TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е награден за нерегуларните избори

Дневник - 08.06.2005

ОБВИНУВАЊЕ Досегашниот претседател на Државната изборна комисија, Стево Пендаровски, го доби местото советник на претседателот за национална безбедност како награда за три крајно нерегуларни изборни циклуси, смета ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ против Пендаровски

Утрински - 08.06.2005

Реакција на опозицијата за советникот на претседателот Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше на назначувањето на Стево Пендаровски за советник за национална безбедност на претседателот Бранко Црвенковски. Според Влатко Ѓорчев, Пендаровски ја добил оваа функција како награда за претходните три ...

Пендаровски си замина од ДИК за да биде советник кај Црвенковски

Утрински - 07.06.2005

ФУНКЦИЈА Досегашниот претседател на Државната изборна комисија, Стево Пендаровски, поднесе оставка и од вчера се наоѓа на новото работно место - советник за национална безбедност во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Пендаровски поднесе оставка

Вечер Прес - 07.06.2005

Претседателот на Државната изборна комисија, Стево Пендаровски, поднесе оставка на функцијата. Од денеска, тој ќе му биде советник за национална безбедност на Бранко Црвенковски. Пендаровски воопшто не се двоумел дали да ја прифати понудата што стигнала минатата недела лично од Претседателот на ...

Пендаровски се враќа како советник за национална безбедност

А1 - 06.06.2005

Стево Пендаровски се враќа на старата позиција во претседателскиот кабинет советник за национална безбедност. Тој и досега тврдат извори на А1 важеше за неформален советник на Црвенковски. Од денеска и официјално ќе го советува претседателот за безбедносните прашања.

ПЕНДАРОВСКИ ПОВТОРНО СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Канал5 - 06.06.2005

Стево Пендаровски поднесе оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и од денеска тој се враќа на старото работно место - советник за национална безбедност на шефот на државата. Од кабинетот на претседателот велат дека Црвенков Стево Пендаровски поднесе оставка на функцијата ...

Пендаровски поднесе оставка во ДИК, стана советник на Црвенковски

Макфакс - 06.06.2005

Скопје Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Стево Пендаровски поднесе оставка на функцијата, јавуваат електронските медиуми. Според истите извори, Пендаровски веќе почнал да ја врши новата функција-советник за безбедност на претседателот Бранко Црвенковски.