TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Против Бошкоски и Тарчуловски над 120 сведоци, судењето до јуни

Макфакс - 04.12.2005

Хаг/Скопје Хашкото Обвинителство ќе изведе околу 125 сведоци на процесот против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски што ќе почне во мај или јуни 2006 година, соопштија судски извори во Хаг. Според судијата Албин Есер, кој неделава ја водеше статусната конференција за постапката против Бошкоски и ...

Со хуманитарен концерт до стан во Хаг

Време - 03.12.2005

ПОДДРШКА НА ЉУБЕ БОШКОВСКИ Здружението за поддршка на Љубе Бошкоски в петок во Универзалната сала во Скопје ќе организира хуманитарен концерт за помош на Љубе Бошкоски. Целта е да се соберат пари за изнајмување стан во близина на затворот Шевенинген во Хаг каде што е притворен Бошковски.

Бошковски со уште еден странски адвокат?

Дневник - 03.12.2005

СЛУЧАЈ "ЉУБОТЕН" Во адвокатскиот тим на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски треба да се вклучи уште еден странски адвокат, кој застапувал обвинети пред Хашкиот суд, соопшти Горан Митевски, секретар на здружението за поддршка на Љубе Бошковски.

Хуманитарен концерт за Љубе Бошковски во декември

А1 - 02.12.2005

Политичарите од владеачките партии не се заинтересирани да дадат ниту денар за одбраната на Љубе Бошковски. Исклучок бил Тито Петковски, кој ветил дека ќе купи карти за декемврискиот хуманитарен концерт организиран за помош на Бошковски.

Хуманитарен концерт за брат Љубе

Канал5 - 02.12.2005

Здружението за поддршка на Љубе Бошковски ги распродаде картите за хуманитарниот концерт на 9-ти декември во Универзалната сала. По Прилеп и во Скопје со песна ќе се собираат пари за одбраната на Бошковски. Здружението за поддршка на Љубе Бошковски ги распродаде картите за хуманитарниот концерт на ...

Груевски на средба со Бошкоски и Тарчуловски во Хаг

Утрински - 30.11.2005

ВМРО-ДПМНЕ и Народна се договорија Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера во затворот во Шевенинген се сретнал со Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, двајцата Македонци обвинети за воени злосторства од Трибуналот во Хаг.

Груевски во посета на Љубе и на Јохан

Време - 30.11.2005

СПОРЕД ИЗВОРИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера ги посетил Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски во затворот во Шевенинген. Тој им ветил дека партијата целосно ќе ги поддржи напорите за нивно ослободување од обвиненијата под кои пред речиси осум месеци беа притворени, ...

И Груевски кај брат Љубе и Јохан

Вечер Прес - 30.11.2005

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера остварил две одделни средби со Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во затворот во Шевенинген во Хаг. Груевски им ветил целосна поддршка на двајцата обвинети Македонци од Хашкиот трибунал, пред се, во притисок врз државните органи да овозможат достапност на ...

Груевски се сретна со Бошковски и Тарчуловски

А1 - 29.11.2005

За прв пат, откако се во Шевенинген, Бошковски и Тарчуловски имаа посета од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во одвоените средби, со двајцата во Хаг разговарал околу 40-тина минути. Тој им ветил дека и натаму ќе притиска, властите во Македонија на нивната одбрана да и ги стават на располагање ...

На Љубе и на Јохан да им се суди во Македонија

Време - 29.11.2005

ИНИЦИЈАТИВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ На Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски треба да им се суди во Македонија, сметаат опозициските партии од македонскиот блок во Парламентот, кои вчера го поддржале таквото барање на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-НП, како што изјави координаторот на пратеничката група Чедо Кралевски, ...

Зад декларацијата за враќање на "Љуботен" 13 пратеници

Дневник - 29.11.2005

ИНИЦИЈАТИВА НА ВМРО-ДПМНЕ На предлог-декларацијата за враќање на предметот "Љуботен" во надлежност на македонските правосудни органи се потпишаа 13 пратеници од ВМРО- ДПМНЕ, Либералната партија и од Земјоделската народна партија, соопшти Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група на ...

Груевски ги посети Бошковски и Тарчуловски во Хаг

Канал5 - 29.11.2005

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Хаг ги посетил макеоднските притвореници Бошковски и Тарчуловски. На одвоени средби ги известил за декларацијата со која – доколку биде усвоена во Собранието - Македонија ќе побара враќање на нивниот случај пред домашните судови.

СДСМ против декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Бошковски и Тарчуловски

А1 - 28.11.2005

СДСМ нема да ја поддржи декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која Собранието би побарало од Трибуналот во Хаг на Бошковски и на Тарчуловски да им се суди во државава. За владеачката партија, ова било маркетинг на опозицијата , која очигледно, како што изјави координаторот Јани Макрадули, не се вратила ...

На Бошковски и на Тарчуловски да им се суди во Македонија

Дневник - 28.11.2005

ВМРО-ДПМНЕ Случаите на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски да се вратат во Македонија, а власта да обезбеди услови за водење на судските постапки во земјава и за претходните четири случаи од кои се откажа Хашкото обвинителство, побара вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Декларацијата на ДПМНЕ за Бошковски и Тарчуловски ја нема поддршката од мнозинството во Парламентот

Канал5 - 28.11.2005

Нема поддршка од власта за декларацијата на ВМРО ДПМНЕ Собранието да побара од Хаг на Бошковски и Тарчуловски да им се суди во Македонија. Груевски не може да се помири со позитивното мислење од европската комисија па изнаоѓа теми за политички маркетинг е ставот на пратеничката група на СДСМ.