TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обвинителот бара уште докази за смртта на Наташа

Време - 15.01.2005

НА РАСПИТ ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР Директорот на Клиничкиот центар, Андреја Арсовски, кој вчера се очекуваше да се сретне со јавен обвинител, ќе треба да ја предаде комплетната медицинска документација за лекувањето на загинатата Наташа Кметовска.

Ќе се поведе истрага за смртта на Кметовска

Вест - 15.01.2005

ИДНАТА НЕДЕЛА Скопското јавно обвинителство наредната недела, најверојатно, ќе побара да се отвори истрага за смртта на Наташа Кметовска. Неофицијално дознаваме дека јавниот обвинител Стрејо Зиков в среда или четврток ќе поднесе писмено барање до Основниот суд Скопје 1.

И куќата ќе ја продадеме за да ја дознаеме вистината

Дневник - 15.01.2005

РОДИТЕЛИТЕ НА КМЕТОВСКА КАТЕГОРИЧНИ Ако треба и куќата ќе ја продадеме за да дознаеме кој е виновен за смртта на нашата ќерка, изјави вчера Славица Кметовска, мајка на трагично починатата Наташа. Адвокатот на семејството, Зоран Георгиевски, по анализата на обдукцискиот наод смета дека станува збор ...

Кој ја уби Наташа?

Дневник - 15.01.2005

павле траЈанов Трагедијата се случи во ресорот со кој тој раководи и бидејќи се работи за негрижа или лекарска грешка, тој ја отфрли сопствената одговорност, но во согласност со внатрепартиските преместувања, смени двајца директори, обидувајќи се самиот да се спаси За време на новогодишната ...

Обдукцијата упатува на лекарска негрижа?!

Вечер Прес - 15.01.2005

"Смртта на деветнаесетгодишната Наташа Кметовска која и подлегна на повредата што ја задоби на новогодишната прослава на плоштадот Македонија е лекарска негрижа", изјави за "Вечер" адвокатот на семејството Кметовски, Зоран Георгиевски.

Основното јавно обвинителство до вторник ќе покрене истрага за Кметовска

А1 - 14.01.2005

Скопското Јавно обвинителство денеска ги собра сите документи во врска со убиството на Наташа Кметовска и се очекува во почетокот на идната недела да одлучи дали ќе побара да се спроведе истрага и против кого, потврди за А1 обвинителот Стерјо Зиков.

Обвинителството бара средба со Арсовски за случајот Кметовска

А1 - 14.01.2005

Директорот на Клинички центар Андреја Арсовски денеска ќе се сретне со претставници на скопското Јавно обвинителство, со кои треба да има информативен разговор во врска со случајот со смртта на Наташа Кметовска, која беше повредена на плоштадот Македонија на новогодишната ноќ.

Обдукцијата покажа пропуст во лекувањето на Кметовска

Дневник - 14.01.2005

СПОРЕД АДВОКАТОТ Со обдукцискиот наод целосно се потврдија информациите дека имало пропусти во лекувањето на Наташа Кметовска, изјави вчера адвокатот Зоран Георгиевски, кој го видел извештајот. Смртта на Наташа Кметовска била директна последица на воспалението на стомачната кошулка поради излив од ...

Случајот Кметовска се развлекува

Вест - 14.01.2005

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НИКАКО ДА СТИГНЕ ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Во бирократскиот лавиринт документите на 19- годинашната Наташа Кметовска погодена од заскитан куршум, која почина по два дена од приемот на Клиниката за торакална хирургија со дијагноза лесни телесни по Обдукцискиот наод на Наташа ...

Скопското јавно обвинителство ја доби комплетната документација за Наташа Kметовска и од понеделник најверојатно ќе ...

Канал5 - 14.01.2005

Скопското јавно обвинителство ја доби комплетната документација за Наташа Kметовска и од понеделник најверојатно ќе почне со итражна постапка Извештајот изработен од крим техниката на МВР, хистопатолошкиот наод од судска медицина и документацијата Скопското јавно обвинителство ја доби комплетната ...

Обдукцијата ја потврди грешката на лекарите

Време - 14.01.2005

СЛУЧАЈ „НАТАША КМЕТОВСКА“ Обдукцискиот наод ги потврди нашите претпоставки дека Наташа Кметовска починала поради грешка на лекарите, изјави вчера Зоран Георгиевски, адвокат на родителите на Наташа, откако го видел обдукцискиот наод за нејзината смрт. - Сите мои претпоставки се потврдија.

Адвокатот на Кметовски бара реконструкција од странски експерти

А1 - 13.01.2005

Адвокатот на семејството Кметовски ќе бара странски експерти да извршат реконструкција на убиството на 19 годишната Наташа бидејќи не им верува на балистичките наоди од МВР. „А посебно ќе предложам да се повика г-дин Владо Милинелиќ кој е експерт по криминалистика и мислам дека ќе ја утврди правата ...

Обвинителството ќе ангажира независни вештаци

Вест - 13.01.2005

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА ОСОМНИЧЕН ЗА СЛУЧАЈОТ КМЕТОВСКА Независните вештаци треба да проценат дали лекарите што ја лекувале 19-годишната Наташа Кметовска, која почина два дена по приемот во клиничката болница, ја запазиле процедурата што требало да се примени з На почетокот на идната ...

Скопското јавно обвинителство го комплетираше материјалот за случајот Наташа Кметовска.

Канал5 - 13.01.2005

Како што информираа, во обвинителството пристигнал комплетно медицинскиот материјал од Клиниката за торакална хирургија, извештајот изработен од експерти за крим техника на МВР и последниот хистопатолошкиот наод од Институтот за судска медицина од кој точ Како што информираа, во обвинителството ...

Една сестра им велела на лекарите дека Наташа е повредена од куршум

Време - 13.01.2005

УШТЕ ЕДЕН СВЕДОК ЗА ЛЕКАРСКАТА ГРЕШКА Катерина Нешкова <> Покрај мајката на Наташа Кметовска и пријателите што ја однеле во Ургентниот центар, и еден од вработените во Клиниката за хирургија ќе сведочи дека лекарите несовесно ја лекувале девојката.

Одговорноста мора да тргне од Плоштад

Дневник - 13.01.2005

АДВОКАТОТ НА СЕМЕЈСТВОТО КМЕТОВСКИ ТВРДИ Одговорноста за смртта на Наташа Кметовска почнува од лошата организација на новогодишната прослава од страна на Градот и на градоначалникот Пенов и завршува кај двајца лекари, изјави вчера адвокатот Зоран Георгиевски, ангажиран од семејството Кметовски.

Ќе се чекаат наодите на истрагата

Вечер Прес - 13.01.2005

Клиничкиот центар ќе ги чека резултатите на истражните органи кај кои е предметот во врска со смртта на 19-годишната Наташа Кметовска, која беше повредена на новогодишната ноќ на плоштадот "Македонија" во Скопје, изјави вчера новиот директор на оваа установа, д-р Андреја Арсовски.

Клиничкиот центар ги чека резултатите од истражните органи

А1 - 12.01.2005

Се додека не бидат познати резултатите од истрагата, ниту Клиничкиот центар, ниту специјалната комисија, формирана за случајот Кметовска, нема да преземаат никакви мерки за расветлување на случајот. „Немаме елементи да адхок правиме некоја дисциплинска комисија, поготово не од прегледи на мојата ...

Третиот пат: Смртта на Кметовска се користи за политички пресметки

А1 - 12.01.2005

Колицијата „Третитот пат“ оценува дека смртта на 19-годишната Наташа Кметовска се користи за политичка пресметка и внатрешни кадровски преместувања на партиите од власта. „Одговорноста на лекарите треба да ја утврдат надлежните државни институции.

Обдукцијата го виде куршумот што не го виделе лекарите

Време - 12.01.2005

СУДСКА МЕДИЦИНА ЈА ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА Катерина Нешкова Таткото на трагичнопочинатата Наташа Кметовска вчера не успеа да го добие обдукцискиот наод за причината за смртта на својата ќерка, откако Институтот за судска медицина се оправда дека нема обврска да му го достави, а истражната судијка Бојана ...

За Кметовска ќе одговара барем еден лекар?

Утрински - 12.01.2005

Скопското Обвинителство почна со прибирање на доказниот материјал за смртта на 19-годишната скопјанка На службениот документ за дијагнозата на повредената Наташа Кметовска, наводно, било допишано: огнострелна рана. МВР ја предаде документација за Наташа Кметовска до обвинителите, се очекува тоа да ...

Скопското јавно обвинителство се уште не побарало истрага за смртта на младата Наташа Кметовска затоа што ги нема ...

Канал5 - 12.01.2005

Скопскиот обвинител Стерјо Зиков денеска за Канал 5 изјави дека ги добиле извештаите од полицијата и од Клиниката за торакална хирургија, но дека се уште го чекаат хистопатолошки наод од Институтот за судска медицина.. ,,Ќе го добиеме во текот на денов ил Скопскиот обвинител Стерјо Зиков денеска за ...

Случајот Кметовска денес кај обвинителот

Вест - 12.01.2005

СКАНДАЛ ДЕСЕТ ДЕНА ОД СМРТТА НА 19-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА НЕМА КОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА Јавното обвинителство по службена должност треба да покрене истрага за смртта на Наташа Кметовска и доколку процени дека има основа за кривично гонење покренува постапка, во која се вклучува истражен судија Институтот ...

Куршумот отпосле го пукнале во извештајот за Наташа?!

Дневник - 12.01.2005

НОВА МИСТЕРИЈА ЗА СМРТТА НА КМЕТОВСКА Уште првиот ден го видов записникот, кој стоеше на пултот и беше читко напишан, вели Тихо Кметовски, таткото на Наташа Семејството на трагично загинатата Наташа Кметовска е во дилема дали е фалсификуван болничкиот извештај со допишување друга дијагноза за ...

Секој испукан куршум мора некаде да заврши

Време - 12.01.2005

БАЛИСТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Оружјето од кое загина Наташа Кметовска е најраспространето на Балканот, може да го поседува секој, а потрагата по него и по лицето што пукаше на Нова година може да заврши утре или да трае со години, велат од одделот за балистички испитувања при Министерството за ...

Судска медицина утре ќе го достави наодот за смртта на Наташа

А1 - 11.01.2005

Истрагата за смртта на Наташа Кметовска се пресели во Институтот за судска медицина, каде утрово судијката Бојана Давидовиќ се договорила со судските вештаци - утре во писмена форма да и го достават обдукциониот наод. Судијката, трета по ред за овој случај, денеска ги избегнува новинарите.

Лекарите ја убија нашата ќерка

Време - 11.01.2005

РОДИТЕЛИТЕ НА НАТАША КМЕТОВСКА РЕВОЛТИРАНИ Огнен Чанчаревиќ <> Двете оставки на клучните директори од клиничкиот центар не се никаква утеха за семејството Кметовски, кое е завиено во тага и болка по смртта на нивната деветнаесетгодишна Наташа.

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД ЗА СМРТТА НА НАТАША КМЕТОВСКА ОД ДЕНЕСКА Е ВО РАЦЕТЕ НА ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ..

Канал5 - 11.01.2005

Извештајот од обдукцијата на Наташа Кметовска од Институтот за судска медицина денеска беше предаден во рацете на истражната судика Бранка Илиевска . Директорот на судска медицина Алексеј Дума вели дека обдукцискиот наод е готов и овојпат како што вел Извештајот од обдукцијата на Наташа Кметовска ...

По смените

Време - 11.01.2005

Катерина Нешкова Што се однесува до Наташа Кметовска, чиј живот беше прекратен во цветот на младоста, мало фајде е и сите лекари од хирургија да бидат разрешени во еден ден. Не дека тие не го заслужиле тоа - напротив. Нашето здравство плаче за некој здравствен Пиноче.

Тешко ќе се открие ранувачот ако не се пронајде оружјето

Утрински - 11.01.2005

МИХАЈЛОВСКИ Министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски, вчера информира дека МВР работи на целосно расчистување на случајот со загинувањето на 19-годишната Наташа Кметовска, која почина три дена по приемот во Клиничкиот центар во Скопје.

Наташа ранета од куршум од "калашников"

Утрински - 11.01.2005

БАЛИСТИКА Балистичкиот извештај што го подготвија инспектори од Секторот за крим-техника при Министерството за внатрешни работи покажа дека таа била погодена од заскитан куршум испукан од автоматска пушка "калашниковви, со калибар 7,62 милиметри.

МВР ќе ги расчисти случаите Верушевски и Кметовска

Вест - 11.01.2005

Министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски вчера изјави дека полицијата ќе стори се што е во нејзина надлежност да го расветли целиот случај со оружениот инциднет во кој учествуваше 17-годишниот А.В., син на високиот полициски функционер Зоран Верушевски.

Обвинителството започнува истрага за смртта на Кметовска

Утрински - 11.01.2005

Мистериозната смрт на 19-годишната скопјанка и натаму ја бранува јавноста Скопското Јавно обвинителство, во континуитет, го следи овој случај. Уште во текот на денешниот ден се очекува прием на комплетната документација за мистериозната смрт на Кметовска ЉУБИША СТАНКОВИЌ Голема е извесноста дека ...

Полицијата работи на случаите за Верушевски и за Кметовска

Време - 11.01.2005

СПОРЕД МИНИСТЕРОТ ЉУБОМИР МИХАЈЛОВСКИ Полицијата ќе стори се што е во нејзина надлежност за да го расветли целиот случај со оружениот инцидент во кој учествуваше 17-годишниот А.В., син на високиот полициски функционер Зоран Верушевски, рече на вчерашната прес-конференција Љубомир Михајловски, ...

Истражен судија не бил на увид по смртта на Кметовска?

Дневник - 11.01.2005

Ниту во еден од двата основни скопски суда не е отворена истрага, ниту, пак, се преземаат истражни дејства за собирање докази за причините и евентуалната вина за смртта на деветнаесетгодишната Наташа Кметова. - Во Основниот суд 1 во Скопје не се води ни истрага ни се преземаат определени истражни ...

Полицијата нема да одговара за смртта на Кметовска

А1 - 10.01.2005

Никој од полицијата нема да одговара за смртта на Наташа Кметовска. Министерот Михајловски се правда дека полицијата направила се за да спречи каков било инцидент на новогодишната прослава. Но, беше немоќна, да го запре куршумот, кој ја погоди Кметовска.

Сменет директорот на Клинички

Дневник - 10.01.2005

ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА НАТАША КМЕТОВСКА Министерот за здравство Владимир Димов вчера ги разреши Тихомир Крцковски и Зоран Спировски од функцијата директор на Клиничкиот центар, односно на Клиниката за тораковаскуларна хирургија, поради смртта на Наташа Кметовска.

Роднините на помен, Конзилиумот со став за атипичност на повредата

Утрински - 10.01.2005

Седум дена од трагичното загинување на деветнаесетгодишната Наташа Кметовска Светлана Кметовска: Знаеме дека е формиран конзилијарен тим, но не знаеме ништо повеќе ЉубиШа СтанковиЌ Институтот за судска медицина речиси во целост ги има завршено резултатите од испитувањата.

И родителите и конзилијарниот тим ги чекаат резултатите од обдукцијата

Вест - 10.01.2005

СКАНДАЛ: СМРТТА ДЕВЕТНАЕСЕТГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД ЗАСКИТАН КУРШУМ СН УШТЕ НЕ Е РАСВЕТЛЕНА Адвокатите ги советуваат родителите на Наташа Кметовска да ангажираат свој претставник кој ќе учествува во целата истражна постапка на Клиничкиот центар Родителите на Наташа Кметовска и конзилијарниот тим од ...

Премиерот Бучковски ја бара главата на виновникот

Време - 10.01.2005

ЕДНА НЕДЕЛА ПО СМРТТА НА НАТАША КМЕТОВСКА Владо Димов, министер за здравство, денеска на премиерот Владо Бучковски треба да му го посочи виновникот за смртта на деветнаесетгодишната Наташа Кметовска, која почина во државната болница бидејќи лекарите два дена не виделе дека има куршум во телото, ...