TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Државата нема да плаќа за имотите на министрите во странство

Утрински - 12.10.2007

Државата нема да плаќа никакви трошоци за одржување на имотите на министрите во странство. Издвојувањето надоместок од буџетот за приватни намени ќе значи ексклузивно право само за одредена група функционери. На тој начин одржувањето на неподвижниот имот во странство ќе биде на товар на граѓаните.

Министрите со имот во странство останаа без привилегии

Дневник - 12.10.2007

Уставниот суд донесе одлука дека Владата не смее да дава пари за одржување на имотите на министрите во странство. Одлуката за укинување на членот од Законот за извршувањето на буџетот веќе е во сила.Според судот, незаконски е Владата да им ги надоместува трошоците на министрите и на функционерите.

Странските министри без надоместок за имотите

Вест - 10.10.2007

УСТАВНИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАКОНСКАТА ОДРЕДБА На министрите со имоти во странство нема веќе да им се плаќа за да ги одржуваат. Така одлучил Уставниот суд уште на 17 септември, а одлуката е објавена во последниот "Службен весник" од 8 октомври.

Уставен суд пресече - нема пари за одржување на имотите на министрите кои се во странство

Канал5 - 10.10.2007

Уставниот суд пресече- Владата не смее да дава пари за одржување на имотите на министрите во странство. Одлуката за укинување на членот од законот за извршување на Буџетот веќе е на сила. Според судот, незаконски е Владата да им ги надоместува трошоците на министрите.