Сараевчаните што минуваа вчера имаа ретка можност да видат несекојдневна "билбордот-благодарница", со кој подмладокот на Социјал-демократската партија се збогува со меѓународниот администратор во Босна, британскиот дипломат Педи Ешдаун.
По долгогодишната врска, речиси една деценија, поп-пејачката Ребека ќе застане на лудиот камен. Свадбата со нејзиниот доктор Мики Ристовски, кој своевремено и беше менаџер, е закажана за мај, во според многумина најубавиот пролетен месец.
Минатата сабота, пишував за политичкиот суфицит во меѓународната партиципација на Република Македонија - во делот на културата, односно за големиот дефицит, кога станува збор за политиката. Го изнесов својот став, односно сознание, дека новите политички субјекти, за среќа, акцентот на своето ...
"Беовизија" годинава повторно ќе биде збогатена со учеството на фолк ѕвезди. Покрај Луис, кој ќе настапи заедно со групата "Фламингоси", на сцената ќе застанат и ѕвездите на Гранд. Првата постава составена од Славица Чуктераш, Дарко Филиповиќ, Немања Николиќ, Стеван Анџелковиќ, Бранислав Моичевиќ и ...
Владата го разреши директорот на ЈП "Македонски железници", Стојан Наумов и за в.д. директор го назначи Милчо Смилевски - досегашен помошник-директор за финансиско работење во претпријатието. Официјално Наумов е разрешен поради незадоволителни резултати во работењето.
Темелко Тужароски е копаничар од Охрид. Неговата уметничка дружба со ореовото дрво трае повеќе од десет години. Од 2000 година член е на Друштвото на копаничарите на Република Македонија. "Работам вложувајќи многу љубов, труд и внимание за да го оживеам дрвото.
Дел од припадниците на поранешната единица за брза интервенција "Лавови" не сакаат да бидат дежурни виновници и да бидат посочувани како можни бомбаши. Тие бараат неколку работи: Никој да не ги именува како "лавови" бидејќи тоа не се, да се вратат нивните разместени колеги од местата каде во 2001 ...
"Нашата мисија е да бидеме препознатливи како глобален лидер во нудењето на безбедносните решенија и солуции, а мотото ни е дека сме единствени квалификувани да го заштитиме стилот на живеење". Вака накусо велат за себе луѓето од агенцијата за обезбедување на имот и лица Перпетум Мобиле Сецуритѕ ...
- Ми беше тешко, но сега ним им е потешко - вака новиот директор на затворот “"Идризово", Јовица Стојановиќ, ја коментира својата работа во изминативе, како што сам умее да каже, пет месеци и шест дена. Објаснува дека на почетокот му било напорно, но сега, вели тој, им е потешко на оние затвореници ...
"Антена 5" 12. роденден ќе го прослави со двојна журка, и тоа во Маврово и Охрид. Денешната забава ќе почне во 19 часот со греано вино, ракија, топли напитоци пред ски-школата "Заре Лазаревски", по што ќе продолжи со ноќно скијање и журка во дискотеката "Ратрак" со Дарио и Александар Митевски.
Градоначалникот на Општина Неготино, Ѓорѓи Кимов, вели дека и годинава ќе продолжи нивната акција за преземање повеќе капитални објекти под "капата" на локалната самоуправа. На ред е Спортско-рекреативниот центар "Младост", со кој досега управуваше јавното претпријатие за стопанисување со спортски ...
Петмина чаирчани, завчеравечер околу 20 часот, двајца од една и тројца од друга страна, во боди-билдинг клуб на "Џон Кенеди" се "закачиле" за тоа кој е посилен, кој повеќе можел да крене товар. Ситуацијата таму била навидум мошне наивна.
Александар Блажевски, кој во моментов работи како уредник во А1 телевизија и е дел од екипата задолжена за утринската програма, наскоро се враќа на екраните со самостоен проект. Станува збор за "А зошто да не?", емисија која веќе подолго време ја немаше во етерот.
Истражувањата што се вршени последните години во Кичевско, за откривање нови лежишта на јаглен потврдуваат дека овој регион располага со големи количини на овој енергенс. Според последните истражувања, кои се извршени во реонот на селото Поповјани, потврдени се нови резерви на јаглен поголеми од 10 ...
"Рокенрол кафе 2", во организација на "Билет сервис" ќе се одржи вечерва во спортската сала "Работнички". Манифестацијата почнува во 20 и ќе трае до еден часот по полноќ. Проценка на организаторот е дека овој настан ќе го проследат околу 3.000 посетители, со оглед на тоа дека влезот е бесплатен, а ...
Раководството на БСП и самиот Станишев, добија шлаканица од претседателот Георги Прванов, откако минатата недела во јавноста беа објавени делови од анализата, изработена по негова нарачка, во која се изнесени црни прогнози за економската состојба во Бугарија.
Фото;В.Перковски Екстремно ниските температури што деновиве се измерени во Скопје, се одразија и на "жителите" на скопската зоолошка градина. Поради поларниот студ тие се поретко имаат можност да уживаат во зимската идила навор од своите живеалишта, а со цел што полесно да презимат, обезбедени се ...
Поради долг од еден милион и двесте илјади денари, направен уште ланската година, "Балкан експрес" ќе ги тужи училиштата во Штип, кои ги користеле услугите за превоз на учениците. Директорот на "Балкан експрес", Стојанче Костадинов вели дека одлучиле за тужба, бидејќи со училиштата имаат потпишано ...
Српската даночна полиција поднесе кривични пријави против сегашниот и поранешниот директор на БК-телевизија, Бојана Лекиќ и Александар Зремски, јави радиото Б 92, пренесувајќи соопштение на Министерството за финансии на Србија.
"Дали знаете што се случува во Прилеп?, беше пратеничкото прашање на Жарко Караџоски, упатено до министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски, на вчерашната седница во Собранието на РМ. Тој го потсети Џанго дека градот од неодамна е прогласен за безбедносно најнесигурен во земјата поради ...
Стотици илјади граѓани на Куба учествуваа во антиамериканските демонстрации во Хавана. "Буш е фашист" и "Куба ќе триумфира со вистината", се дел од паролите, со кои Кубанците го искажуваа своето незадоволство пред американската амбасада во Хавана.
Филмот "Кодот на Да Винчи", сниман според бестселерот на Ден Браун ќе го отвори годинашниот Филмски фестивал во Кан (17 - 28 мај годинава). Ќе се прикаже надвор од конкуренција. Главните улоги ги играат оскаровецот Том Хенкс, Одри Тату, позната и по улогата на Амелија Пулен и Жан Рено.
Во американските медиуми се појавија гласини дека "Пријатели" повторно потпишаа договори со НБЦ, и за хонорари од по пет милиони долари ќе снимаат четири едночасовни специјални епизоди од серијата. Но продуцентите велат дека до тоа нема да дојде, освен што тројцата пријатели Дејвид Швимер, Метју ...
Либерално демократската партија во годината на парламентарните избори реши да го слушне гласот на народот. Високи претставници од оваа партија, во својата кампањата, шетаат низ Македонијата и ги прашуваат граѓаните: "Како сте?".
Се е речиси подготвено, од ден на ден се засилуваат само емоциите. Поп дивата Калиопи, на 11 февруари со екипа заминува во хрватскиот бисер Сплит, и веднаш почнува со проби и одржување на пресови, а веќе на 14 февруари, на Денот на вљубените, во Хрватски народно казалиште ќе одржи анплакт концерт.
Сешто се пишуваше за напаѓачот на Арсенал и француската репрезентација Тиери Анри. Од тоа дека заминува од "Хајбери", па се до тоа дека ќе ги "остави коските" во Лондон. Сепак, последните информации од Шпанија зборуваат дека Анри никогаш не бил поблизу до Барселона.
Промоторска група "Емотиф", на 28 јануари (сабота), во Младинскиот културен центар - Скопје организира концерт со настап во живо на хаус и техно диџеите Марјан Стојановиќ- Маци и Никола Ризов, а по нив, ќе настапи и бендот "Детроит гранд пубас" од Америка (на фотосот).
Сметката на најстарата продуцентска куќа кај нас, "Вардар филм", (формирана во август 1947 год.) најверојатно ќе биде деблокирана за неколку месеци. Директорот Сефедин Нуредини, по многуте одложувања, добил ветување дека овојпат проблемот што го создаде долгот од околу 28 милиони денари дефинитивно ...
Изложбата на фотографии "Улица" на Милчо Манчевски ќе биде поставена во Љубљана в четврток. Поставката ќе биде изложена во галеријата "Авла НЛБ" и ќе трае до 24 март. "Заводот за креативна продукција Емзин" ја приреди изложбата, а Манчевски ќе присуствува на отворањето.
Индустриската зона во село Љубин, Општина Сарај, до почетокот на летото ќе биде поврзана со асфалтен пат до центарот на Општината и автопатот Скопје-Тетово. Патот ќе се гради покрај десниот брег на Вардар, на потегот меѓу железниот мост и мостот кај село Љубин, со вкупна должина од 2 илјади и 300 ...
Од први февруари Канал 5 ќе почне со емитување на новата хрватска серија "Љубов во офсајд“ во 175 продолженија. Серијата ќе се емитува од 17.50 часот. Исто така, од први февруари Канал 5 ќе почне со емитување на англиското шоу "Кујната на Џејми Оливер" во 52 продолженија која ќе се емитува секој ...
Од Клиниката за фиксна протетика на Стоматолошкиот клинички центар во Скопје неодамна исчезнал потрошен материјал и опрема во вредност од неколку илјади евра, тврдат вработени во оваа здравствена установа. Директорот на д-р Хасан Мехмети и покрај нашите обиди остана недостапен да ги потврди или да ...
Пет дена по оружената престрелка што се случи во Куманово, а во која тешко ранет беше 28-годишниот Скендер Шабани, полицијата се уште го нема уапсено напаѓачот. Минатата среда напладне, во 12.10 часот непознат маж со џип се движел по улицата "11 Октомври".
Двајца разбојници вооружени со пиштоли, завчераноќ ја ограбија бензинската пумпа на "Макпетрол", на улицата "Илинденска" во Тетово. Тие оттаму украле околу 800.000 денари и избегале. При грабежот нема повредени. Од МВР не даваат некои посебни информации, освен за времето и местото кога се случило ...
Градоначалникот на Аеродром вчера ги отфрли обвинувањата на Министерство за труд и социјална политика дека "на своја рака" направил смена на директорки во градинките "Срничка" и "Буба Мара", објаснувајќи дека всушност се поставени В.Д. директорки на местото на досегашните кои работеле "незаконски".
Веќе 10 години Стахан Наков од Кочани, поранешен сопственик на ПГП "Графика" од Кочани, "скита" низ судските лавиринти од Основниот суд во Кочани па се до Врховниот суд на РМ, Јавното обвинителство, Фондот за здравство и Антикорупциската комисија со цел да докаже дека побарувањето од 16.290 денари ...
Битолчанката Анета Ефтимова, иако е стручен наставник по гинекологија и акушерство во средното медицинско училиште во Битола, професионално се занимава и со музика од 1995. Првпат на "Скопски фестивал 1996" како член на триото "ЕКА" и Леонарда, со "Камбаните во ноќта ѕвонат" освоија награда за ...
Американската војска во Ирак неодамна доби специјални елеци за своите војници во оклопните возила под жешкото ирачко сонце. Гумената цевка на секој елек е споена со еркондишн. Околу 500 елеци наполнети со специјална течност добија екипажите на повеќе наменските воени возила " Хамер", објавено е на ...
Македонското Министерство за одбрана не сака да ја коментира најновата афера во Хрватска, сврзана со испораката на 5.100 ракети на Македонија во 2001 година, бидејќи од македонска страна нема ништо спорно. Во архивите на МО има договор со хрватскиот трговец со оружје, кој бил во целост испочитуван: ...
"Форд моторс", третиот по големина светски производител на автомобили, ќе објави план за затворање на најмалку 10 фабрики и отпуштање 25.000-30.000 вработени во следните пет години. Според весникот "Детроит њуз", се очекува да бидат затворени фабрики во САД, Мексико и Канада, а ќе биде намален и ...
Љубителите на кошарката ќе го паметат 22 јануари, поради настапот на Коби Брајант, во дресот на Л.А.Лејкерси, против Торонто, кога постигна дури 81 кош, бројки што се втори по вредност во НБА лигата. Постарите љубители на кошарката се присетуваат на Вил Чемберлен, кој во далечната 1962 година, на 2 ...
Сообраќајот на скопските улици се одвива нормално, мобилните екипи на зимската служба навремено интервенираат и се подготвени да се справат со евентуалните поголеми врнежи од снег или со појавата на голомразица, порачува директорот на Јавното претпријатие "Улици и патишта", Илија Мартиновски.
Првиот состанок на Комисијата за чистење на избирачкиот список помина неуспешно. И покрај најавата од шесте политички партии дека ќе бидат дел од состанокот, половината не се појавија на првата експертска средба. Во Министерството за правда се појавија само Благица Новковска од ВМРО-Народна, Илија ...
Танцовиот клуб "Ритам плус", клуб со најдолга традиција кај нас, го започнува новиот циклус на курсеви, кој почнува кон крајот на јануари, а ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар, еднаш неделно, во текот на два месеца.
Најавите дека една компанија од Англија е заинтересирана да ги истражува македонските басени каде, евентуално има нафта, предизвика голем интерес во јавноста и меѓу научните работници. Деканот на штипскиот Рударско-геолошки факултет, проф.
Министерството за внатрешни работи, во петокот, го уапси дваесет и седумгодишниот Османи Јашари од Арачиново. Тој е осомничен дека ги ограбил поштите во Арачиново и Матејче, а се обидел да ја ограби поштата во кумановското село Отља.
Регулаторната комисија за енергетика неделава треба да пресече и да одлучи за колку проценти ќе биде коригирана цена на парното греење. Минатата недела АД "Топлификација" побара зголемување на цената на парното за цели 26 насто, оправдувајќи го своето барање со зголемените цени на мазутот и ...
Следејќи ја континуирано временската состојба, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи вчера испрати соопштение во кое предупредува на промена на временската состојба во земјата, со наидување на влажен бран со врнежи од снег.
Во нашиот град се почесто почнаа да се случуваат настани кои во себе содржат "супстанција" и се полни со значење. Таков настан беше и неодамна одржаниот концерт на скопската петорка Поинт Бленк. Се чини, Младинскиот Културен Центар никогаш толку не зрачел со позитивна енергија, никогаш не бил толку ...
Распределбата на 40 социјални станови во Кратово предизвика остри реакции кај многу заинтересирани граѓани. Тие со своите жалби бараат преиспитување на одлуката за распределаба на становите, сметајќи дека не се почитувани критериумите при направената ранг-листа, бидејќи голем дел од лицата на кои ...
Плсен.- Спортска сала. Гледачи 2.000. Судии: Оје и Токстад од Норвешка. Седмерци: Чешка 3 (3), Македонија 3 (1). Исклучувања: Чешка 6, Македонија 6 мин. ЧЕШКА: Галија, Штохол, Ноцар 5, Бруха 2, Хруби 4, Витек 2, Јиха 7, Филип 7, Хајнц 4, Хинек 5, Шимански 3, Собел 1, Кубеш 3, Хазл 5.
Палетата на цитостатици, хормони за раст, лекарства и препарати кои се користат кај пациентите на дијализа, лековите за мултиплекс склероза... Ова е дел од фондовската палета која ќе се кастри за да се "усогласат" финансиските можности и трошоците во здравството.