TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ССМ ја обвинува Владата за погрешен одговор во прашалникот

Утрински - 19.02.2005

Реакција на Синдикатот за владиниот одговор за К-15 Владата дала погрешен одговор во европрашалникот, во поглавјето за економските критериуми, реагираат во ССМ. Таму стои дека во текот на преговорите со Синдикатот се предложило правото за регресот за годишен одмор, за исхрана и за испратнина при ...

Владата го измами Брисел

Време - 19.02.2005

ССМ Сојузот на синдикатите на Македонија вчера го демантира одговорот на Владата во европрашалникот дека вработените во владините органи покрај правото на плата имаат право и на регрес на годишен одмор, јавува МИА. - Поради ограничените можности при планирање на буџетот, регресот за годишен одмор ...

ССМ нема да прифати укинување на хранарината и превозот

А1 - 18.02.2005

Синдикатот нема да прифати укинување на хранарината, превозот, К-15 и дневниците за службени патувања. Ова е одговорот на ССМ, откако пред три дена беше објавена информацијата дека Владата има намера да ги укине овие надоместоци.

Владата е против хранарина и превоз за буџетарите

Дневник - 18.02.2005

НА МАСА И ПРАВАТА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА Во Владата признаваат дека размислуваат за укинување на хранарината, превозот, К-15 и други права од плата на над 50.000 буџетари, идеја што е спомената и во дел од одговорите на европрашалникот. - Нема ништо спорно во тој дел од прашалникот.

ССМ утре ќе каже што мисли за кратењето на хранарината и превозот

А1 - 17.02.2005

Синдикатот дури утре ќе каже што мисли за одговорот на владата во европрашалникот дека на буџетарите планира да им ги укине хранарината, превозот, к-15 и дневниците за службени патувања. Без коментар се и синдикатите, чии членови ќе бидат најпогодени од овие кратења, на образованието, одбраната и ...

ССМ знаел за намерата за кратење на хранарината и превозот

А1 - 16.02.2005

Синдикатот денеска призна дека знаел за намерата на Владата да ги скрати надоместоците за храна, за превоз, К-15, дневниците за службени патувања и сите други кои сега вработените во буџетските институции ги добиваат дополнително од нето платата, но јавно не се спротивставиле на ова.

Се укинува превозот за буџетарите

Дневник - 16.02.2005

ВЛАДАТА ПРВО ГО ИНФОРМИРА БРИСЕЛ Пред да им каже на македонските буџетари, Владата го информира Брисел дека ќе ги кастри сите права од нивните плати. Во одговорите од европрашалникот пишува дека Владата планира државниот буџет да го ослободи од обврските за хранарина, превоз, К-15, испратнини при ...

Владата ќе ги скрати хранарината и превозот на буџетарите

А1 - 15.02.2005

Владата планира да ги укине надоместоците за храна, за превоз, к-15, дневниците за службени патувања и сите други кои сега вработените во буџетските институции ги добиваат дополнително од нето платата. Поконкретно, во евро прашалникот, за утврдување на платите и вработувањата во владините ...