TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата не обезбеди поддршка од опозицијата за законот за симболите

А1 - 11.06.2005

Владата не успеа да обезбеди поддршка од опозиционите партии за законот за симболите, денеска на заедничката седенка во Маврово. ВМРО Народна најавува дека ќе поднесе амандмани за измена на владиниот текст, кој пред пратениците ќе се најде на 22 јуни.

Албанците бараат и во Куманово да се вее албанското знаме

Утрински - 11.06.2005

Протест КУМАНОВО - Неколку стотици Албанци од Куманово вчера попладне се собраа на паркингот пред зелениот пазар и протестираа против предложениот член од Предлог-законот за употреба на знамињата на малцинствата во општините каде што претставуваат мнозинство од 50 отсто.

ДУИ бара ново знаме, химна и грб

Дневник - 11.06.2005

ДРЖАВНИ СИМБОЛИ Владејачката ДУИ ќе бара да се сменат знамето, грбот и химната, зашто смета дека Албанците не можат да се идентификуваат со овие државни симболи. - Тие се симболи на друга држава, од друго време. Проблемот, кој упорно се турка под тепих, треба конечно да се реши.

Нова химна и грб?!

Вечер Прес - 11.06.2005

Пратеникот Рафис Алити од ДУИ, на седницата на која ќе се расправа за употребата на знамињата на етничките заедници, ќе го потегне и прашањето за промена на грбот и химната. -Албанците не се идентификуваат и со другите државни симболи и сега е моментот тоа да се каже јавно, вели Алити.

Собрание - расправа по предлог законот за знамињата

Макфакс - 09.06.2005

Скопје Собранието на Македонија денеска ја продолжи расправата по предлог - законот за употреба на знамињата на кој забелешки имаат и пратениците од позицијата, и од опозицијата. Седницата минува во знакот на особено остри критики од страна на пратениците од опозицијата, кои најавија дека ќе ...

Собраниска расправа за предлог законот за знамиња

Макфакс - 09.06.2005

Скопје Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по предлог - законот за употреба на знамињата на кој забелешки имаат и пратениците од позицијата, и од опозицијата. Особено остри критики вчера, на првиот ден од расправата, изнесоа пратениците од опозицијата, кои најавија дека ...

Албанското знаме само онаму каде што Албанците се мнозинство

Утрински - 08.06.2005

Министерството за правда го претстави новиот закон за употреба на симболите Припадниците на албанската заедница си избраа знаме со кое ќе се идентификуваат и кое ќе го употребуваат, вели Јакупи Албанското знаме ќе се употребува само во општините каде што Албанците во Македонија се мнозинство, ...

Знамињата ќе се редат како на Олимписки игри

Вест - 08.06.2005

ЗАКОНОТ ЗА ЗНАМИЊАТА ВЛЕГУВА ВО СОБРАНИСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ Ќе има и случаи кога ќе има и повеќе од три знамиња на општинските објекти, па во тој случај државното знаме ќе биде прво а другите по него во редот, како на олимписки игри Предлог-законот за употреба на знамињата на заедниците во Република ...

Со законот за знамиња се враќаме во 1997 година

Време - 08.06.2005

ЈАВНОСТА СЕ ПОДЕЛИ ЗА СИМБОЛИТЕ Со новиот закон за употреба на симболите не се решаваат, туку се продлабочуваат проблемите, оцени вчера опозициската ПДП, според која албанското знаме треба да се истакнува и во општините во кои Албанците се застапени со 20 проценти.

Јакупи за знамиња на туѓи држави

Дневник - 08.06.2005

ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА го брани коалицискиот договор Припадниците на заедниците како свое можат слободно да истакнуваат знаме на друга држава под услов да се мнозинство во општините и со тоа нема да го нарушат државниот суверенитет, тврди заменик-министерот за правда, Субхи Јакупи.

ПДП е против цензусот за знамињата

Утрински - 08.06.2005

Прес ПДП нема да го поддржи Предлог-законот за употреба на знамињата на заедниците, бидејќи за оваа партија е неприфатлив цензусот од 50 проценти застапеност на етничките заедници во одредена општина како услов за употреба на нивното знаме.

Собрание - денеска за предлог законот за знамињата

Макфакс - 08.06.2005

Скопје Собранието на Македонија се очекува денеска да почне со разгледување и амандманска расправа по предлог - законот за употреба на знамињата на заедниците. Овој законски предлог, пред да влезе во собраниска процедура предизвика поделеност меѓу пратениците и од опозицијата и од позицијата.

Почна собраниската расправа за предлог законот за знамињата

Макфакс - 08.06.2005

Скопје Собранието на Македонија попладнево започна со разгледување на предлог - законот за употреба на знамињата на заедниците. По експозето на заменикот - министер за правда Субхи Јакупи, парламентот отиде на получасовна пауза на барање на опозиционата ВМРО-НП.

Орел или сонце - избор на публиката

Вечер Прес - 08.06.2005

Предлог - законот за употреба на знамиња на заедниците во Македонија не може да падне на Уставен суд, од причина што во 2001 година се донесени нови уставни амандмани. Ова е аргументот со кој излезе заменик-министерот за правда, Субхи Јакупи, за новиот владин предлог за употреба на знамињата.

Предлог законот за знамињата во собраниска процедура

А1 - 07.06.2005

Истакнувањето на државното знаме на Албанија како симбол на албанската заедница во Македонија денеска беше жестоко бранета од заменик министерот за правда, Субхи Јакупи. Иако идентични решенија од законот од 1998-та беа поништени од Уставниот суд, и тоа на иницијатива на денеска коалициониот ...

Законот за употреба на знамињата на заедниците во собраниска процедура

Канал5 - 07.06.2005

Пратениците опозиционери го дочекаа со критики владиното законско решение за начинот на употребата на знамињата на заедниците во земјава кое денеска стигна во нивните раце. Се нарушува суверенитетот на Македонија со тоа што до македонското ќе се Пратениците опозиционери го дочекаа со критики ...

Владата гради јарболи за туѓи знамиња

Дневник - 07.06.2005

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕДУПРЕДУВА Со предлог-законот за употреба на знамињата на заедниците Владата дозволува да се употребува знаме на друга држава на територијата на Македонија, што е неприфатливо и противуставно, тврдат опозициските партии.

Двоглавиот орел ќе ги крши копјата

Вечер Прес - 07.06.2005

Предлог-законот на Владата за употребата на знамињата во РМ е стигнат во македонскиот Парламент. И тоа е одговорот на владиниот портпарол на прашањето: "Како Владата гледа на мислењето на екс-претседателот на Уставниот суд, Милан Недков, кој изјави дека и последниот предлог- закон за употреба на ...

Скопскиот и кумановскиот разгранок на ДУИ против Ахмети

Дневник - 06.06.2005

ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊА ОКОЛУ УПОТРЕБАТА НА ЗНАМИЊАТА Некои структури на ДУИ лобираат кај пратениците да не гласаат за предлогот бидејќи тоа ќе значи "предавство на албанското население" Албанскиот политички блок се повеќе се обединува против владиниот предлог за употреба на етничките симболи кој, ...

Грчки знамиња од Битола до Меџитлија

Дневник - 06.06.2005

ХАОС СО ЗНАМИЊАТА Ако сакаме да сме држава со сите нишани и да не почитуваат странците, македонските власти треба конечно да почнат да ги спроведуваат законите, кои се навистина јасно напишани. Грчките бизнисмени, охрабрени од она што го гледаат во Тетово, Гостивар и во другите градови и села од ...