TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Влајко“ ги заслепува возачите

Време - 08.06.2006

НАДЗЕМНИОТ ПРЕМИН РЕШИ ЕДЕН ПРОБЛЕМ, НО СОЗДАДЕ ДРУГ Заслепувачка светлина рефлектира покривот на надземниот пешачки премин „Влајко“ и ни создава големи проблеми при возењето, се жалат возачи што редовно поминуваат под мостот, во насока кон населбата Ѓорче Петров.

Влајко ќе стане НВО-центар

Време - 06.06.2006

ПО НЕУСПЕШНИТЕ ЛИЦИТАЦИИ Скопските невладини организации ќе имаат можност бесплатно да изнајмат простории за работа во надземниот премин „Влајко“, откако пропадна и четвртиот обид на општината Карпош да ги продаде 13-те преостанати дуќани во објектот.

„Влајко“ - школски пример за промашена инвестиција

Дневник - 06.06.2006

Бесплатното издавање на дуќаните од надземниот пешачки премин „Влајко“ дефинитивно покажа дека огромната инвестиција на општината Карпош може да се нарече само промашена. И тоа во секој аспект. Експертите уште одамна укажуваа дека за изградбата на големиот надвозник непотребно се трошат многу пари ...

Џинот Влајко промашена инвестиција!?

Вечер Прес - 06.06.2006

Заинтересирани лица за купување на дуќаните на пешачкиот надвозник "Влајко" нема.Тие ќе се делат на невладини организации и граѓански здруженија кои бараат бесплатен простор за работа. Оваа одлука на Општина Карпош ја соопшти градоначалникот Андреј Петров информирајќи дека изградбата на џиновскиот ...

Заврши изградбата на "Влајко"

Вест - 05.06.2006

Општина Карпош ја заврши изградбата на надземниот пешачки премин "Влајко". Од Општината велат дека останува да се стават приклучоци, да се доуреди зеленилото и да се заврши техничкиот прием на објектот. Општинските власти одржале јавни лицитации за дуќаните на "Влајко", но поради незаинтересираност ...

Дуќаните во „Влајко“ за НВО

Утрински - 05.06.2006

КАРПОШ Непродадените 13 локали во надземниот премин „Влајко“, Општина Карпош, ќе им ги отстапи на невладините организации, младинските и граѓанските друштва, кои нема да плаќаат кирија, туку единствено ќе треба да ги намируваат комуналните трошоци.