TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Вест - 11.01.2006

Верниците од изламската религија вчера го празнуваа Курбан Бајрам, втор најголем муслимански празник веднаш по Рамазан Бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почна тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење крбан.

Курбан за Курбан Бајрам

Вечер Прес - 11.01.2006

Муслиманите од Македонија, како и од целиот свет, вчера го прославуваа Курбан Бајрам, втор најголем муслимански празник, по Рамазан Бајрам. По утринската молитва сабах-намаз, а по два часа подоцна и со бајрам-намаз, започна тридневната прослава, во која славата кон Алах се искажува со тоа што ...

Парламентарците одмораа на Курбан Бајрам

Вечер Прес - 11.01.2006

Македонските парламентарци вчера си зедоа слободен ден. Причина - исламскиот празник Курбан Бајрам, поради што беше одложена и седницата на Комисијата за политички систем, на која требаше да се расправа за предлог-законот за слободен пристап до информации.

Денеска е Курбан Бајрам

А1 - 10.01.2006

Уште пред изгрејсонце, муслиманските верници со бајрамската намаз молитва ја започнаа прославата на Курбан Бајрам. Како и за празникот Рамазан и за Курбан Бајрамот, за прв пат централната манифестација се одржа во Султан-Муратовата џамија, наместо во Јаја-Пашината.

Курбан-бајрам - празник на љубовта кон Алах

Време - 10.01.2006

ЧЕСТИТКИ ДО МУСЛИМАНИТЕ Пожелувам сите ние да ја почувствуваме љубовта на Алах, која сјае вечно и бескрајно, да си пружиме рака и да ги надминеме евентуалните несогласувања, бидејќи само така Курбан-бајрам ќе има целосно значење и ќе биде убав и среќен, им порача на сите верници од исламска ...

Со подавање рака да се надминат несогласувањата

Утрински - 10.01.2006

Честитка на в.д. поглаварот на ИВЗ по повод Курбан-бајрам Во историјата на исламот, Курбан-бајрам се смета како Голем бајрам, бидејќи по дваесет и три години колку што траеше објавата на Куранот, тој се комплетира токму на денот на Арафат, спроти Курбан-бајрам.

Курбан-бајрамско славење на солидарноста

Дневник - 10.01.2006

ИСЛАМСКИТЕ ВЕРНИЦИ ПРАЗНУВААТ Да си пружиме рака и да ги надминеме евентуалните несогласувања, бидејќи само така Курбан-бајрамот ќе има целосно значење, порача во својата празнична порака заменик-претседателот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Хаџи Бахри Ефенди Алиу.

Прослава на Курбан Бајрам

Канал5 - 10.01.2006

Муслиманските верници рано утрово го почнаа славењето на Курбан Бајрам. Во џамијата Султан Мурат молитва за празникот на солидарноста, хуманоста и пријателството клањаше врвот на исламската заедница. Верниците велат дека ова е најголем ден за нив и дека ги потсетува на подготвеноста на Ибрахим да ...

Празник на солидарноста, хуманоста и пријателството

Вечер Прес - 10.01.2006

Заменик-поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Бахри Ефенди Алиу им го честита големиот исламски празник Курбан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед во Македонија. "Драги браќа и сестри, Курбан Бајрам е празник на љубовта кон Алах, празник на солидарноста, хуманоста ...

Утре муслиманите го слават празникот Курбан Бајрам

А1 - 09.01.2006

Верниците од муслиманска вероисповест утре го слават големиот празник Курбан Бајрам, денот кога се принесува жртва на Алах - курбан. Месото од курбанот, најчесто овен не постар од две години, се дели на три дела - за сиромашните, за семејството и за гостите.

Корне од овци сред Куманово

Вест - 09.01.2006

КУМАНОВЦИ СЕ ЗАДУШУВААТ ОД СМРДЕАТА ОД СТОЧНИОТ ПАЗАР ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ Дивиот пазар секоја година никнува пред муслиманските празници Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам и досега никој од локалните власти и надлежните инспекциии не превземал ништо иако тој се наоѓа на стотина метри од нив Во ...

Во пресрет на Курбан Бајрам имамите размислуваат за изборите во ИВЗ

Канал5 - 09.01.2006

Какви избори за муфтија ќе има во Скопје. Во пресрет на Курбан Бајрам за ова размислуваат имамите кои бараа да си оди муфтијата Зенун Бериша. Велат дека тој нема да биде кандидат за изборите закажани за 14 февруари, а тие повторно ќе застанат зад кандидатурата на Таџедин Беслими.