TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ и ЛДП не сакаат претставник во Меѓуетничкиот комитет

А1 - 07.12.2007

Докомплетирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците се уште е отворено прашање. По СДСМ, која одби да делегира свој претставник во Комитетот, откако пратеникот Томе Даневски од ВМРО-ДПМНЕ даде оставка, тоа го најавува и опозициската ЛДП.

СДСМ и ЛДП бараат Анита Кипаризовска да си оди

Време - 05.12.2007

КОМИТЕТ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ СДСМ и ЛДП вчера го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да предложат нивен член во Комитетот за меѓуетнички односи на местото на пратеникот Томе Даневски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во петокот поднесе оставка.

Опозицијата бара Кипаризовска да даде оставка во Комитетот за заедниците

Утрински - 05.12.2007

Во СДСМ сметаат дека членувањето на Анита Кипаризовска е голем хендикеп за Комитетот ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Опозицијата не ја прифаќа понудата од владејачката партија да партиципира во Комитетот за односи меѓу заедниците и ја повика пратеничката Анита Кипаризовска-Крстевска од ВМРО-ДПМНЕ да си даде ...

СДСМ и ЛДП не го прифаќаат местото во меѓуетничкиот комитет

Дневник - 05.12.2007

Рекомпонирањето на Комитетот за меѓуетнички односи е во криза откако вчера СДСМ и ЛДП ја одбија понудата нивен член да го замени Томе Даневски од ВМРО-ДПМНЕ во собраниското тело. Опозицијата бара пратеничката Анита Кипаризовска да си оди од Комитетот, бидејќи поради неа е блокирана неговата работа.

Опозицијата бара помош од народниот правобранител

Вечер Прес - 05.12.2007

Партиите од опозицијата велат дека рекомпонирањето на комитетот за односи меѓу заедниците е дел од таканаречениот Мајски договор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, кои преговарале без да го чујат нивниот став. Бараат од премиерот да најде друг начин за да го реши ова прашање, а од народниот ...

Американската амбасада го поздрави договорот на лидерите

А1 - 04.12.2007

Американците и официјално ја поздравија последната лидерската средба. За нив постигнатиот договорот значи мудар компромис за доброто на Македонија, што го постигнаа четирите лидери. Позитивната оценка од Американската амбасада доаѓа еден ден откако Собранието ги усвои законите за јавен обвинител, ...

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги продолжија разговорите за статус на борците на ОНА

Канал5 - 04.12.2007

Тешко оди рекомпонирањето на етничкиот комитет. СДСМ одби да делегира свој претставник. За опозициската партија проблем е останувањето на Анита Кипаризовска Крстевска комитетот, која ја промени етничката припадност- од македонска во влашка и стана член на ова тело.