русија со јазик на уцени и провокации. „Никому не би советувал да разговара со Русија со јазикот на провокации и уцени.

Русија нема да ги симне санкциите за Грузија

Вест - 04.10.2006

МОСКВА, 4 октомври (Ројтерс) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера негираше дека има шанси во скоро време да се тргнат руските санкции против Грузија. На прашањето на прес конференција дали очекува скоро да бидат тргнати санкциите за воздушен, копнен и морски сообраќај и ...

Лавров: Односите Грузија-Русија ќе зависат од Грузија

Макфакс - 04.10.2006

Москва Перспективата на нарушените односи меѓу Грузија и Русија во целост ќе зависи од натамошните постапки на режимот на Михаел Саакашвили. Ова денеска го порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонски разговор со актуелниот претседавач со ОБСЕ Карл де Гихт.

Путин-Никој не смее да разговара со Русија со јазик на провокации и у�

Макфакс - 04.10.2006

Москва Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека никој, па дури ни Грузија, не можат да разговараат со Русија со јазик на уцени и провокации. „Никому не би советувал да разговара со Русија со јазикот на провокации и уцени.

Русија поостра со Грузија

Вечер Прес - 04.10.2006

Русија воведе широки санкции против Грузија, и покрај тоа што четворицата руски офицери кои беа уапсени под обвинение за шпионажа вчера беа ослободени и, со посредство на ОБСЕ, вратени во Москва, јавува БиБиСи. Сите сообраќајни и поштенски врски се прекинати, а попречени се и банкарските трансфери.

Грузија ќе побара компензација од Русија

А1 - 03.10.2006

Грузискиот министер за економски развој Иракли Чоговадзе изјави дека неговата земја ќе побара од Русија да и исплати компензација, поради економските санкции, што Москва ги воведе како одговор на апсењето на четири руски воени офицери во Грузија под обвинение дека вршеле шпионажа.

Грузија ги ослободи руските офицери

Дневник - 03.10.2006

Грузија вчера ги ослободи четворицата руски офицери обвинети за шпионажа и му ги предаде на ОБСЕ, за да ги смири тензиите со големиот сосед. Кабинетот на претседателот Махаил Саакашвили соопшти дека офицерите му биле предадени на шефот на ОБСЕ Карел де Гухт, кој вчера допатува во Тбилиси.

Грузија ги предаде руските "шпиони" на ОБСЕ

Вест - 03.10.2006

ТБИЛИСИ, 3 октомври (Ројтерс) - Грузија вчера на меѓународните медијатори да им ги предаде четворицата руски армиски офицери чие апсење минатата недела поради шпионажа предизвика криза меѓу двете поранешни советски држави. "Се постигна парламентарен договор да и се предадат обвинетите граѓани од ...

Москва воведува целосна транспортна блокада на Грузија

Утрински - 03.10.2006

Четворицата руски воени офицери уапсени за шпионажа Грузија им ги предаде на европски медијатори ТБИЛИСИ - Грузија, која се обидува да ја надмине најтешката криза со Русија во последните неколку години, вчера соопшти дека четворицата руски воени офицери уапсени под обвиненија за шпионажа ќе ги ...

Русија и се закани на Грузија

Време - 03.10.2006

КРИЗА НА КАВКАЗОТ Односите меѓу Русија и Грузија вчера продолжија да се влошуваат, при што Русите ги прекинаа сите воздушни, морски и копнени врски со Русија. Москва се реши на ваков чекор иако Грузија, чии безбедносни служби уапсија четворица руски шпиони, најави дека ќе и ги предаде уапсените ...

Русија воено ќе се вмеша ако Грузија нападне во Абхазија и Осетија

Макфакс - 03.10.2006

Москва Русија соопшти дека воено ќе се вмеша доколку Грузија изврши напад врз руските мировни сили во сепаратистичките покраини Абхазија и Јужна Осетија. Ова денеска го изјави командантот на руското воено воздухопловство, генерал Владимир Михаилов, запрашан за коментар за изјавата на министерот за ...

Русија нема намера да го укине ембаргото за Грузија

Макфакс - 03.10.2006

Москва Русија засега нема намера да го укине ембаргото кон Грузија, изјави денеска на прес конференција рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. „Целта на мерките на ограничувањето на трговијата и поштенските врски е прекин на дотокот на илегални пари од Русија во Грузија“, рече Лавров.

Русија го ратификуваше договорот за повлекување на базите од Грузија

Макфакс - 03.10.2006

Москва Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на федерацијата, денеска го ратификуваше договорот за затворање на руските воени бази во Грузија. Договорот меѓу Москва и Тбилиси, потпишан во март годинава, предвидува процесот на повлекување на руските војници од Грузија да заврши до крајот на 2008 ...

Грузија не сака заострување на односите со Москва

Макфакс - 03.10.2006

Тбилиси Враќањето во татковината на задржаните руски офицери покажува, дека Грузија е за мирно решавање на ситуацијата, а не за заострување, изјави претседателот на грузискиот парламент Нино Бурджанадзе. „Раководството на Грузија е подготвено да направи такви чекори, кои се насочени не кон ...

Руските шпиони - на ОБСЕ

Вечер Прес - 03.10.2006

Русија ги прекина транспортните и поштенските врски со Грузија, пренесува МИА. Ова е првата мерка што Москва ја презема против Тбилиси, по информацијата дека Грузија на ОБСЕ и ги предаде четворицата руски офицери, задржани под обвинение за шпионажа.

Грузија ги предаде четворицата руски офицери

А1 - 02.10.2006

Грузија попушти. Четворицата руски офицери, кои беа уапсени под обвинение за шпионажа, попладнево му беа предадени на претседавачот со ОБСЕ, шефот на белгиската дипломатија Карл де Хунт. И покрај тоа, Москва реши да воведе целосна блокада на воздушните, копнените и железничките врски со Грузија.

Русија не исклучува воена операција против Грузија

А1 - 02.10.2006

Руските власти се заканија со воена акција, доколку Грузија и понатаму продолжи со провокациите. Москва ги прекина сите врски со Грузија. А продолжуваат и со повлекувањето на своите државјани од таа земја. На ваквите закани властите во Тбилиси најавија предавање на руските офицери на преставниците ...

Грузија ги предава руските офицери обвинети за шпионажа на ОБСЕ

Канал5 - 02.10.2006

Грузија денеска ќе ги предаде на ОБСЕ четворицата руски офицери обвинети за шпионажа, јави АФП повикувајќи се на извор од Кабинетот на грузискиот претседател. Тбилиси, 2 октомври (МИА) - Грузија денеска ќе ги предаде на ОБСЕ четворицата руски офицери обвинети за шпионажа, јави АФП повикувајќи се на ...

Грузија се однесува како „џелатот на Сталин“

Дневник - 02.10.2006

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го обвини раководството во Грузија дека се однесува како шефот на тајната полиција на советскиот диктатор Јозеф Сталин, роден токму во Грузија. - Апсењето на четворицата руски офицери во Грузија, под обвинение за шпионажа, е знак на политичкото наследство од ...

Две „седумки“ за Македонија

Дневник - 02.10.2006

Младинската женска фудбалска репрезентација на Македонија, вчера доцна попладне во последниот меч од квалификациската група за ЕП, против Грузија имаше можност да го заврши турнирот, што се игра во Струмица и Турново, како третопласирана.

Грузија го обвини Путин дека ги поддржува сепаратистите

Утрински - 02.10.2006

Грузиските власти соопштија дека Путин во саботата се сретнал со лидерите на Абхазија и на Јужна Осетија ТБИЛИСИ - Грузија вчера ја затегна тензијата во шпионскиот спор со Русија, обвинувајќи го претседателот Владимир Путин дека тајно се состанал со лидерите на грузиските сепаратисти и ја поддржал ...

Грузија го обвини Путин дека ги поддржува грузиските сепаратисти

Вест - 02.10.2006

ТБИЛИСИ, 2 октомври (Ројтерс) - Грузија вчера ја покачи температурата во шпионската препирка со Русија, обвинувајќи го претседателот Владимир Путин дека тајно се состанал со грузиските сепаратистички лидери и ја поддржува нивната цел.

Руските офицери ќе се вратат во Москва, тврди ОБСЕ

Канал5 - 02.10.2006

Четворицата руски воени офицери обвинети од Грузија за шпионажа, ќе бидат вратени во Москва, изјави портпарол на Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ). Тбилиси, 2 октомври (МИА) - Четворицата руски воени офицери обвинети од Грузија за шпионажа, ќе бидат вратени во Москва, изјави ...

Путин - Продолжува повлекувањето на руските војници од Грузија

Макфакс - 02.10.2006

Москва Претседателот на Русија Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да продолжи со претходно планираното повлекување на руските сили од Грузија. Наредбата доаѓа и покрај апсењето на четворицата офицери кои властите во Тбилиси ги сомничат за шпионажа, соопшти портпаролот на Путин, ...

Апел до Русија и Грузија за дипломатско решавање на конфликтот

Макфакс - 02.10.2006

Лвов Русија и Грузија да го решат меѓусебниот конфликт околу „шпионите“ по дипломатски пат апелираше шефот на украинската држава Виктор Јушченко. Тој, како што јавуваат агенциите, изрази и подготвеност Украина да посредува во преговорите меѓу Русија и Грузија.

Грузија ги предаде руските офицери на ОБСЕ

Макфакс - 02.10.2006

Тбилиси Грузија ги ослободи четворицата руски офицери уапсени и обвинети за шпионажа, со што се очекува мало стивнување на тензиите. Руските офицери со авион на руските оружени сили доцна попладнето веќе го напуштија Тбилиси и од меѓународниот аеродром одлетаа за Москва.

Грузија ќе ги предаде руските офицери на ОБСЕ

Макфакс - 02.10.2006

Тбилиси Грузија четворицата руски офицери, уапсени и обвинети за шпионажа, денеска ќе ги предаде во надлежност на ОБСЕ. Претседавачот со ОБСЕ, белгискиот министер за надворешни работи Карл де Хухт би требало денеска да допатува во Тбилиси, каде ќе се состане со грузискиот претседател Михаил ...

Русија не исклучува воена операција против Грузија

Макфакс - 02.10.2006

Москва Русија во најскоро време би можела да започне воена операција против Грузија, изјави неименуван извор во руското Министерство за одбрана. Истиот извор, цитиран денеска од московскиот весник “Комерсант“, наведе дека “сите дипломатски чекори, што се користат во слични ситуации, се исцрпени“.