TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Барикадата кај клучката за Камењане ги запре патролите

Утрински - 21.02.2002

Етнички мешаната полиција не влезе во ниедно од 15-те села во Тетовско ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - На автопатот Тетово-Гостивар, веднаш на почетокот кај клучката за Камењане, локални жители етнички Албанци поставиле барикада од трактор и патничко возило зад кои имало 40-тина луѓе и со тоа ги попречиле ...

Албанците бараат во "мешаните" патроли да има само Албанци!?

Дневник - 21.02.2002

МВР НЕ МОЖЕ ДА ПАТРОЛИРА ВО ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА Етнички мешаните полициски патроли вчера не успеаја да влезат во планираните 15 тетовски села поради блокадите што ги поставило локалното албанско население. Албанците од Камењане поставиле блокади на влезот на селото, односно на автопатот Тетово-Гостивар ...

Полицијата не влезе во 15-те планирани села

А1 - 20.02.2002

„Полициските патроли денеска не влегоа во планираните 15 села во Тетовско поради блокада на месното население кај селото Камењане“, изјави портпаролот на координативното тело за справување со кризи Зоран Таневски. Лицата што го блокираа патот кај Камењане бараат донесување на закон за амнестија, ...

Полицијата од утре во 15 нови тетовски села

А1 - 19.02.2002

„Полицијата од утре ќе влезе во уште 15 села од тетовскиот регион“, соопшти денеска портпаролот на координативното тело за справување со кризи Зоран Таневски. Станува збор за селата: Жеровјане, Калник, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Горно Седларце, Урвич, Јеловјане, Камењане, Боговиње, Пирок, ...

Жеровјане - регионален полициски центар за 15 села

Вест - 19.02.2002

СПИСОКОТ ЗА ПАТРОЛИРАЊЕ НА МЕШАНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПРОШИРУВА СО НОВИ ТЕТОВСКИ СЕЛА Се подготвува уште една група од 9 села во кои наскоро би требало да влезат полициските патроли, со регионален полициски центар во селото Топлица Утре, најверојатно, почнува влегувањето на мешаните полициски сили во ...