TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Србија утре избира претседател

А1 - 12.06.2004

Над 6,5 милиони граѓани на Србија со право на глас утре ќе се обидат по четврти пат, за нешто повеќе од година и половина, да избираат нов српски претседател меѓу 15-те кандидати, предложени од 11 партии, две коалиции и две групи на граѓани.

Тројца "демократи" против "гробарот"

Дневник - 12.06.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА Предност на Николиќ се умереноста, скромниот декор на митинзите и комуникацијата со граѓаните Во Србија прексиноќа на полноќ почна предизборниот молк за претседателските избори, кој ќе трае се до затворање на избирачките места в недела во 20 часот, јави МИА.

Србија избира

Време - 12.06.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Србите утре избираат нов претседател, поделени во најмалку пет големи табори. Право на глас имаат 6,5 милиони гласачи. Се очекува најмногу гласови да освои ултранационалистот Томислав Николиќ од Српската радикална странка, чиј водач Воислав Шешељ е спречен да учествува затоа ...

Заменикот на Шешељвеќе се спрема за вториот круг

Дневник - 11.06.2004

В НЕДЕЛА ПРТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА Противкандидат на Николиќ во вториот круг од изборите ќе му биде Борис Тадиќ од ДС или милијардерот Богољуб Кариќ, кој е независен кандидат Повеќе од 6,5 милиони граѓани на Србија со право на глас в недела ќе избираат нов српски претседател, јави МИА.

Николиќ, Тадиќ, и Кариќ одат во втор круг

А1 - 09.06.2004

Србија нема да избере претседател на првиот круг на изборите закажани за 13 јуни, туку по две недели ќе има и втор круг во кој ќе влезат радикалот Томислав Николиќ, претседателскиот кандидатот на Демократската партија Борис Тадиќ и мултимилијардерот Богољуб Кариќ.