TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нов напад на милитантен Палестинец

А1 - 17.03.2002

Вооружен Палестинец отворил денеска оган од автоматско оружје врз група луѓе во Кфар Саби, северно од Тел Авив, ранувајќи неколку лица. Палестинскиот милитант бил убиен во одговорот на израелската армија. Според израелски полициски извори, најмалку десет лица се повредени во нападот што се случил ...

Израел се повлече од Рамалах

Утрински - 16.03.2002

Заврши кусата повторна окупација на базата на палестинскиот лидер Јасер Арафат Армијата ги напушти позициите во два други града на Западниот Брег РАМАЛАХ - Израел вчера ги повлече своите војници од Рамалах, со што заврши кусата повторна окупација на базата на палестинскиот лидер Јасер Арафат, во ...

Повлекувањето на тенковите од Рамалах е израелски трик

Дневник - 16.03.2002

ИНТЕРВЈУ НА АРАФАТ ЗА РОЈТЕРС Изралеците почнаа да се повлекуваат, но репортерот на Ројтерс забележал многу тенкови на позиции во главниот палестински економски и политички центар на Западниот брег Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера оцени дека повлекувањето на израелската војска од ...

Израел делумно се повлече од Западниот Брег и Газа

А1 - 15.03.2002

Израелската војска денеска официјално соопшти дека се повлече од палестинските градови Рамалах, Калкилија, Тулкарем и Витлеем на Западниот Брег, како и од бегалскиот камп „Ал Боуреиј“ во појасот Газа. Во согласност со политичката одлука донесена претходно, израелските сили објавија свое повлекување ...

Палестинците го одбија стартот на мировните преговори со Израел

Вест - 15.03.2002

Ова е мртвото тело на едниот од двајцата израелски колаборатори кои палестинските милитанти ги убија вчера во Витлеем. РАМАЛАХ, 15 март (Ројтерс) - Палестинската власт вчера ја отфрли можноста да разговара за прекин на огнот со Израел се додека израелските сили не престанат со офанзивните напади на ...

Разговори - по завршување на агресијата!

Утрински - 15.03.2002

Палестинците не прифаќаа?дијало?со израелскит?власти РАМАЛА?- Палестинскат?влас?вчер?соопшт?дека нема да одрж?разговор? за прекин на огно?со Израел ? додека не ја запр?офанзивата на Западнио?Брег ?појасо?Газа ?не ги повлеч?своите сили.

Вашингтон не му верува на Израел

Утрински - 15.03.2002

Администрацијата на САД го блокира израелското барање за дополнителни пари ВАШИНГТОН - Администрацијата на Буш го блокира барањето на Израел за нова помош во износ од стотици милиони долари, изјавија во средата извори од Конгресот и администрацијата.

Палестинците ќе "грицнат морковче", а Ирак "ќе го јаде стапот"

Дневник - 15.03.2002

АНАЛИЗА НА БЛИСКОИСТОЧНАТА ДИПЛОМАТИЈА НА САД Со резолуција во ОН и преку посредникот Зини Американците се залагаат за признавање палестинска држава, а преку потпретседателот Чејни градат антиирачки сојуз со арапските земји Арапските земји вчера ја поздравија резолуцијата на Обединетите нации во ...

Продолжуваат насилствата на Блискиот Исток

А1 - 14.03.2002

На Блискиот Исток не е на повидок крај на насилството и против насилството. При една експлозија во близината на еврејската населба Незарим во јужниот дел на појасот Газа тројца Израелци се убиени, а повеќе се повредени. Според извори на израелската армија денеска се случи експлозија во моментот ...

ОН побара палестинска држава и прекин на огнот од Израел

Вест - 14.03.2002

Вчера уште еден погреб на војник на палестинската исламистичка милитантна група Хамас во Газа ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 14 март (АП) - Советото за безбедност на ОН ја одобри резолуцијата со која се овозможува формирање на палестинска држава и побара прекин на огнот во ескалирачкиот израелско-палестински ...

Политиката на Шарон е глупава

Утрински - 14.03.2002

Јасер Арафат го критикува израелскиот премиер Париз - Палестинскиот лидер Јасер Арафат ја оцени како "многу глупава" политиката на израелскиот премиер Ариел Шарон. Во денешното интервју за францускиот весник "Фигаро" Арафат ја осуди "бруталноста" на Шарон кој испраќа тенкови во Рамалах додавајќи ...

ОН ја признаа палестинската држава?

Утрински - 14.03.2002

На предлог на САД, Советот за безбедност усвои визија за идна палестинска држава Израел ја засили блокадата над Рамалах, а Обединетите нации прв пат усвоија резолуција во која, покрај Израел, се спомнува и палестинска држава.

Загина италијански, повреден француски репортер

Дневник - 14.03.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Италијанскиот фоторепортер Рафаеле Чириело вчера бил убиен во престрелка меѓу израелската армија и палестинските сили во градот Рамалах, јави Ројтерс. Неговата смрт се случила во екот на најголемата израелска офанзива против автономните палестински области во изминативе 35 ...

На повидок независна Палестина

А1 - 13.03.2002

Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа ја усвои резолуцијата 1397 за Блискиот Исток, која ја предложија САД и во која за првпат се спомнува палестинската држава. Резолуцијата е усвоена со 14 гласа „за“ и воздржан глас на Сирија.

Израел и Палестина почнаа нова војна

Вест - 13.03.2002

На главниот плоштад во Рамалах гневните Палестинци го обесиле човекот за кого верувале дека соработувал со Израелците Бегалски камп ЏЕБАЛИЈА, Појасот Газа, 13 март (АП) - И покрај напорите на САД за воспоставување мир Израел вчера ја интензивираше воената офанзива против Палестинците - најголемата ...

Хамнеи бара од Палестинците да се борат

Утрински - 13.03.2002

Апел на иранскиот врховен лидер ТЕХЕРАН - Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера апелираше до Палестинците да продолжат со борбите во востанието против Израел, што претставува очигледно одбивање на арапската мировна иницијатива.

Израелците го зазедоа Рамалах со 100 тенка

Утрински - 13.03.2002

Најголема израелска операција од почнувањето на палестинското востание Тенковите се приближиле на оддалеченост од 20 метри од седиштето на Јасер Арафат ЕРУСАЛИМ - Израелската армија ја зазеде контролата врз најголемиот дел од градот Рамалах на Западниот Брег, во најголемата операција од ...

Тенка црвена линија

Утрински - 13.03.2002

ДНЕВНИК НА СУДИРОТ Димитар Чулев Прашање е на моментот кога светот ќе признае дека настаните на Блискиот Исток и речиси дваесетмесечното заемно ликвидирање на материјални добра и жива сила, всушност, претставуваат необјавена војна со драматични последици за регионот.

Триесетина жртви во најжестоката израелска офанзива досега

Дневник - 13.03.2002

НАПАДИ СО 150 ТЕНКА, БРОДОВИ И ХЕЛИКОПТЕРИ Палестинските власти тврдат дека Израелците сакаат повторно да ги окупираат палестинските територии и да ги уништат мировните иницијативи Израелските војници завчера убиле 29 Палестинци во жестоките офанзива врз Газа и Западниот брег, вклучувајќи и напад ...

Израелските сили го зазедоа градот Рамала

А1 - 12.03.2002

Израелски војници изутрината го зазедоа речиси целиот град Рамала освен центарот, каде се наоѓаат канцелариите на палестинскиот лидер Јасер Арафат, врз кои исто така е отворан оган, соопштија палестински извори, додавајќи дека во акцијата во која учествуваат стотина тенкови и оклопни возила ...

Арафат пуштен да си оди од Рамалах

Вест - 12.03.2002

Петгодишно Израелче држи писмо што го добило од палестинскиот претседател Јасер Арафат во нејзиниот дом во Бершиба. Ариел Шарон можеби не разговара со Јасер Арафат, но тоа не го спречи ова Израелче да му пише ... ЕРУСАЛИМ, 12 март (АП) - Израел вчера ги намали рестрикциите за патување на Јасер ...

Арафат може да го напушти Рамалах

Утрински - 12.03.2002

ЕРУСАЛИМ - Палестинскиот претседател Јасер Арафат може да го напушти градот Рамалах на Западниот Брег, во кој се наоѓаше под блокада од страна на Израел во изминатите три месеци, соопшти вчера канцеларијата на израелскиот премиер Ариел Шарон.

Околу 50 израелски тенка влегоа во градот Квалквилија

Утрински - 12.03.2002

Откако Ариел Шарон вети зголемување на акциите против Палестинците Во минатата најкрвава недела од почнувањето на палестинското востание беа убиени над 60 лица КВАЛКВИЛИЈА - Израел вчера испрати копнени сили во уште еден палестински град, напаѓајќи ја Квалкивилија откако премиерот Ариел Шарон вети ...

Крвавиот викенд ги уништи надежите на мир на Блискиот Исток

Дневник - 12.03.2002

ПАЛЕСТИНСКО-ИЗРАЕЛСКИ СУДИРИ Вашингтон ги испрати потпретседателот Чејни и генералот Зини во мировни мисии, но аналитичари тврдат дека САД не се обидуваат да ги смират Израелците и Палестинците, туку да обезбедат поддршка од арапските земји за евентуалната воена операција врз Ирак Најкрвавите 48 ...

Арафат му вети мир на израелско девојче

Дневник - 12.03.2002

Израелскиот премиер Ариел Шарон повеќе не разговара со Јасер Арафат, но малата петгодишна Израелка Ким Телдан упорно продолжи да му пишува писма на палестинскиот лидер, а завчера доби и одговор со ветување за мир, јави Ројтерс.

Израелски тенкови влегоа во нови палестински територии

А1 - 11.03.2002

Израелски тенкови, следени со војници, рано изутрината упаднаа во градот Калкилија на Западниот Брег, соопштија израелски официјални претставници. Педесетина тенкови и оклопни возила, со поддршка на борбени хеликоптери упаднаа во овој град.

Израел ја уништи канцеларијата на Арафат во Газа по самоубиствениот напад во Ерусалим кој уби 11-мина

Вест - 11.03.2002

Палестински самоубиец бомбаш уби 11-мина во едно кафуле во Ерусалим блиску до резиденцијата на Шарон Газа, 11 март (АП) - Израелски хеликоптери вчера рано изутрина исфрлија најмалку 25 проектили и целосно ја уништија зградата на една од канцелариите на палестинскиот лидер Јасер Арафат во градот ...

Кафуле претворено во масовна гробница

Утрински - 11.03.2002

Нови бомбашки напади на палестинските самоубијци во Израел Како одмазда разорена канцеларијата на Арафат во Газа ЕРУСАЛИМ - Палестински напаѓач-самоубиец претвори едно полно кафуле во куп осакатени тела и превртен инвентар покриен со крв во саботата навечер, кога уби најмалку 12 лица во нападот од ...

Палестинците убиваат цивили, Израелците ракетираат штабови на Арафат

Дневник - 11.03.2002

БЛИСКИ ИСТОК Израелски хеликоптери вчера изутрина со 25 проектили целосно уништија еден од штабовите на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Газа, како одмазда за палестинските терористички напади во саботата, во кои загинаа 11 луѓе.