TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Осомничениот професор нема да води вежби и предавања

Време - 18.11.2005

ПО СКАНДАЛОТ НА СТОМАТОЛОГИЈА Професорот од Стоматолошкиот факултет осомничен за силување на студентка нема да држи предавања и вежби на факултетот се додека случајот не се реши судски. Ова било одлучено на вчерашниот состанок на кој присуствувале осомничениот професор, потоа Марија Накова, деканка ...

Осомничениот професор на Стоматолошки се повлекол од настава

Дневник - 18.11.2005

Професорот од Стоматолошкиот факултет осомничен за блудни дејства врз студентка побарал од деканатот да се повлече од настава додека не заврши судскиот процес против него. Ова го тврдат во Сојузот на студентите при скопскиот универзитет по вчерашната средба со деканката на факултетот и по ...

Студенти ќе протестираат пред Стоматолошки

Дневник - 17.11.2005

ПРИТИСОК ДА СЕ РАСЧИСТИ СКАНДАЛОТ Со протест пред Стоматолошкиот факултет во Скопје во вторник, студентите ќе го искажат својот револт поради враќањето на работа на професорот осомничен за силување студентка, најави групацијата "Студенти за себе", организатор на протестот.

Судски вештаци испитуваат докази за силувањето

Време - 17.11.2005

ИСТРАГА НА СТОМАТОЛОГИЈА Вештаците од Институтот за судско-медицински вештачења добиле примероци од крв, влакна, коса и нокти од случајот со пријавениот обид за силување студентка од професор на Стоматолошкиот факултет. Се очекува вештачењето да утврди дали тврдењата на девојката се точни, ...

Штрајк на студентите на стоматолошки факултет

Канал5 - 17.11.2005

Студентите на стоматологија во вторник ќе протестираат пред деканатот на Стоматолошкиот Факултет. Бараат суспензија на професорот кого пред десет дена нивната колешка го пријави за обид за силување. Студентите на стоматологија во вторник ќе протестираат пред деканатот на Стоматолошкиот Факултет.

Осомничениот професор се врати на Стоматолошки

Дневник - 15.11.2005

ОТКАКО ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР Професорот по орална хирургија, осомничен за вршење блудни дејства врз студентка, вчера се вратил на своето работно место во Стоматолошкиот клинички центар. Стоматологот во петокот бил пуштен без кауција од четиридневен притвор во Истражниот затвор "Скопје".

Осомничениот професор-силувач ја гризел студентката

Време - 15.11.2005

СПОРЕД ПОЛИЦИСКИ ИЗВОРИ Професорот на Клиниката по стоматологија во Скопје, ја гризал и ја тепал студентката што дошла да полага испит кај него, бидејќи таа жестоко се спротивставила на неговиот обид да ја силува, дознава „Време“ од полициски извори.

Осомничениот професор се врати на Стоматологија

Вечер Прес - 15.11.2005

Професорот кој поради обид за силување на студентка, минатата недела беше притворен во затворот во Шутка, од вчера се врати на своето работно место во Стоматолошкиот клинички центар. Ова вчера ни го потврди д-р Хасан Мехмети, директорот на оваа установа, кој не сакаше да даде какви било ...

Стоматологот кој се обиде да ја силува студентката денеска вратен на работа

Канал5 - 14.11.2005

Професорот по орална хирургија кој во вторникот во неговиот кабинет се обидел сексуално да злоупотреби студентка која дошла да полага испит кај него од петокот попладнето со решение на кривичниот совет на скопска единица е пуштен на слобода.