TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Народна: Црвенковски сака да го изолира Георгиевски

А1 - 12.03.2006

Вчерашната согласност меѓу Бучковски и Груевски околу изборниот законик, за ВМРО-Народна, претставува план за политичка изолација на Љубчо Георгиевски. Решението, во избирачките одбори да има тројца административци и двајца претставници од политичките партии, еден од СДСМ и другиот од ВМРО-ДПМНЕ, ...

Договорен составот на избирачките одбори

А1 - 11.03.2006

Власта се откажа од целосната застапеност на администрацијата во избирачките одбори, опозицијата од тврдиот став тие да бидат партиски членови. Формулата на денеска постигнатиот договор е тројца административци во одборите, двајца партиски членови, по еден од власта и опозицијата, и тоа според ...

Изборната кампања, сепак, во јуни

Утрински - 11.03.2006

Изборната кампања би можела да се одвива во јуни, а изборите да се одржат пред одморите, повтори и вчера премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски. Највисокото партиско раководство на социјалдемократите вчера попладнето и официјално го назначи Илија Илоски за шеф на Изборниот штаб.

Бучковски подготвува компромис за Груевски!?

Утрински - 11.03.2006

Пред денешната последна рунда разговори за изборниот законик Ќе разговараме уште еднаш со опозицијата. Мислам дека сме блиску до компромис, вели Бучковски. Ако власта не се согласи да влезат партиски претставници во избирачките одбори, во игра се сите опции, се заканува Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ револтирана од предлогот на изборниот законик

Утрински - 11.03.2006

Критики од опозицијата по предлогот на Владата "Партиите од опозицијата, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, немаат никакви шанси директно да предложат претседател на Државната изборна комисија. Кандидатите за оваа функција ќе ги селектира и потоа ќе ги филтрира собраниската Комисија за избори и именувања.

Владата ќе ја затвори ДИК за јавноста

Време - 11.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДУПРЕДУВА Владата сака и со законот да ги затвори за јавноста седниците на Државна изборна комисија (ДИК), откако со наводните интерни правилници, таа неколку години ги спречуваше новинарите да присуствуваат на сите заседанија на кои требаше да се носат поважните одлуки.Тоа е една од ...

Рано е за соблекување гаќи

Вест - 11.03.2006

БУЧКОВСКИ МУ ПОРАЧУВА НА ГРУЕВСКИ Бучковски не сака предвреме да се разголува пред опозицијата откривајќи ги изборните адути, но посакува на претстојните избори да освои 40 мандати колку што освои на локалните избори Под мотото Три Е: економија, едукација, европеизација, СДСМ ќе ја води изборната ...

Бучковски го кани Груевски на ТВ-соочување

Време - 11.03.2006

СДСМ ЈА ОТВОРИ ПРЕДИЗБОРНАТА СЕЗОНА Владо Бучковски, од позиција на лидер на СДСМ, вчера го покани на ТВ-дуел соперникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. - Истекоа 100 дена од рокот што сам си го поставив за некоментирање на изјавите на Груевски.

Бучковски го повика Груевски на ТВ-дуели

Дневник - 11.03.2006

Го повикувам лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред почетокот на изборната кампања да се соочиме на најмалку три дуели на национална телевизија, која самиот ќе ја избере и тоа почнувајќи од наредната недела. Му ветувам дека нема да поставувам прашања како и колку стана купила неговата мајка во ...

Бучковски го вика Груевски на ТВ-дуел

Утрински - 11.03.2006

Премиерот Владо Бучковски вчера му упати јавен повик на шефот на опозицијата, Никола Груевски, за настап на предизборни ТВ-дуели. "Му нудам можност на Груевски во следните три месеци да имаме најмалку три соочувања на националните телевизии што тој самиот ќе ги одбере"- изјави вчера Бучковски, ...

Електронски катастар во Куманово

Време - 11.03.2006

ПРОЕКТИ Куманово е првата општина во која почна примената на проектот „Електронски катастар“. Целта на воведувањето на електронското обработување на податоците се подобри услуги, подобра регистрација на податоците и развој на Државниот завод за геодетски работи.

Работата на избори е работна обврска, тврдат експертите

Утрински - 11.03.2006

За државните службеници што ќе одбијат членство во изборни тела без покритие ќе следува дисциплинска постапка Отказ од работа кога државен службеник како член на изборно тело спречува гласање, поткупува избирачи, уништува исправи Работата на администрацијата на избори е редовна работна обврска и не ...

Промовиран електронски катастар

Дневник - 11.03.2006

КУМАНОВО Во Одделението за премер и катастар во Куманово вчера беше промовиран проектот "Електронски катастар". На промоцијата премиерот Владо Бучковски истакна дека ефикасен катастарски систем е услов без кој не може да се замисли држава што е на пат за членство во ЕУ.

Нема клима за компромис и за дијалог

Утрински - 11.03.2006

Што може да донесе средбата меѓу партиите од власта и од опозицијата Шкариќ: Компромис би било преодно решение што би било важечко само за овие парламентарни избори КАТИЦА ЧАНГОВА Што може да се очекува од денешната средба меѓу партиите од власта и од опозицијата за изборното законодавство? Ништо ...

Промовиран пилот-проект за електронски катастар

Утрински - 11.03.2006

КУМАНОВО - Премиерот Владо Бучковски вчера во Куманово прв пат го промовираше пилот-проектот „Електронски катастар". Според него, ваков ефикасен катастарски систем ќе функционира согласно со модерните европски практики, а со тоа и Македонија е на пат да си го обезбеди своето членство во големото ...

Без компромис за одборите нема поддршка за законикот

Дневник - 11.03.2006

ОПОЗИЦИЈАТА СО УЛТИМАТУМ КАЈ БУЧКОВСКИ Здружената опозиција на денешната средба со премиерот Владо Бучковски и неговите коалициски партнери ќе настапи со ултиматум - или компромис за изборните органи или нема поддршка за изборниот законик.

Власта и опозицијата постигнаа компромис околу составот на избирачките одбори

Канал5 - 11.03.2006

Премиерот Владо Бучковски и лидерите на опозициските партии по денешната четиричасовна дебата постигнаа компромис околу составот на избирачките одбори, што беше клучен проблем од Предлог изборниот законик. Тие договорија мешан, односно комбиниран модел - тројца членови да бидат од државната ...

Избори пред летните одмори

Вечер Прес - 11.03.2006

- Парламентарните избори ќе се одржат во првиот редовен термин во јули и на нив двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе имаат подеднакви шанси за победа". Ова го порача Премиерот Владо Бучковски на вчерашната прес-конференција.

Генерална проба

Вечер Прес - 11.03.2006

Битката број еден што ја води модерната цивилизација во политички рамки е борба до победа над диктатурите кои го узурпираат основното политичко право на човекот слободно да избира и да биде избран, правото на слободно изразување на сопствената волја.

Компромисниот изборен закон ќе ги реши изборите

Вечер Прес - 11.03.2006

Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги активираа своите највисоки органи пред денешната лидерска средба околу изборното законодавство. Премиерот Владо Бучковски остава простор за компромис со опозицијата за изборниот законик, кој треба да овозможи фер и демократски парламентарни избори.

Бучковски повторно калкулира со датумот на изборите

А1 - 10.03.2006

Бучковски калкулира со датумот на изборите. Ги држи во неизвесност и гласачите и опозицијата. Уште не одредил датум, а ја започна кампањата. Три Е - економија, едукација, европеизација. „Верувам дека подготовките што ќе ги имаме во следните три месеци ќе придонесат на почетокот на изборната ...

Бучковски му нуди компромис на Груевски

Канал5 - 10.03.2006

Бучковски му подава рака за компромис на Груевски. Лидерот на СДСМ од централниот одбор вечерва бара дозвола до каде може да ретерира на утрешната средба на која клучното барање на лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе биде партиски членови а не административци во избирачките одбори.

Откази за административците ако одбијат учество во избирачки одбори

Дневник - 10.03.2006

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА Вработените во државната и во јавната администрација добиваат нова работна задача, која не смеат да ја одбијат - учество во работата на изборните органи. Ова е предвидено во новиот изборен законик и во измените на законите за државни службеници и за работни ...

Ако дојдеме на власт, ќе ги испитаме тендерите на Бучковски

Време - 10.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЗАКАНИ Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, ќе ги истражува сите сомневања за незаконско работење на премиерот Владо Бучковски, изјави портпаролот Александар Бичиклиски на вчерашната прес-конференција. Партијата го повика премиерот Бучковски да се изјасни за наводите на ревизорскиот ...

Непослушните ќе останат без работа

Вест - 10.03.2006

ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ МОРА ДА БИДАТ ВО ИЗБОРНИТЕ ТЕЛА Во Министерството за правда објаснуваат дека одбраните службеници мораат да си ја одработат задачата во изборните тела, бидејќи тоа е нивна работна должност и секое неизвршување или несовесно работење ќе Државните службеници кои ќе бидат избрани ...

Администрацијата го мати консензусот за законикот

Време - 10.03.2006

ПРЕД ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА Александра М. Митевска Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски веројатно ќе присуствува на лидерската средба посветена на новиот изборен законик, што за в сабота ја свикува премиерот Владо Бучковски.

Опозицијата се крсти во странците

Дневник - 10.03.2006

ИЗБОРНА РЕГУЛАТИВА Ја бараме Вашата поддршка за создавање фер услови за сите учесници на изборите. Ако и Вие како меѓународна заедница во Македонија не успеете во Вашите намери да помогнете за демократскиот развој на земјата, ние не ги гледаме смислата и целисходноста да учествуваме на овие избори, ...

Владата ги „приближува“ вмровците

Време - 10.03.2006

СО НОВИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Која опозициска партија ќе го предлага претседателот на Државната изборна комисија е дилемата во новиот Изборен законик. Уредено е само дека претседателот на ДИК ќе го избира опозицијата, без да се прецизира дали тоа ќе биде партијата што има најмногу пратеници во ...

Откази за службениците што ќе одбијат работа на избори

Утрински - 10.03.2006

Владата ги предлага последните законски измени пред изборите ДИК ќе има претседател и шест члена КАТИЦА ЧАНГОВА Откази за државните службеници што ќе одбијат работа на избори. Ваква драконска казна следува за сите административци кои ќе имаат обврска да учествуваат во изборниот процес, како членови ...

Груевски ги открива триковите на изборниот фалсификат

Вечер Прес - 10.03.2006

Лидерите на опозициските партии со куп забелешки за владиниот предлог - изборен закон ќе одат на новата партиска средба, што за утре ја најави премиерот Владо Бучковски. ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од барањето за оставање на партиските претставниците во избирачките одбори.

Власта ја мобилизира администрацијата во изборите

А1 - 09.03.2006

Секој од административците во образованието, здравството, културата по случаен избор, како што се предлага во новиот изборен законик, може да биде потенцијален член во изборните органи. Власта ја мобилизира администрацијата во изборите.

Паричните казни за изборни нерегуларности со новиот кривичен закон се заменети со затворски

Канал5 - 09.03.2006

Со Казни за партиите, насилниците и државната администрација до фер избори- ова е рецептот што го нуди власта во обид да го поправи имиџот на државата по лошо спроведените избори. Паричните санкции за изборни нерегуларности ги заменува со затворска казна и тоа најмалку од 3 години.

ВМРО-ДПМНЕ негира дека се прифатени нивните предлози

Утрински - 09.03.2006

РЕАКЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ негира дека СДСМ ги прифатил нивните предлози, затоа што ниту една сугестија не била вклучена во текстот на изборниот законик што го добиле од Министерството за правда пред два дена. Изборната материја не е доволно дефинирана, тврдат во партијата на Никола Груевски, за која ...

Бучковски очекува фотофиниш на изборите

Утрински - 09.03.2006

Претседателот на Владата ги покани партиите на уште една лидерска средба за постигнување максимален можен компромис „Власта и опозицијата имаат изедначени шанси за успех на претстојните парламентарни избори", изјави премиерот Владо Бучковски, соопштувајќи дека Владата на вчерашната седница го ...

Бучко не попушта за државната администрација

Вест - 09.03.2006

В САБОТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Премиерот Владо Бучковски е оптимист дека изборниот законик ќе биде усвоен до крајот на месецов, откако вчера лесно помина на Влада и експресно беше пратен во Собранието. Бучковски има впечаток дека сите во државата сакаат избори што побрзо, па смета ...

ВМРО-ДПМНЕ се жали дека е целосно изиграна

Дневник - 09.03.2006

ВЛАДАТА ГО УСВОИ НОВИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Премиерот Владо Бучковски тврди дека во последната верзија на изборниот законик, усвоена вчера од Владата, се прифатени две третини од барањата на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ вчера докажуваше дека не им е усвоена ниедна забелешка.

Рамковски: Бучковски сака да ме апси

Време - 09.03.2006

ПО УПАДОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА Премиерот Владо Бучковски сака да ме уапси затоа што им влегов во трагата на парите, изјави за „Време“ Велија Рамковски, сопственикот на А1-телевизија. Од Владата вчера ја демантираа изјавата на Рамковски.

Бучковски свикува средби, Груевски најавува отпор

Време - 09.03.2006

УСВОЕН ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Премиерот Владо Бучковски в сабота повторно ќе ги собере лидерите на парламентарните партии за уште еднаш да се обидат да ги усогласат спорните точки од изборниот законик што вчера го усвои Владата и наскоро ќе се најде во собраниска процедура.

ВМРО ДПМНЕ бата одговор од Бучковски да одговори за ревизорскиот извештај за работата на МО

Канал5 - 09.03.2006

Продолжуваат обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ кон Владо Бучковски, кој како Министер за одбрана во 2001 година според оваа партија, склучувал сомнителни договори без тендер. Продолжуваат обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ кон Владо Бучковски, кој како Министер за одбрана во 2001 година според оваа партија, ...

Забрзана расправа за изборниот законик

Макфакс - 09.03.2006

Скопје Собранието денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за изборниот законик, со добри шанси да ја забрза целата постапка, откако премиерот вчера потпиша амандман со кој јасно се прецизира дека претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) ќе го предложат опозиционите ВМРО - ДПМНЕ ...

Бучковски: Подготвуваме најрегуларни избори во историјата на Македонија

Макфакс - 09.03.2006

Скопје „Подготвени сме на се само да ги спроведеме најрегуларните избори во историјата на Македонија“– изјави во интервју за Макфакс премиерот Владо Бучковски. „Таквата ориентација нема алтернатива и ние немаме намера да отстапиме од неа по никоја цена“, изјави Бучковски во интервјуто што во целост ...

Собранието го усвои изборниот законик

Макфакс - 09.03.2006

Скопје Собранието вечерва со гласовите на парламентарното мнозинство и на опозиционата ВМРО – ДПМНЕ го усвои изборниот законик. Изборниот законик беше усвоен со 67 гласа “за“ и ниту еден против, но седницата пред гласањето ја напуштија пратениците на опозиционата ВМРО– НП, откако нејзиниот амандман ...

Бучковски пак бара лидерска средба

Вечер Прес - 09.03.2006

Владата вчера го усвои предлог-изборниот законик и го испрати до Собранието. Во него стои дека администрацијата влегува во избирачките одбори, претседателот на ДИК ќе се избира од редовите на опозицијата, а заменикот од редовите на власта.

Владата го утврди предлог изборниот законик

А1 - 08.03.2006

Бучковски ја кани опозицијата на уште една лидерска средба в сабота пред новиот изборен законик да се најде во Собранието. Дали ќе му успее и овој обид преку политичка шминка да го амортизира гневот на опозицијата како што тоа го направи со уставните амандмани за судтвото, ќе зависи и од реакцијата ...

Корупција во функција на изборите

Дневник - 08.03.2006

Натали Н. Сотировска Се додека голата желбата да се освои, односно да се задржи власта е единствената водилка во политичките програми на партиите и во кариерите на партиските олигархии не може да се очекува дека работите во државата на кое било поле навистина ќе се сменат.

До крајот на март готов новиот изборен законик

Канал5 - 08.03.2006

На заканите од ВМРО ДПМНЕ за бојкот на изборите , премиерот нуди нова средба за изборниот законик – за компромис пред да почне расправата по него во собраниските комисии. На заканите од ВМРО ДПМНЕ за бојкот на изборите, премиерот нуди нова средба за изборниот законик за компромис пред да почне ...

Избирачките одбори со адвокати, лекари...

Утрински - 08.03.2006

Јавната и државната администрација ќе има клучна улога во организирањето и спроведувањето на изборите Подобро е изборите да ги контролираат службеници отколку партиски војници КАТИЦА ЧАНГОВА Избирачките одбори да се пополнат со адвокати, нотари, лекари, медицински сестри, учители, кустоси, ...

Груевски нема да го гласа изборниот закон

Канал5 - 08.03.2006

Груевски се закани дека нема да го гласаат изборниот закон а соопшти и дека се спремни на порадикални форми на притисок врз власта, протести или бојкот ако не им се прифати главното барање – не јавна администрација туку партиски членови да ги сочинуваат изборните одбори..

Изборниот законик ги штити партиските спонзори

Дневник - 08.03.2006

ФИНАНСИЕРИТЕ НА ИЗБОРНИТЕ КАМПАЊИ И ПОНАТАМУ ТАЈНИ Кој ги плаќа скапите ТВ-спотови со кои партиите агитираат да се гласа за нив на изборите? Кој стои финансиски зад огромните партиски митинзи? Колку чини рекламниот материјал што им се дели на граѓаните? Колку и кој ги плаќа маркетинг-агенциите што ...

Демонстрациите последен лек на опозицијата

Дневник - 08.03.2006

власта и ОПОЗИЦИЈата на разлиЧен колосек ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Повеќето политички партнери на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека масовните демонстрации треба да се последно средство за притисок врз власта за таа да ги прифати нивните предлози за изборната регулатива.

ВМРО-ДПМНЕ размислува дали да го бојкотира Собранието

Време - 08.03.2006

НЕМА КОНСЕНЗУС ЗА ИЗБОРИТЕ ВМРО - ДПМНЕ се уште не знае дали ќе ја бојкотира работата на Собранието и ќе чека да го види изборниот законик, по што ќе донесе одлука. Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека дел од општинските комитети на завчерашниот извршен ...

Премиерот Бучковски во Црна Гора

Макфакс - 08.03.2006

Скопје Премиерот на Македонија Владо Бучковски денеска во Подгорица ќе разговара со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за прашања од заемен интерес, соопштено е во Скопје. Во македонската владина делегација ќе бидат и министерот за здравство Владо Димов, за труд и социјална политика Стевчо ...

Македонија и Црна Гора промовираат нов дух во регионот

Макфакс - 08.03.2006

Подгорица Македонија и Црна Гора со сето она што заедно го прават изминатите неколку години се обидуваат да промовираат еден поинаков дух на стабилност, солидарност и пријателство што е исклучително битно во оваа 2006, која ќе биде клучна година за натамошниот развој на нашиот регион.

Владата го утврди Предлог изборниот законик

Макфакс - 08.03.2006

Скопје Македонската Влада денеска го утврди Предлог изборниот законик и попладнево ќе го испрати до Собранието, каде што во петок треба да биде отворена собраниска расправа. Според очекувањата на премиерот, новиот изборен законик би требало да биде донесен до крајот на месецот.

ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од парламентот?

Вечер Прес - 08.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ размислува да се повлече од парламентарните клупи, ако не бидат прифатени нивните предлози за новиот изборен законик. Овој предлог бил изнесен на последната седница на Извршниот комитет на партијата одржана во петокот.

Бучковски учествувал во студентските инциденти

Вечер Прес - 08.03.2006

Премиерот Владо Бучковски лично бил влучен во вчерашните избори за студентски одбори на кои имаше неколку инциденти, обвини вчера Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Алекандар Николовски, претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот дека неколку пати во текот на вчерашниот ден ги ...

Бонева негира дека барала масовни антивладини протести поради изборниот законик

Канал5 - 07.03.2006

Силвана Бонева негира дека на последниот извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ барала да се организираат протести се до паѓањето на власта, во знак на револт дека не им биле прифатени забелешките во изборниот закон. Бонева е изненадена од информациите пласирани од високи партиски функционери кои ја ...

Службеници, партии или "коктел" изборни органи

Дневник - 07.03.2006

ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Натали Н. Сотировска Се уште останува дилемата дали јавната и државната администрација да влезат во изборните органи и од нив комплетно да се исклучат политичките партии или да се прифати компромисно, преодно решение претседателот на изборните органи да биде од администрацијата, а ...

Бучковски склучил договор од 700.000 евра без тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 07.03.2006

Опозицијата го обвини премиерот за ненаменско трошење ВМРО-ДПМНЕ вчера го повика премиерот Владо Бучковски јавно да каже зошто, додека бил министер за одбрана, склучил договор со фирмите „Металски завод" и „Еврокомпозит" вреден 700 илјади евра без тендер.

Прчевски упорно молчи за зделките на Бучковски

Дневник - 07.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПРОЗИВА ПРЕМИЕРОТ ВМРО-ДПМНЕ вчера го повика премиерот Владо Бучковски јавно да каже зошто додека бил министер за одбрана без тендер склучил договор со фирмите "Металски завод" и "Еврокомпозит" вреден 700 илјади евра.

ВМРО-ДПМНЕ сака да излезе од Собранието

Дневник - 07.03.2006

РЕВОЛТИРАНИ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗБОРНИ ЗАКОНИ Сашо Кокаланов Опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислува неделава да го напушти Собранието и да го бојкотира гласањето за новите изборни закони, а дел од раководството инсистирал и за целосен бојкот на изборниот процес, дознаваме од партиски извори.

За пробиена финансиска рамка да се одземе мандат

Утрински - 07.03.2006

Трибина на Евроатлантскиот форум за најновите решенија во изборното законодавство Нотарите и адвокатите да бидат дел од изборните органи, а државните секретари од министерствата да се изостават КАТИЦА ЧАНГОВА Политичките партии да ги откријат банкарските сметки и листата на донатори пред почетокот ...

Бучковски да одговара за договорите без тендер

Време - 07.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ вчера го повика премиерот Владо Бучковски јавно да каже зошто, додека бил министер за одбрана, склучил договор со фирмите „Металски завод „ и „Еврокомпозит“ вреден 700 илјади евра без тендер. - На 14 ноември лани Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на ...

Бучковски тврди дека го испочитувал договорот со ВМРО ДПМНЕ за ДИК

Макфакс - 07.03.2006

Скопје Премиерот во целост го има испочитувано она што го има договорено на лидерската средба и оттука не држат обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека се изиграни и дека владата сака да ги пролонгира изборите – тврди кабинетот на Владо Бучковски на денешниот брифинг во Владата Како што јави Македонското ...

Изборниот законик на прво читање по Комисии

Макфакс - 07.03.2006

Скопје Новиот изборен законик денеска влегува во парламентарна процедура со прво читање по надлежните собраниски комисии. Заедно со Изборниот законик ќе се разгледуваат и измените во другите два закона поврзани со изборниот законик и изборите – Кривичниот законик и Законот за државни службеници.

Прчевски да го гони Бучковски

Вечер Прес - 07.03.2006

Премиерот Владо Бучковски додека бил министер за одбрана склучил договор без тендер со фирмите "Металски завод" и "Еврокомпозит" вреден 700 илјади, обвини ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција. Најголемата опозициска партија вчера потсети дека поминаа пет месеци од објавувањето на ревизорскиот ...

За прекршување на изборниот процес - отказ!

Вечер Прес - 07.03.2006

Заострување на казните за оние што ќе го повредат изборниот процес. Ова беше главната констатација на експертите на вчерашната трибина насловена "Изборен законик во Македонија". Професорот Светомир Шкариќ даде предлог во законот да се вметне одредба која ќе предвидува губење на работното место на ...

Експерти го критикуваат изборниот законик

А1 - 06.03.2006

Од експертски тешки критики до пофални владини зборови. Новиот изборен законик, два дена пред да го помине владиниот филтер, испровоцира тешка дебата. Министерката Младеновска вели, законот е европски и ќе овозможи фер и демократски избори.

Изборниот законик ќе го наметне изборниот термин

Утрински - 06.03.2006

Нема да биде првпат да гласаме во среда доколку парламентарното соочување биде закажано за 5 јули Правилата за избори се готови. Пратениците ќе ги ,,чешлаат" по владината виза, која се очекува на седницата в четврток КАТИЦА ЧАНГОВА Изборниот законик ќе го наметне изборниот термин.

ВМРО-ДПМНЕ: Бучковски склучил договор вреден 700.000 евра без тендер

Канал5 - 06.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Владо Бучковски јавно да каже зошто додека бил министер за одбрана склучил договор со фирмите “Металски завод “ и “Еврокомпозит” вреден 700 илјади евра без тендер. Скопје, 6 март (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Владо Бучковски јавно да каже ...

Бучковски во посета на Јеловјане

Макфакс - 06.03.2006

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска ќе го посети тетовското село Јеловјане, каде лизгањето на земјиштето создава големи проблеми и директно загрози десетина домови. Бучковски со жителите ќе разговара за пронаоѓање на итни решенија за нивните проблеми со поддршка на Владата.