TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неисплатен надомест ги запали битолските пожарникари

Дневник - 14.09.2007

Триесетина битолски пожарникари се закануваат дека ќе протестираат ако општината не им ја исплати итно прекувремената работа за јули годинава, кога во Битола имаше повеќе пожари. Поединечно секој од вработените побарува над 40 илјади денари или вкупно за сите околу 20.000 евра.

Пожарникарите бараат пари за прекувремена работа

Време - 14.09.2007

БИТОЛА Битолските пожарникари вчера јавно реагираа искажувајќи го своето незадоволство што не им се исплатени парите за прекувремената работа и за регрес во претходните две години. - Во јули, кога беснееја пожарите во Битола, остваривме 120 часа прекувремена работа, а побаруваме пари по 150 часа за ...

Протест на 30 битолски пожарникари

А1 - 13.09.2007

30 битолски пожарникари протестираат затоа што не им е исплатена прекувремената работа и регресот за две години. Тие побаруваат по 40.000 денари, но досега не добија одговор од градоначалникот. „Ние имаме поднесено неколку пати барање што законски им следува на пожарникарите.

Жителите на Аеродром против одлуките на градоначалникот

Канал5 - 13.09.2007

31 битолски пожарникар бараат исплата на заостанати надоместоци за прекувремено одработени 150 работни часа за време на големиот пожар во Битола во јули, како и повеќе од 150 прекувремени часа во 2007 и 2006 година. 31 битолски пожарникар бараат исплата на заостанати надоместоци за прекувремено ...

Француска пожарна ќе гасне во Битола

Дневник - 13.09.2007

Амбасадорот на Франција, Бернар Валеро, вчера на градоначалникот на Битола Владимир Талески му врачи клучеви од теренско противпожарно возило , кое е донација за битолската Противпожарна единица. Возилото е „мерцедес-бенц“, а неговата цистерна собира 3.500 литри вода.

Француската амбасада донира пожарникарско возило

Утрински - 13.09.2007

БИТОЛА - Француската амбасада вчера и' донира на Општина Битола противпожарно теренско возило марка „мерцедес-бенц” со зафатнина од 3.500 литри, произведено 1979 година. Ова е прва француска донација во противпожарна опрема за Македонија.

Протест на пожарникарите во Атина

А1 - 11.09.2007

Неколку стотини грчки пожарникари, кои немаат договор за постојано вработување, протестираа денеска во Атина, со барање за склучат такви договори. Учесниците во протестот минаа низ центарот на градот носејќи погребен венец, кои го положија гробот на незнајниот јунак.