TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ и ДУИ го обвинија Груевски за создавање конфузија

Утрински - 13.05.2006

Владејачката коалиција ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за режиран меѓуетнички судир Премиерот Владо Бучковски е огорчен од изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој обвини дека СДСМ режира меѓуетнички конфликт во функција на изборите.

Никој не може да исклучи второ Кондово

Време - 13.05.2006

Сунчица Стојановска Можна е вештачка меѓуетничка криза пред избори, има причини за претпазливост, но не и за загриженост, оценуваат домашни аналитичари, по изјавата на Груевски дека врвот на СДСМ планира криза што тие веднаш би ја смириле за да поентираат на изборите во јули.

Учките се вратија

Вечер Прес - 13.05.2006

Стотина вооружени Косовци од поранешната УЧК, веќе дваесетина дена се укотвени во тетовското село Непроштено, дознава "Вечер". Целта на вооружената група, која редовно патролирала и во соседните села со етничко албанско население, е предизвикување на нови меѓуетнички тензии во земјава, тврдат ...

Груевски го обвини СДСМ дека токми меѓуетничка криза

Дневник - 12.05.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера го обвини СДСМ дека планира фингирана меѓуетничка криза пред изборите. Владејачката партија веднаш го демантира обвинувањето. - Имаме информации дека дел од раководството на СДСМ размислува вештачки да предизвика меѓуетничка криза со идеја експресно ...

Има ли реална опасност од влошување на безбедноста во земјава пред изборите?

Канал5 - 12.05.2006

Безбедноста е вратена како предизборна тема. Изјавата на Груевски дека СДСМ размислува вештачки да предизвика меѓуетничка криза, а потоа, решавајќи ја - да собере поени за изборите, покажува дека ова прашање може да се користи изборен адут и пет години по конфликтот.

СДСМ креира меѓуетничка криза пред изборите

Време - 12.05.2006

НИКОЛА ГРУЕВСКИ ТВРДИ Потесна група во СДСМ размислува пред изборите да креира вештачка меѓуетничка криза, која тие брзо би ја смириле за да поентираат, изјави вчера Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. - Во минатото имавме такви ситуации што завршија неславно бидејќи излегоа од контрола, а ...

Меѓусебни обвинувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 12.05.2006

Кампања Груевски изјави дека СДСМ подготвува меѓуетничка криза Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера ги обвини СДСМ дека подготвуваат вештачка меѓуетничка криза со која планираат успешно да се справат со цел да поентираат пред електоратот.

Груевски: СДСМ пред изборите планираат да предизвика вештачка меѓуетничка криза

Канал5 - 11.05.2006

Раководството на СДСМ размислува предизборно, да предизвика вештачка меѓуетничка криза,а потоа решавајќи ја да собере поени за изборите – со вакво сериозно обвинување денеска настапи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Раководството на СДСМ размислува предизборно, да предизвика вештачка ...