TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Крадец однел 800 евра од семејна куќа

Време - 12.06.2004

СВЕТИ НИКОЛЕ Арамија провалил во семејна куќа во Свети Николе и однел плен вреден околу 800 евра. Кражбата се случила во четвртокот во семејната куќа на Т.В. Крадецот начекал погоден момент кога во куќата немало никој и насилно обил една од вратите.

Украдени пари и злато, двајца провалници уапсени

Вест - 11.06.2004

ТЕШКИ КРАЖБИ ВО КУМАНОВО Во понеделникот во Куманово биле извршени две тешки кражби при што бил украден накит и пари во вкупна вредност од 874 405 денари. Првата кражба била во станот на З.И. на улицата "Октомвриска револуција" каде крадецот влегол додека домаќините биле на работа.

Малолетници украле златен накит вреден 2.500 евра

Време - 11.06.2004

КУМАНОВО Двајца кумановски малолетници биле осомничени дека провалиле во куќа, од каде што зеле златен накит вреден повеќе од 2.000 евра. Кумановската полиција ги завчера ги привела малолетните провалници О. Б. (16) и Б. И. (15), а по целосното документирање на случајот најавува дека против нив ќе ...

Од кумановски стан украдени 737.000 денари

Време - 11.06.2004

ПРОВАЛНА КРАЖБА Арамии обиле семеен стан завчера во Куманово и украле златен накит и готовина во износ од 737.000 денари, информира полицијата. Кражбата се случила во стан сопственост на кумановецот З. И., на улицата Октомвриска револуција, во вторникот.

Повторно ограбена менувачница во Скопје

Време - 11.06.2004

ПРОВАЛНА КРАЖБА Провалници ограбиле менувачница во ноќта меѓу вторникот и средата кај Бит-пазар во Скопје. Кражбата се случила во менувачницата „Албена“, која се наоѓа на улицата Битпазарска. Крадецот успеал да провали во менувачницата, откако со алат ги скршил влезната врата и металниот сеф во кој ...

Уапсени крадци што ограбиле црква

Време - 08.06.2004

РАДОВИШ Радовишките полицајци осомничиле две момчиња дека провалиле и украле метална каса од црквата „Свети Илија“ во Радовиш. Полицијата поднела кривични пријави за тешка кражба против А. М. (19) од Радовиш и З. Т. (21) од Штип.

Провалник однел 10.000 евра од семејна куќа

Време - 08.06.2004

ТЕШКА КРАЖБА ВО СКОПЈЕ Провалници обиле семејна куќа во петокот во Скопје и украле патничка торба во која имало околу 10.000 евра и златен накит, соопшти полицијата. Според МВР, кражбата се случила во петокот во времето меѓу 7 и 8 часот во куќата сопственост на скопјанецот М.А.