TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На барањето да падне, Хари Костов распали

Дневник - 27.06.2003

СОБРАНИЕ на РМ Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни работи Хари Костов, поради "секојдневните убиства и бомбашки напади во земјава", но и поради неговиот некоректен однос кон "лавовите", кон резервистите и кон роднините на загинатите бранители.

ВМРО-ДПМНЕ му објави "војна" на Хари Костов

Утрински - 27.06.2003

Драматична кавга меѓу министерот за полиција и опозицијата Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера му објави "војна" на министерот Хари Костов. До напнатата ситуација дојде на собраниската седница за пратенички прашања, кога на прашање од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за приведувањето на полицискиот генерал Горан ...

Хари Костов нема намера да даде оставка

А1 - 26.06.2003

„Немам намера да дадам оставка на функцијата која ја извршувам, но на пратениците не им го оспорувам правото да покренат интерпелација пред Собранието доколку сметаат дека таа е оправдана“, изјави министерот Хари Костов, одговарајќи на пратенички прашања на денешната собраниска седница.

Реформите станаа "лет во место"

Дневник - 26.06.2003

Коментар - Бранко Ѓорѓевски МВР и Владата попуштија и по двонеделниот штрајк со глад на 170 припадници на "лавовите" ветија дека ќе ги вработуваат на испразнетите места во безбедносните структури. Но, изгледа дека во овој момент беше најважно да заврши нивната агонија.

Министерот Костов ќе ги вработи штрајкувачите само ако некој "лав" се откаже од работа

Дневник - 26.06.2003

ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ СО ГЛАД ПРЕД МВР Претставниците на единицата за брзи интервенции "Лавови" постигнале договор околу нивното вработување на завчерашната средба со министерот за внатрешни работи Хари Костов, по што го прекинале штрајкот со глад пред зградата на МВР.

Костов се сретна со "лавовите"

Дневник - 25.06.2003

штраЈк пред министерството за внатрешни работи Министерот за внатрешни работи Хари Костов вчера доцна попладне се сретнал со претставници на припадници на единицата за брзи интервенции "Лавови" кои веќе половина месец штрајкуваат со глад пред зградата на МВР.

Одвоени средби на "лавовите" со Трајковски и со Костов

Утрински - 25.06.2003

На тринаесеттиот ден од штрајкот со глад пред МВР Претставници на 170-те поранешни припадници на Единицата за брзи интервенции "Лавови" на 13. ден од штрајкот со глад пред МВР имаа одвоени средби со претседателот на државата, Борис Трајковски, и со министерот за внатрешни работи, Хари Костов.

Единицата „Лавови“ го прекинаа штрајкот со глад

А1 - 24.06.2003

„Штрајкот со глад го прекинавме поради напредокот во разговорите за нашето вработување“ изјави Биљана Николовска, поранешна припадничка на лавовите. По денешните тричасовни разговори помеѓу штрајкувачите и раководните луѓе на МВР меѓу кои и министерот Хари Костов.

Нема вработување за "лавовите"

Дневник - 24.06.2003

МИНИСТЕРОТ КОСТОВ КАТЕГОРИЧЕН "Лавовите" кои штрајкуваат со глад пред зградата на МВР нема да бидат вработени бидејќи во преговорите меѓу претставниците на единицата и власта, не било предвидено такво нешто. Ова го изнесе министерот за внатрешни работи Хари Костов на вчерашната прес-конференција и ...

Полицијата не уапсила бранител - туку криминалец

Дневник - 24.06.2003

МВР ЗА АПСЕЊЕТО НА стоЈков МВР ги отфрли обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека апсењето на поранешниот командант на "лавовите" Горан Стојков е политички мотивиран процес и "уште едно понижување кон бранителите". Не сакајќи да го именува Стојков поради правото на презумпција, министерот Хари ...

Во МВР нема повеќе вработување за "лавовите"

Утрински - 24.06.2003

Според Хари Костов, министер за внатрешни работи Во Министерството за внатрешни работи немало повеќе да се примаат на работа експрипадници на веќе расформираната единица за брза интервенција "Лавови". Ваквиот став на Министерството вчера министерот Хари Костов го образложи со фактот дека, согласно ...

Горан Стојков го оштетил МВР над 28 милиони денари

А1 - 23.06.2003

Поранешниот генерал на „Лавовите“ Горан Стојков е осомничен бидејќи со други три лица успеал преку фиктивни документи за набавка на муниција да ја оштети касата на МВР за 28 милиони денари, тврди министерот за внатрешни работи Хари Костов.

ВМРО-ДПМНЕ: Генерал Стојков е жртва на политички монтиран процес

Вест - 23.06.2003

ПО ПРИТВОРАЊЕТО НА ПОРАНЕШНИОТ КОМАНДАНТ НА "ЛАВОВИТЕ" Се праќа загрижувачка и страшна порака до идните генерации дека оној што си ги брани татковината и домот е непожелен и ќе биде казнет, а оној кој дезертирал или убивал бранители ќе биде награден, предупреди ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за монтирање политички процеси

Утрински - 23.06.2003

Опозицијата со остра осуда за апсењето на полицискиот генерал Горан Стојков Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Ганка Самоиловска-Цветанова, вчера упати остра осуда по повод апсењето на полицискиот генерал Горан Стојков. "Генерал Горан Стојков е човек со особени заслуги и придонес за Македонија", рече ...