TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дивидендата од „Телеком“ ќе се договара допрва

Утрински - 18.02.2006

Колку пари ќе поделат Унгарците и Владата Првиот човек на „Телеком“, Атила Сендреи, не прецизира по колку ќе се офајдат заедно со Владата, бидејќи сў уште се анализира работењето од 2005 година По колку пари ќе поделат Унгарците и Владата на име дивиденда од приходот на "Телеком" за минатата ...

Учесниците се сомневаат, телекомот ветува регуларен избор

Дневник - 18.02.2006

ЕВРОСОНГ 2006 Повеќето учесници на годинашниот избор на песна за Евросонг не веруваат дека победникот ќе биде избран регуларно. Причините за нивниот сомнеж се форсирањето одредени пејачи во медиумите, ланските случувања и неограниченото телефонско гласање.

ЕУ ќе го урива монополот на телекомот

Дневник - 18.02.2006

МАКЕДОНИЈА ПОД ЛУПАТА НА БРИСЕЛ Експерти од Европска Унија испитуваат дали Владата ги исполнува обврските за либерализација на пазарот за фиксна телефонија и дали создава услови за фер конкуренција. Двајца европските инспектори дојдоа по поплаките на неколку фирми-кандидати за фиксни оператори дека ...

„Телеком“ со анализи за нови работни места

А1 - 17.02.2006

„Телеком“ прави анализи за кастрење на работните места. Први на удар се службите за одржување на објектите и преведувачите, изјави директорот на компанијата, Атила Сендреј. А1 веќе објави дека „Телеком“ сака да одвои дел од несуштинските дејности. Се бараат приватни фирми што ќе ги преземат.

Штелувани цени на телекомот

Време - 17.02.2006

ВМРО-ДПМНЕ Владата ја чува какао државна тајна понудата од „Македонски телекомуникации“ за цените за интерконекција во фиксната телефонија и на тој начин признава дека цените воопшто не биле намалени за 40 отсто, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ, јавува МИА.

„Телеком" доби повисока цена за интерконекција од бараната

Утрински - 17.02.2006

ВМРО-ДПМНЕ бара објаснување од Владата ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да и појасни на јавноста како се случило „Телеком" да побара пониска цена за интерконекција на идните оператори, а Владата да и одобри повисока. „Телеком" побарал просечната цена за интерконекција на оператори кон нивната мрежа да ...

Телеком не одлучил за висината на дивидендата што ќе ја даде на Владата

Канал5 - 17.02.2006

„Телеком“ се уште не ја утврдил дивидендата за минатата година. Лани во истово време, висината на дивидендата од 42 милиона евра ја најави првиот човек на „Матав“, Елек Штрауб при посетата на земјава. Телеком се уште не ја утврдил дивидендата за минатата година.

Наместо помали, повисоки цени за интерконекција

Вечер Прес - 17.02.2006

Од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека наместо најавеното намалување на цените за интерконекција за 40 отсто, всушност има зголемување за цели пет насто. Зоран Трајчевски од оваа опозициона партија ја повика Владата да и појасни на јавноста дали побараната просечна цена од страна на "Македонски ...

На Евровизија ќе се гласа со неограничен телевоутинг

Вест - 16.02.2006

Македонски телекомуникации пресекоа- гласањето по телевоутинг за домашниот избор за песна за Евровизијата ќе биде неограничено. Во официјалниот документ што завчера го доби МТВ стои дека неограничувањето е заради сигурност и веќе проверениот систем- Македонски телекомуникации пресекоа- гласањето по ...

Владата очекува 44 милиони евра од телекомот

Дневник - 16.02.2006

ПОДЕЛБА НА дивидендата Владата очекува дивиденда иста како и ланската од околу 44 милиони евра за 47,1 отсто од акциите во "Македонски телекомуникации". Ваквите пресметки се врз основа на финансиските резултати за лани, кои се на исто ниво како во 2004 година.

Новите договори - озаконет криминал

Дневник - 16.02.2006

"ПРУЖИ ОТПОР - КАЖИ НЕ" против телекомот Корисниците на фиксни телефони да не ги потпишуваат договорите со "Македонски телекомуникации" пристигнати со сметките за јануари и да не ги плаќаат сметките до 31 март годинава, повика Граѓанската акција "Пружи отпор - кажи не" на вчерашната ...

Цените за интерконекција се зголемени, на намалени како што објави Телеком, тврди ВМРО ДПМНЕ

Канал5 - 16.02.2006

Агенцијата за електронски комуникации одобрила цени за интерконекција зголемени за 5 отсто од она што стоело во понудата на Телеком, а не помали за 40, како што тврдеше компанијата монопол. Вака ВМРО ДПМНЕ ја толкува тајноста на агенцијата која досега не ја објавила референтната понуда на „Телеком“.

Со правната служба и архивата на Телеком ќе раководат приватни фирми

А1 - 15.02.2006

Со правната служба и архивата на Телеком ќе раководат приватни фирми. Унгарското раководство ја продолжува практиката да ги кастри работните места со одвојување на капацитетите од Телекомот. Со 50-тина вработени од овие служби ќе газдуваат надворешни компании, се чека неформален амин од Владата за ...

„Пружи отпор, кажи не“ за референдум против Телеком

А1 - 15.02.2006

По двегодишните обиди за докажување наводното криминално работење на А.Д. Македонски телекомуникации, граѓанската акција „Пружи отпор, кажи не“ сега иницира собирање на потписи за распишување на референдум со цел да се ставело крај на монополското работење на Матав, помогнат од државните ...

Телеком ќе го спонзорира македонскиот фудбал

Време - 15.02.2006

ФУДБАЛ Златко Крстевски Александра К. Мишовска „Македонски телекомуникации“ ќе биде главен спонзор на Фудбалската федерација на Македонија, откако двете страни се пред потпис на договорот за генерално покровителство- Точно е дека сме во сериозни преговори.

„Телеком“ не ги потенцирал измените во новиот договор

Утрински - 15.02.2006

Агенцијата за електронски комуникации излезе со свој став Требало и посебно да се истакне дека ако некој не се согласува со измените, да може да го раскине договорот Договорот што го добија граѓаните со последната телефонска сметка од страна на "Македонски телекомуникации", според надлежните од ...

Ќе се гласа неограничено

Дневник - 15.02.2006

ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ЕВРОСОНГ На годинашното издание на националниот евровизиски избор, телевоутингот да биде неограничен предложиле Македонски телекомуникации, заради сигурност на системот што во реално време ги брои гласовите од сите телефонски гласачи во Македонија.

Гласањето за Евровизијата - неограничено!

Вечер Прес - 15.02.2006

Телефонското гласање за националниот избор за песна на Евровизија ќе биде неограничено, а со тоа и можностите за шпекулации исто така неограничени. Вчера, МРТВ и официјално ги извести медиумите со следново писмо: "Имајќи го предвид известувањето на Македонски телекомуникации бр.

Телеком не кажува дали ќе има ограничен телевоутинг

Вест - 14.02.2006

ПОВТОРНО СОМНЕЖИ КАЈ АВТОРИТЕ НА ПЕСНИТЕ ЗА ЕВРОВИЗИЈА Македонската телевизија се уште нема добиено одговор од "Македонски телекомуникации" дали телевоутингот за изборот на песна за Евровизија може да се ограничи. Факсот од Телеком, во кој официјално требаше да биде потврдено гласањето и ...

Нов договор за стар претплатнички однос со „Телеком“

Утрински - 14.02.2006

Документ доставен со јануарските телефонски сметки предизвика недоразбирање кај граѓаните ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Со последните јануарски сметки за телефон, граѓаните добија и дополнителен лист во кој на две страници се наведени правата и обврските на секој корисник, но и на "Македонски телекомуникации", ...

Тимови на учесниците ќе го надгледуваат гласањето

Дневник - 14.02.2006

ЗА националниот ЕВРОСОНГ Националниот "Евросонг" ќе се одржи на 4 март, зашто МТВ имала проблеми во процедурата на набавката на нова техника од Австрија, која ќе ја искористи за подобро организирање на изборот. Најавениот термин - 26 февруари, кој се совпадна со смртта на претседателот Борис ...

Телекомот и "Мобимак" со 240 милиони евра приход

Дневник - 14.02.2006

"МАЃАР ТЕЛЕКОМ" ГИ ОБЈАВИ ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ "Македонски телекомуникации" и "Мобимак" лани оствариле приход од околу 240 милиони евра, покажуваат вчера објавените податоците за работењето на "Маѓар телеком". Споредено со 2004 година, телекомот има помали приходи, а мобилниот оператор забележал ...

Ограниченото гласање по три пати, неизвесно!

Вечер Прес - 14.02.2006

Организаторот на домашниот избор за Евросонг вчера на пладне ги собраа новинарите во големата сала на МТВ, повторно на тема домашниот избор за Евросонг, овој пат одложен од 26 февруари за четврти март. В.Д. директорот на МТВ Јане Теохаревски причините за одложувањето ги поврза со двегодишнината од ...

Ти мене дивиденда - јас тебе монопол

Време - 13.02.2006

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ТЕЛЕКОМОТ На Владата не и е на крај памет да воведе конкуренција во фиксната телефонија, а состојбата во телекомуникацискиот сектор во земјава е „ти мене дивиденда - јас тебе монопол“, рече вчера Зоран Трајчевски, претседател на комисијата за телекомуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата не размислува за конкуренција во фиксната телефонија

Вечер Прес - 13.02.2006

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на Владата не и е ни на крај памет да воведе конкуренција во фиксната телефонија, поради што македонските граѓани ќе мора да почекаат таа да си замине од политичката сцена за да настапи вистинскиот процес на либерализација во оваа област.