TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сведокот Осман Рамадани им пресуди на обвинетите

Утрински - 19.05.2007

Обвинителството повлече петмина сведоци од Љуботен „Криминалците се овде во оваа судница. Нив прашувајте ги, зошто мене ми поставувате такви прашања кога се' знаете. Вие ми поставувате лажни прашања“. Во ваква атмосфера на препукување меѓу сведокот на Обвинителството Осман Рамадани и адвокатите на ...

Еден од сведоците бил амнестиран од Трајковски

Дневник - 19.05.2007

Одбраната на Љубе Бошкоски вчера на продолжението од процесот во Хаг изнесе доказ дека сведокот на Обвинителството Осман Рамадани бил член на ОНА и како таков тој бил и амнестиран. Тоа, според адвокатите, е доказ дека во скопското село Љуботен имало припадници на ОНА.

Хашкиот сведок Рамадани на ОНА и' припаѓал „само со срцето“

Утрински - 18.05.2007

По серија искази на заштитени сведоци, судењето против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Хаг вчера продолжи со сведочењето на Исмаил Рамадани и Осман Рамадани, жители на Љуботен, кои тврдеа дека биле малтретирани и тепани од страна на полицијата за време на акцијата на 12 август 2001 година.

Одбраната покажа докази дека ОНА војувала во Љуботен

Дневник - 18.05.2007

Музафер Агуши загинал во Љуботен на 2 август 2001 година во борба со македонските безбедносни сили, пишува во книгата на Косовскиот заштитен корпус Одбраната на Љубе Бошкоски вчера покажа доказ дека Музафер Агуши од Арачиново, припадник на ОНА, загинал во Љуботен на 2 август 2001 година, во ...

Контрадикторно сведочење на М12 во Хаг

Утрински - 17.05.2007

Заштитениот сведок М12 вчера при испитувањето на адвокатите на Бошкоски и Тарчуловски призна дека морал да излегува од подрумот на својата куќа во Љуботен преку прозорецот, затоа што претходно самиот си ја забарикадирал вратата.

Во Љуботен се дејствувало против терористи

Дневник - 17.05.2007

Во Љуботен имаше терористи и таму полицијата ги апсеше нив. Акцијата на безбедносните сили не беше насочена против цивили. Ова го рече вториот заштитен сведок, вработен во македонската Полиција, на завчерашното сведочење во Хаг, пренесува Макфакс.

Имало вооружени терористи во Љуботен

Време - 16.05.2007

СОСЛУШАН ВТОРИОТ ЗАШТИТЕН СВЕДОК ВО ХАГ Вториот заштитен сведок на одбраната М – 37, припадник на МВР, видел неколку лица во црни униформи со автоматско оружје во селото Љуботен неколку часа пред почетокот на полициската акција.

Тарчуловски бил во Љуботен, но без оружје, тврди полицаец

Утрински - 16.05.2007

Бошкоски опоменат од судијата затоа што гласно си зборува во себе Полицискиот инсајдер кој како заштитен сведок беше повикан од Обвинителството на судењето за случајот „Љуботен“ за време на вчерашното вкрстено испитување призна дека го видел Јохан Тарчуловски во селото, но рече оти поранешниот ...

Одбраната на Љубе понуди нов доказ

Дневник - 16.05.2007

Одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пред Хашкиот трибунал понуди нов доказ дека Џелал Бајрами, еден од загинатите кај Љуботен, поседувал оружје. Адвокатката Едина Рашидовиќ на Судскиот совет му го презентира обдукцискиот наод според кој, Бајрами имал куршуми во ...

Сослушан вториот заштитен сведок

Време - 15.05.2007

СЛУЧАЈ „ЉУБОТЕН” Вториот заштитен сведок М-37 во судскиот процес во Хаг вчера одговараше на прашањата на одбраната на Љубе Бошкоски за случувањата од 12 август 2001 година во селото Љуботен. Сведокот беше со замаглен лик и со изменет глас, а неговиот идентитет нема да биде објавен поради строгите ...

Вториот заштитен сведок - полицаец

Вест - 15.05.2007

СУДСКИ ПРОЦЕС ПРОТИВ БОШКОСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ Вчера, на затворена седница, продолжи судскиот процес во Хаг против ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски и полицаецот Јохан Тарчуловски. Како што јави Макфакс, исказ вчера давал вториот заштитен сведок.

Припадник на МВР сведочеше во Хаг за акцијата во Љуботен

Утрински - 15.05.2007

Заштитениот сведок М-37, прв етнички Македонец повикан од Обвинителството Заштитениот сведок М-37 во детали ја опишуваше акцијата во Љуботен на 12 август 2001 на вчерашното продолжение на процесот против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Трибуналот во Хаг.

Четвртиот сведок во судницата во Хаг тврдеше дека полицијата пукала и малтретирала цивили во 2001-та

Канал5 - 15.05.2007

Нов заштитен сведок предложен од хашкото обвинителство денеска одговараше во судницата во процесот против Бошковски и Тарчуловски. Македонецот со албанско етничко потекло тврдеше дека 12-ти август, полицијата пукала во неговата куќа, го малтретирале неговото семејство.

Изјавите од сведоците во полза на Бошкоски и Тарчуловски

А1 - 14.05.2007

Продолжува серијата изјави од сведоците на хашкото обвинителство кои одат во полза на Бошкоски и Тарчуловски. И денешната сесија во хашкиот суд речиси беше целосно затворена. Сведочеше полицаец кој бил на контролен пункт на 12 август 2001-ва и кој сакаше да има заштитен статус.