Црвениот крст на Македонија денеска одбележува два значајни датума -Денот на крводарителството и шест децении постоење. По тој повод, ќе организираат повеќе крводарителни акции како и пригодни манифестации. - Годинава се одлучивме за скромна свеченост, без големи прослави и без паради.
Црвениот крст на Град Скопје се оградува од ставот на ОО на Црвен крст на МЗ "Даме Груев" која повикувајќи се на името на крводарителите упати јавна реакција до државните органи поради несоодветниот третман, обвинувајќи дека поради тоа се чувствуваат како граѓани од втор ред.
"Крводарителот нема никаков статус во општествениот систем на Македонија. Укинати му се сите бенефиции кои ги имаше во здравството, се чувствува запоставен и незаштитен од државата. Во најмала рака има третман како граѓанин од втор ред".