TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во завршното деветто коло, нашите шахисти загубија од Иран со 2,5:1,5

А1 - 20.10.2001

Македонската шаховска репрезентација го освои претпоследното осмо место на екипното светско првенство во Ереван. Во завршното деветто коло, нашите шахисти загубија од Иран со 2,5:1,5. Стаменков ја забележа единствената победа, ремизираше Јаќимовиќ, а поразени беа Митков и Стојановски.

Нашите рамноправни со Украинците

Вест - 20.10.2001

Петто екипно Светско шаховско првенство во Ерменија Македонската шаховска репрезентација ја продолжи серијата на добри резултати на петтото екипно Светско шаховско првенство кое се одржува во Ерменија. По победата над Узбекистан од 2,5;1,5, нашите шахисти во седмото коло одиграа 2:2 против ...

Македонија ремизираше против големата Украина

Дневник - 20.10.2001

ШАХ - 5. ЕКИПНО СП Македонската машка шаховска репрезентација ремизираше против силната Украина, со 2-2 во 7. коло на 5. екипно СП во Ерменија. На Украинците, бронзени од последната Олимпијада, најверојатно им ја одзедовме можноста за златото.

Еден поен разлика меѓу првите четири тима

Дневник - 19.10.2001

ШАХ - 5. ЕКИПНО СП Еден поен е разликата меѓу лидерот Ерменија, која има 15 поени, Русија на второто и Украина на третото со по 14,5, и четвртопласираната Германија со 14 (меч повеќе) на 5. екипно Светско првенство во шах (СП) во Ереван (Ерменија), пред вчерашното 7. коло, од вкупно 9.

Нерешен резултат на македонската шаховска репрезентација

А1 - 18.10.2001

Македонската шаховска репрезентација играше нерешено 2:2 со селекцијата на Украина во рамките на 7-мото коло на 5-тото екипно Светско првенство што се одржува во Ерменија. По овој нерешен резултат нашите шахисти се наоѓаат на 8-мото место на табелата со 6,5 поени, а во водство е ...

Четври пораз на нашите шахисти

Вест - 18.10.2001

Петто Светско екипно шаховско првенство во Ерменија Освои половина поен.- Трајче Недев Македонската репрезентација во шах го доживеа четвртиот пораз во петтото коло на Светското екипно првенство кое се одржува во Ерменија. Нашите шахисти со 1:3 загубија од соодветната селекција на Куба.

Прва победа на Македонија за избегнување на фенерот

Дневник - 18.10.2001

ШАХ - 5. СП: МАКЕДОНИЈА - УЗБЕКИСТАН 2,5-1,5 Македонската машка шаховска репрезентација првпат победи во нејзиниот петти меч, во 6. коло, против Узбекистан со 2,5-1,5 и првпат не сме последни по едно коло, односно осми на 5. екипно Светско првенство (СП), во Ереван (Ерменија).

Висок пораз на Македонија

Дневник - 17.10.2001

ШАХ - петто ЕКИПНО СП Македонската машка шаховска репрезентација загуби со 0,5-3,5 од Германија на 5. екипно Светско првенство (СП), во нејзиниот трет меч во 4. коло во Ереван (Ерменија). Германија освои сребро на последната Олимпијада, каде што ние го делевме седмото место.

Пораз на македонската шаховска селекција на Светското екипно првенство во Ереван

А1 - 16.10.2001

Четврти пораз на македонската шаховска селекција на петото Светското екипно првенство што се игра во Ереван. Овојпат Куба славеше со 3:1. По половина поен освоија Недев и Стојановски, додека партиите ги загубија Никола Митков и Стаменков. Убедливо сме последни со само два поена.

Македонија остана последна по новиот висок пораз

Дневник - 16.10.2001

ШАХ - 5. ЕКИПНО СП: РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 3,5 - 0,5 Македонската машка шаховска репрезентација загуби со 0,5-3,5 од бранителот на титулата Русија, која е фаворит за првото место на 5. екипно Светско првенство (СП), во својот втор меч во 3. коло во Ереван.

Деби на Македонија со пораз

Вест - 15.10.2001

Петто Светско екипно првенство во Ереван во шах Македонската шаховска репрезентација имаше лош старт на петтото екипно Светско првенство, кое се одржува во Ереван. Откако беа слободни во првото коло, во второто нашите шахисти загубија од Ерменија со 0:4.