Загреб Преговорите за Косово би можеле да продолжат и во 2007 година. Ова го изјави Генералниот секретар на Обединетите Нации(ОН) Кофи Анан, во интервју за денешното издание на хрватскиот весник „Вјести“. „Предлогот за Косово треба да се претстави во вистинско време, бидејќи тоа е клуч за решавање ...
Брисел Условна независност или ограничен суверенитет како решение за Косово, се двете страни на „поделба“ во рамки на Европската унија (ЕУ), кои се појавија по вчерашниот извештај на финскиот преговарач Марти Ахтисари. Ова денеска оценува британскиот сервис Би-Би-Си, потсетувајќи дека Ахтисари, по ...
Се смета дека ваквото решение ќе биде објавено откако ќе поминат вонредните избори во Србија. Косово ќе има "ограничена независност", нешто слично како во Босна, затоа што ќе постои и меѓународен цивилен претставник што ќе има многу големи овластувања, пренесува МИА.
Лондон Косово еднострано ќе прогласи независност, откако Советот за безбедност ќе усвои нова резолуција во која зборот независност нема да биде спомнат. Ова сценарио го предвидува угледниот британски неделник „Економист“ во опширна анализа за состојбата на Балканот во контекст на утврдувањето на ...
Белград/Приштина Белград и Приштина, кон крајот на јануари, ќе ја добијат одлуката од финскиот преговарач Марти Ахтисари за статусот на Косово, најави синоќа американскиот претставник за Косово Френк Визнер. “Повеќе нема да има одложување на решението за статусот, и Ахтисари, веднаш по изборите во ...
Брисел Претставникот на Обединетите нации (ОН) Марти Ахтисари, денеска во Брисел ќе се сретне со шефовите на дипломатија на државите-членки на Европската унија (ЕУ) во врска со предлог статусот за Косово. Според најавите, на средбата ќе се разговара околу главните точки за предлог статусот за ...
Приштина/Скопје Македонија и УНМИК се согласни околу прашањето за демаркацијата на границата, додека Приштина има спротивен став. Ова се заклучува од денешните извештаи на македонските и косовските медиуми за посетата на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски на Косово.
Приштина Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски денеска престојува во еднодневна посета на Косово, соопшти неговиот Кабинет. Според агендата, шефот на македонската дипломатија ќе оствари одделни средби со косовскиот премиер Агим Чеку, како и со главниот заменик на ...
Приштина/Виена Главниот претставник на Обединетите нации (ООН) за статусот на Косово Марти Ахтисари, денеска во Виена, ги продолжува разговорите за идниот косовски статус. Ахтисари, вчера, го запознал генералниот секретар на ОН Кофи Анан со предлогот за решавање на статусот на Косово.
Брисел Високите претставници на Европската Унија (ЕУ) Хавиер Солана и Оли Рен, ја подржаа одлуката за одложување на решението за статусот на Косово. Солана „поволно ја прифати“ одлуката на специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово, Марти Ахтисари, за одложување на решението за статусот ...
Виена Обединетите нации (ООН) треба да ја одложат одлуката за идниот статус на српската покраина Косово - изјави денеска во Виена посредникот во преговорите Марти Ахтисари. ООН нема да донесат решение за Косово до крајот на годинава, како што претходно се планираше, изјави Ахтисари.
Тирана Резолуција за Косово во која се наведува дека завршниот статус на Косово треба да биде независност, донесе синоќа албанското Собрание, јави дописникот на Макфакс. „Завршниот статус треба да претпостави исполнување на аспирациите и волјата на граѓаните на Косово за една независна, ...
Приштина Косовскиот преговарачки тим изрази жалење поради одлуката за одложување на решението за Косово, пренесуваат локалните медиуми. Косовските претставници на денешниот состанок во Приштина, на кој учествувал и шефот на канцеларијата на Соединетите Американски Држави (САД), Тина Кајдану ...
Приштина Главниот меѓународен преговарач за статусот на Косово Марти Ахтисари, во февруари идната година ќе го претстави својот конечен предлог за статусот на покраината. Ова денеска за приштинскиот весник „Зери“, го изјави портпаролката на тимот на Ахтисари, Хуа Јианг.
Специјалниот пратеник на ОН за преговорите за Косово, Марти Ахтисари треба да го одложи објавувањето на планот за идниот статус на покраината за по изборите во Србија, доколку тие се одржат годинава, изјави вчера во Мадрид, Хавиер Солана.