TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Републиканците ја напуштија Владата на Бериша

А1 - 23.03.2008

Втората по големина партија во Владата на Сали Бериша, Републиканската партија ја напушти Владата поради трагедијата кај Грдец и оставката на министерот за одбрана Фатмир Медиу, кој е претседател на партијата. Највисоките тела на партијата одлучија да го замрзнат учеството во Владата до моментот ...

Во болница почина 22-та жртва на катастрофалната експлозија во Грдец, Албанија

Канал5 - 23.03.2008

Екс командантот на КФОР, Фабио Мини, веднаш по несреќата во Грдец не ја исклучи можноста дека станува збор за саботажа. Сега албанското јавно обвинителство не ја исклучува можноста за терористички акт, чиј биланс до сега се 22 жртви, над 300 повредени и повеќе од 4200 целосно или делумно разрушени ...

Масовни протести во Тирана

А1 - 22.03.2008

Повеќе илјади приврзаници на опозицијата учествуваа во масовниот протест наречен „Марш на молкот“, што синоќа се одржа во Тирана, по повод трагедија во Грдец. Со свеќи во рака и без партиски знамиња, предводен од лидерите на опозиционите партии Еди Рама и Илир Мета, маршот се одвиваше низ ...

Бериша призна пропусти на државните институции во врска со трагедијата во Грдец

Канал5 - 22.03.2008

Албанскиот премиер Сали Бериша призна дека трагедијата во Грдец извадила на виделина големи пропусти на Владата во многу правци и инситуции, јави дописникот на МИА од Тирана. На седницата на Кризниот штаб, со кој раководи Бериша, тој ветил темелни промени и реформи кои ќе бидат реализирани во ...

Бериша призна дека постоеле големи пропусти во Грдец и вети темелни реформи

Канал5 - 22.03.2008

Премиерот Бериша конечно призна дека трагедијата во Грдец извадила на виделина големи пропусти на Владата во многу правци и институции, ветувајќи темелни промени и реформи кои ќе биделе реализирани во соработка со опозицијата.

Притворeни првите луѓе на фабриката во Грдец

А1 - 21.03.2008

Притвор на неодредено време му е одреден на Михаил Делѓорѓи, сопственик на фабриката за демонтирање на муниција во Грдец. Иста мерка е одредена и за директорот на фирмата „Меиуко“ Или Пинари и директорот на фабриката во Грдец Дритан Минџоли.

Пред експлозијата во Грдец имало над 100 работници

Дневник - 21.03.2008

Една од малкуте преживеани работници, која во критичниот момент била во воениот магацин во селото Грдец, тврди дека бројот на загинатите во оваа катастрофа е далеку поголем од тој што официјално се кажува. Тука имаше над сто работници. Има многу повеќе мртви отколку што тврдат властите.

Албанија бара помош од ФБИ за истрагата за експлозијата

А1 - 20.03.2008

Албанија официјално побара помош од американските институции околу истрагата за големата трагедија предизвикана од експлозијата во воениот магазин во Грдец. За таа цел, Јавниот Обвинител на Албанија Ина Рама се обрати официјално до САД со барање стручни лица на ФБИ да се вклучат во истрагата.

Четворица уапсени за експлозијата во Грдец

Време - 19.03.2008

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ ЛИЦА Албанија вчера прогласи Ден на жалост, додека бројот на загинати во саботните експлозии во воениот магацин крај селото Грдец во Албанија се зголеми на 20 лица, јавува МИА. Се уште не е јасна судбината на многумина работници и селани од околните села кои се ...

Уапсени тројца осомничени за експлозијата во Грдец

Дневник - 19.03.2008

Албанската полиција вчера уапси тројца осомничени за експлозијата на воениот магацин во местото Грдец, кај Тирана, јави МИА. Уапсени се директорот на фирмата „МЕИКО“ Или Пинари, Михал Делијорѓи, првиот човек на фирмата „Алба Демил“, која вршела демонтирање на муницијата во воениот магацин, и ...

Досега 20 загинати во Албанија

А1 - 18.03.2008

Бројката на загинати во експлозијата во воениот магацин во Тирана се искачи на 20. Властите стравуваат дека ова не е конечна бројка и дека бројот на загинатите ќе биде поголем, бидејќи се уште не се знае судбината на многу работници и жители од селото кои се водат како исчезнати.

Протести во Албанија, министерот за одбрана поднесе оставка

Утрински - 18.03.2008

Бројот на загинатите се искачи на 15, тешко повредени над 300 лица Тирана – Жителите на градот Вора, во чија близина се наоѓа селото Грдец каде викендов дојде до експлозија во магацин за оружје вчера започнаа масовен протест.

Оставка на албанскиот министер за одбрана

Вест - 18.03.2008

ПО НЕСРЕЌАТА ВО ДЕПОТО ЗА МУНИЦИЈА ТИРАНА, 18 март (Ројтерс) - Албанскиот министер за одбрана Фатмир Медиу вчера поднесе оставка по несреќата во депото за муниција. Спасувачките екипи вчера најдоа тело на дете во близина на местото на масовните експлозиите во депото во близина на Тира ТИРАНА, 18 ...

Не се знае судбината на 121 лице

Дневник - 18.03.2008

Работниците биле ангажирани во демонтирање на десетте тони муниција во магацинот, нивен транспорт и чистење Бројот на жртвите од катастрофалната експлозија на воениот магацин во селото Грдец, во близина на Тирана, порасна на петнаесет-мина луѓе, а во критична здравствена состојба состојба се' уште ...

Во Македонија нема радијација од експлозијата во Албанија

Утрински - 18.03.2008

Никој не знае да објасни зошто детонацијата е почувствувана со голем интензитет кај нас Билјана Ангеловска Експлозијата во военото депо во Грдец, во близината на Тирана, засега не предизвика никаква радијациска реакција во нашава држава.

Во Албанија денеска ден на национална жалост

Канал5 - 18.03.2008

Поради големата несреќа во воениот магацин во селото Грдец, албанската Влада денешниот ден го прогласи за ден на национална жалост. Како што јави дописникот на МИА од Тирана Во 12 часот на пладне ќе се одржи едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите, а на сите државни институции знамињата ...

Тирана не ја исклучува можноста од криминален акт

Време - 18.03.2008

ПО КАТАСТРОФАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО АЛБАНИЈА Државната обвинителка на Албанија, Ина Рама, изјави дека истражните органи не ја исклучуваат верзијата саботната експлозија во магацините со муниција во Грдец крај Тирана да е криминален акт, соопшти албанската агенција АНА.

Можна е и саботажа?

Вечер Прес - 18.03.2008

Државниот обвинител на Албанија Ина Рама изјави дека истражните органи не ја исклучуваат можноста експлозијата во магацинот во Гердец крај Тирана, да е криминален акт, соопшти албанската агенција АТА. "Формиран е истражен тим од обвинители, полицијаци и експерти кои ќе ја истражуваат трагедијата и ...

Албанскиот министер за одбрана поднесе оставка

А1 - 17.03.2008

Министерот за одбрана на Албанија, Фатмир Медиу, денеска поднесе оставка на функцијата, јави албанската агенција АТА. Оставката Медиу му ја доставил на албанскиот премиер Сали Бериша. Албанската Влада потврди дека министерот за одбрана Фатмир Медиу поднел оставка.

Потрага по жртвите од големата експлозија во Грдец

Утрински - 17.03.2008

Експлозијата создаде кратери, некои со дијаметар од 50 метри и длабочина од 20 метри ТИРАНА - Околу 400 албански војници вчера ги пребаруваа остатоците во потрага по преживеани по големата експлозија на муниција што уништи воено депо и при што загинаа најмалку девет лица.

Повеќе од 250 повредени и неодреден број загинати

Време - 17.03.2008

КАТАСТРОФАЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЛИЗИНА НА ТИРАНА Најмалку десет лица загинаа, а околу 250 лица се повредени при серија експлозии на магацин со оружје во селото Гердец, на 10 километри северно од главниот град на Албанија, Тирана, а се стравува дека при расчистувањето на урнатините ќе бидат пронајдени ...

15 загинати и 300 повредени е последниот официјален трагичен биланс од катастрофата во Албанија

Канал5 - 17.03.2008

Расте бројот на жртвите од експлозијата во селото Грдец. Официјално загинати 15, повредени над триста. Од кратер на експлозијата извадени се четири јагленосани тела на тројца мажи и една жена. Над илјада припадници на полициските и армиските специјални сили , со 149 возила и три хеликоптери ја ...

Експлозиите ја стресоа и Македонија

Време - 17.03.2008

ПО ПОЖАРОТ ВО АЛБАНИЈА Триста и педесет единици крв, голем број лекови, претежно антибиотици, најпотребен медицински материјал беа испорачани од Македонија за настраданите во експлозиите во Албанија. Владата изрази жалење за несреќата и ги стави на располагање сите расположливи средства за помош на ...

Спасувачи бараат преживеани од експлозиите во Албанија

Вест - 17.03.2008

ГЕРДЕЦ, Албанија, 17 март (Ројтерс) - Околу 400 албански војници вчера пребаруваа урнатини во потрага по преживеани од огромната експлозија на муниција која уништи воена база и уби најмалку шест луѓе. ГЕРДЕЦ, Албанија, 17 март (Ројтерс) - Околу 400 албански војници вчера пребаруваа урнатини во ...

Албанија ги брои жртвите од експлозијата

Дневник - 17.03.2008

Направени се неколку кратери, а некои се со дијаметар од 50 метри и длабоки се дваесетина метри Илјада припадници на албанската армија вчера ги прекопуваа урнатините, во потрага по преживеани од огромната експлозија на муниција што ја разурна воената база и во која загинаа најмалку осум, а ...

Шеесет мртви, 244 ранети и уште толку исчезнати

Вечер Прес - 17.03.2008

Светските медиуми и агенции пренесуваат различни информации околу саботната катастрофа за видот на оружјето кое експлодирало, точниот број на мртви, повредени и исчезнати во трагедијата близу магацинот за оружје на албанската армија во Гердец Од час на час се золемува бројката на загинати и ...