TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонско присуство во Монтреал траеше само 2 дена

А1 - 24.07.2005

Скромното македонско присуство на светското првенство во спортови на вода во канадскиот Монтреал траеше само 2 дена во кои настапи имаа маратонците Теодора Раптис и Јане Карајованов. Нивните остварувања беа за дното од резултатските листи.

Раптис и Карајованов во водите во Монтреал

А1 - 22.07.2005

Светското првенство во водни спортови во Монтреал, за нас најинтересно ќе биде во овие два дена. Се уште трае трката на 25 километри на отворени води во која учествува нашата Теодора Раптис. Утре Јане Карајованов во истата дисциплина ќе го заокружи нашиот настап на мундијалот.

Денеска Раптис плива на 25 км, Карајованов настапува утре

Време - 22.07.2005

СП ВО МОНТРЕАЛ Македонската маратонска пливачка Теодора Раптис во трката на 25 километри денеска ќе го има првиот и единствен настап на Светското првенство во водни спортови, кое се одржува во Монтреал. За неа ова е второ Светско првенство.

Раптис денеска, Јане утре на 25 км

Дневник - 22.07.2005

ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ Македонската маратонска пливачка Теодора Раптис денеска ќе настапи на трката во далечинско пливање на 25 км (најдолга дисциплина) на СП во Монтреал, Канада. Нашиот претставник во машка конкуренција Јане Карајованов, на истата дистанца ќе плива утре.

Теодора Раптис ќе плива на маратонот од 25 километри

А1 - 21.07.2005

На светското првенство во спортови на вода во канадскиот Монтреал македонските претставници првите и единствени настапи ќе ги имаат во следните два дена. Теодора Раптис утре ќе плива на маратонот од 25 километри, на истата делница Јане Карајованов ќе се натпреварува в сабота.

Раптис и Карајованов задоволни со пласман до 15 место

Утрински - 19.07.2005

Нашите маратонци денеска заминуваат во Монтреал на 11. СП во пливање По мундијалот, двајцата остануваат во Канада и за Светскиот куп РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Теодора Раптис и Јане Карајованов утрово преку Франкфурт заминуваат за Канада, каде што в петок и сабота ќе настапат на трките на 25 км во рамките ...

Монтреал ќе биде центарот на пливачкиот свет

А1 - 18.07.2005

Канадскиот Монтреал во следните две недели ќе биде центарот на пливачкиот свет. Со трките во далечинско пливање стартуваше светското првенство во спортови на вода, денеска почнува атрактивниот ватерполо турнир. А пливачките натпреварувања во базен се предвидени за следната недела.