TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МВР не прецизира кога ќе го уапси Амди Бајрам

А1 - 16.04.2005

Амди Бајрам од синоќа е работа на полицијата. Неколку часа откако МВР вчера го прими налогот од Основниот суд во Скопје, распиша потерница за да го приведе и однесе во затворот Идризово на отслужување на затворска казна од 4 години.

Амди не го даваме!

Време - 16.04.2005

ЖИТЕЛИТЕ НА ШУТКА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВРХОВНИОТ СУД Жители на скопската општина Шуто Оризари вчера протестираа пред Врховниот суд. Тие бараа судот да го ослободи нивниот градоначалник Амди Бајрам, осуден на четири години затвор за украденото платно од штипскиот текстилен комбинат „Македонка“.

Амди не го даваме

Вест - 16.04.2005

ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА ГО БЛОКИРАА ВРХОВНИОТ СУД Сите Роми ќе потпишеле декларација дека Амди Бајрам за време на неговиот градоначалнички мандат немало да избега во странство Здружени граѓани од Шутка вчера напладне ја блокираа раскрсницата кај Врховниот суд во Скопје ...

Дупка - 102 отсто

Време - 16.04.2005

Сунчица Стојановска Да не му текнеше на Амди Бајрам да се кандидира за градоначалник на скопска Шутка, 102 отсто ќе беше сигурно дека никој немаше да се потресе поради дупката во Законот за локални избори. Во него законодавците заборавиле да прецизираат дали кандидатура за прв човек на општина може ...

Амди Бајрам сега е цел на полицијата

Утрински - 16.04.2005

Во МВР ја примија наредбата што ја проследи Основниот суд Скопје 2 Поддржувачите на Амди Бајрам, вчера ги почнаа протестите со кои се бара одложување на затворската казна Љубиша СТАНКОВИЌ Министерството за внатрешни работи вчера во попладневните часови ја прими наредбата за приведување на Амди ...

Животот го даваме, Амди не го даваме

Дневник - 16.04.2005

ПРОТЕСТЕН МАРШ НА РОМИТЕ Животот го даваме, Амди не го даваме. Десетина стари Ромки, облечени во традиционална ромска носија, седнати на раскрсницата кај Врховниот суд, во близина на трговскиот центар "Мавровка" во Скопје, решија со животот да го бранат од апсење Амди Бајрам, новоизбраниот ...

СЕ БАРА АМДИ БАЈРАМ

Вечер - 16.04.2005

Налогот за распишување потерница за новоизбраниот градоначалник на Шуто Оризари, Амди Бајрам , вчера пристигна во МВР. Портпаролот на ова министерство, Борче Пешевски ја потврди ваквата информација, додавајќи дека МВР откако вчера го добило барањето на Основниот суд Скопје 2, веќе презема мерки за ...

Приврзаниците на Амди Бајрам го блокираа Скопје

А1 - 15.04.2005

МВР по 2 дена го доби налогот за распишување на потерница по Амди Бајрам за издржување на казната затвор од 4 години за проневерените пари во аферата „исчезнато платно“. Во најскоро време ќе му ја врачи телеграмата за затворот Идризово, велат надлежните.

Шутка ќе штрајкува со глад ако Амди влезе во Идризово

Време - 15.04.2005

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ПРЕД ВРХОВНИОТ СУД Жителите на скопската општина Шуто Оризари денеска ќе протестираат, незадоволни од наредбата за потерница по нивниот градоначалник Амди Бајрам, најавија претставници на новоформираната граѓанска иницијатива вчера, на прес-конференција.

Амди Бајрам и вчера не замина во "Идризово"

Утрински - 15.04.2005

СЛУЧАЈ Наредбата за спроведување што Основниот суд Скопје 2 ја упати до Министерството за внатрешни работи сссо уште не пристигната и од тие причини полицијата не постапувала согласно со налогот. Се верува дека наредбата, која е испратена по пошта, ќе пристигне денеска, но дали и како ќе постапи ...

Протести за Амди Бајрам

Дневник - 15.04.2005

ШУТО ОРИЗАРИ Приврзаниците на Амди Бајрам денеска ќе протестираат во центарот на Скопје, но се закануваат дека ќе ги блокираат улиците за новиот градоначалник на Шуто Оризари да не биде приведен заради издржување казна затвор.

Протести за Амди Бајрам

Канал5 - 15.04.2005

Да се одложи затворската казна на Амди Бајрам, додека му трае градоначалничкиот мандат. Ова е барањето и причината за денешниот протест на граѓанската иницијатива од Шуто Оризри. Насобраните граѓани од општината пешки се упатија до Врховниот суд Да се одложи затворската казна на Амди Бајрам, додека ...

Сеуште не е распишана потерница за Амди Бајрам

А1 - 14.04.2005

Сеуште не е распишана потерница за екс-пратеникот и новоизбраниот градоначалник на скопска Шутка, Амди Бајрам. Налогот за распишување на потерница за Амди од Скопскиот основен 2 до МВР патува повеќе од 48 часа. Поддржувачите пак, на Амди Бајрам, бараат од Врховниот суд да го ослободи од обвинението ...

Бајрам: Ќе се самоубијам пред да ме затворат!

Време - 14.04.2005

СУДОТ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПОТЕРНИЦА Ќе се самоубијам пред да одам во затвор, ова е проштална порака. Вака реагираше Амди Бајрам откако слушна дека Основниот суд Скопје 2 вчера издаде наредба за потерница по него, за да ја издржи казната затвор од четири години поради исчезнатото платно од штипска ...

МВР чека наредба за приведување на Амди Бајрам

Утрински - 14.04.2005

Основниот суд Скопје 2 го доби известувањето од КПУ "Идризово" Љубиша СТАНКОВИЌ Известувањето испратено од Казнено-поправната установа "Идризовоои, кое се однесува на недоаѓањето на Амди Бајрам на издржување затворска казна, а што беше испратено до Основниот суд Скопје 2, во текот на вчерашниот ден ...

Бајрам ќе го апсат ако не се пријави

Дневник - 14.04.2005

ШУТО ОРИЗАРИ Претседателот на скопскиот Основен суд 2, Бојан Ефтимов, вчера го потпиша налогот за апсење на Амди Бајрам. МВР соопшти дека ќе постапува по налогот за апсење ако Бајрам сам не се пријави во "Идризово". Избраниот градоначалник на Шуто Оризари е осуден на четири години затвор.

Амди Бајрам "недостапен", Илко Георгиев болен

Вечер - 14.04.2005

Амди Бајрам, ниту вчера не се појави во затворот "Идризово", за да одлежи 4-годишна казна затвор. Новиот градоначалник на Шуто Оризари не се јавил ниту во просториите на Општината. Експратеникот воопшто не сака да зборува за затворската казна.

Скопје 2 со барање до МВР за потерница по Бајрам

А1 - 13.04.2005

Откако пред два дена екс-пратеникот Амди Бајрам не се пријави на издржување на 4-годишната казна затвор во Идризово, денеска Основниот суд Скопје 2 достави барање до МВР за да распише потерница за негово апсење. Амди Бајрам пак вели дека не оди во затвор, тој се уште немал добиено одговор од ...

Граѓаните не знаат кој им е градоначалник

Време - 13.04.2005

ХАОС ВО ШУТО ОРИЗАРИ Општинската зграда во Шуто Оризари ја обезбедува полиција, актуелниот градоначалник Ердуан Исени ја оспорува победата на противкандидатот Амди Бајрам, а полицијата чека известување од судот за да го приведе Бајрам во затворот во Идризово поради казната од четири години за ...

МВР ќе мора да го спроведе Амди Бајрам во затворот „Идризово“

Утрински - 13.04.2005

Новоизбраниот градоначалник на Шуто Оризари не се појави во казнено- поправна установа Според неофицијални информации, Апелациониот суд експресно ја отфрлил жалбата поднесена од адвокатот на Бајрам Министерството за внатрешни работи ќе мора да го спроведе новоизбраниот градоначалник на Шуто ...

Амди Бајрам ќе се жали на изборните резултати!

Утрински - 13.04.2005

Течат роковите за поднесување приговори на гласањето и прегласувањето во вториот круг Амди Бајрам, кандидат на Сојузот на Ромите, кој е избран на 10 април за градоначалник на скопската Општина Шуто Оризари, а со една нога е пред издржување затворска казна во †Идризовоои, ќе се жали на изборните ...

И градоначалник и затвореник!?

Дневник - 13.04.2005

Коментар - Сашо Кокаланов Испраќањето на Амди Бајрам в затвор, по само еден ден откако првите резултати од изборите за градоначалник на Шуто Оризари го промовираа како победник, ги става на тест правната држава и доследното почитување на законите.

На Бајрам ќе му заврши мандатот штом ќе стане градоначалник

Дневник - 13.04.2005

ШУТО ОРИЗАРИ Од здравствени причини не сум во можност да ви давам никакви изјави, ни рече Амди Бајрам, новиот градоначалник на Шуто Оризари. Тој не се јави на издржување на затворската казна во "Идризово" објаснувајќи дека неговите адвокати поднеле жалба.

Потерницата за Амди Бајрам патува за Скопје

Вечер - 13.04.2005

Новиот градоначалник на Шуто Оризари, Амди Бајрам, завчера не се појави во затворот "Идризово", каде треба да одлежи 4-годишна казна затвор. Заедно со своите симпатизери, тој ја прослави победата и воопшто не сака да зборува за затворската казна, велејќи дека поднел барање за одлагање на ...

Бајрам помеѓу градоначалничката фотеља и келија

А1 - 12.04.2005

Екс-пратеникот Амди Бајрам се уште е меѓу градоначалничката фотеља и затворската келија. И покрај правосилноста на пресудата неговите адвокати ги користат последните правни процедури за привремено одложување на затворската казна на Амди Бајрам.

Потерница за градоначалникот Амди

Вест - 12.04.2005

МАЈТАП ДРЖАВА - НАМЕСТО ВО ЗАТВОР, ВО ФОТЕЛЈА Амди Бајрам, кој победи на изборите за градоначалник на Шутка, вчера утро ни рече дека нема намера да оди в затвор. " Не прашувајте ме такви работи уште рано сабајле. Синоќа до доцна ги чекав резултатите од Држа Амди Бајрам, кој победи на изборите за ...

Амди Бајрам е растргнат меѓу Шутка и "Идризово"

Утрински - 12.04.2005

И покрај победата на изборите, експратеникот ќе мора да оди во затвор За Амди Бајрам не постоеја законски пречки да се кандидира за градоначалник ЉубиШа СтанковиЌ Борис Георгиевски Наместо првпат да влезе во градоначалничката канцеларија во Шуто Оризари, поранешниот пратеник Амди Бајрам, кој победи ...

Фотелја или ќелија за Бајрам?

Дневник - 12.04.2005

(Ш)УТКА ВО ЗАКОНОТ Ќе го запалиме Скопје ако полицијата го приведе нашиот градоначалник Амди Бајрам, се заканија вчера негови симпатизери пред штабот на Бајрам во Шуто Оризари. Новиот градоначалник на Шуто Оризари, Амди Бајрам, тврди дека никој нема право да му го одземе освоениот градоначалнички ...

Основниот суд 2 се уште не побарал од МВР да распише потерница по Амди Бајрам,

Канал5 - 12.04.2005

Основниот суд 2 се уште не побарал од МВР да распише потерница по Амди Бајрам, бидејќи тој вчера не се појави во затворот на издржување на четиригодишната казна за крадење платно од штипска Македонка. Наша обврска беше само да го известиме надлежниот суд Основниот суд 2 се уште не побарал од МВР да ...

Градоначалници во затвор

Вечер - 12.04.2005

Вонредни избори во Шуто Оризари за 70 дена, е најверојатниот епилог на фарсата наречена "избор на градоначалник на Шуто Оризари". Амди Бајрам, кој завчера беше избран за градоначалник на оваа Општина, најдоцна вчера до 18 часот требаше да се јави на издржување 4 и пол годишна казна затвор.

Амди Бајрам - градоначалник на Шуто Оризари

А1 - 11.04.2005

Екс-пратеникот Амди Бајрам слави. Го доби градоначалничкиот мандат во општина Шуто Оризари, во истиот ден кога требаше да биде зад решетки за аферата исчезнато платно. Но, тој не се пријави во затворот во Идризово, седна и во градоначалничката фотеља.

Амди Бајрам ноќеска градоначалник, денеска затвореник!?

Дневник - 11.04.2005

ШУТО ОРИЗАРИ Кандидатот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, синоќа изјави дека со 202 гласа предност го победил противкандидатот Ердоан Исени од коалицијата "За" и станал градоначалник на општина Шуто Оризари. Но, неизвесно е дали и колку ќе остане во градоначалничката фотелја.

АМДИ БАЈРАМ ПОБЕДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ И НЕ ПОМИСЛУВА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР

Канал5 - 11.04.2005

Амди Бајрам, според директорот на Идризово Киро Кромидаровски, денеска до 16 часот требаше да се јави во затворот на издржување на казната за крадење платно од штипска Македонка.. Но, Бајрам не ни помислува да оди на издржување на казната..