TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во убиството на полицаецот учествувале и двајца браќа од Гостиварско

Вест - 14.09.2002

ФАТЕНИ ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО БОГОВИЊЕ Во нападот на привремената полициска станица во селото Боговиње, кога беше убиен резервниот полицаец Фикри Елмази, учествувале двајца браќа од гостиварското село Врањовци, дознаваме од полициски извори.

Елмази жртва на одметнички банди

Утрински - 14.09.2002

Убиениот полицаец кај село Боговиње погребан во родното место ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - На муслиманските гробишта во селото Теново, Тетовско, село во кое живеат Македонци и Албанци, во четвртокот околу 16 часот, со сите верски почести, погребан беше убиениот полицаец Фикри Елмази.

Уапсени двајца браќа под сомневање дека се вмешани во убиството на полицаецот

Дневник - 14.09.2002

ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВО БОГОВИЊЕ Во МВР претпоставуваат дека браќата од гостиварското село Врањовце се членови на терористичката АНА Двајца браќа од гостиварското село Врањовци биле уапсени завчера под сомневање дека се вмешани во терористичкиот напад врз полициската станица во тетовското село ...

ОБСЕ и САД го осудуваат убиството во Боговиње

А1 - 13.09.2002

Мисијата на ОБСЕ во Македонија и СAД силно го осудија убиството на полицаецот во Боговиње и ги повикаа властите да ги преземат сите неопходни чекори извршителите на убиството да се изведат пред лицето на правдата. „Извршителите на овој гнасен криминал, како и убијците на двајцата колеги на Фадил ...

Убиен полицаецот Фикри Елмази

Утрински - 13.09.2002

Терористичка банда ја нападнала полициската станица во Боговиње ГОЈКО ЕФТОВСКИ ТЕТОВО - Вчераутро, околу 6,04 часот, од две возила во движење во кои се наоѓале десетина терористи била нападната полициската станица во селото Боговиње, Тетовско.

Убиен полицаец во терористички напад врз полициската станица

Дневник - 13.09.2002

ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО БОГОВИЊЕ Полицискиот резервист, кого го застрелале десетина вооружени цивили, бил внук на заменик-министерот во МВР, Рефет Елмази Полицаецот Фикри Елмази е убиен во терористичкиот напад што го извршиле десетина вооружени цивили врз полициската станица во тетовското село Боговиње, ...

Убиен внукот на заменик-министерот за внатрешни работи

Вест - 13.09.2002

НАПАДНАТА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО БОГОВИЊЕ Фикри Елмази, внук на Рефет Елмази, заменик на министерот за внатрешни работи, вчера е убиен од десетчлена терористичка група која ја нападнала привремената полициска станица во тетовското село Боговиње.

Убиен полицаец резервист во Боговиње

А1 - 12.09.2002

Две лица се утрово уапсени под сомневање дека учествувале во организирањето на нападот на полициската станица во Боговиње, при што е убиен 34 годишниот резервен полицаец Фикрет Елмази, внук на заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Полицијата не го соопштува нивниот идентитет.