TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ни фали струја или не?!

Вечер Прес - 23.02.2008

Нема да се бара одговорност од никого бидејќи ситуацијата поврзана со недостатокот на енергија и дефектите во термоелектраните не е хаотична како што се претставува во јавноста - изјави заменик-министерот за економија, Спанџов Киро Спанџов, заменик-министерот за економија вчера го демантираше ...

Владата бара струја од Бугарија

Дневник - 22.02.2008

Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера во Софија побара од Бугарија да ни дава струја во периодите кога има вишок. Бугарскиот министер за енергетика Петар Димитров му ветил помош по 31 март годинава, кога истекува забраната за извоз на струја од Бугарија поради проблеми во снабдувањето на тамошниот ...

Владата во потрага по струја, Бугарија прва на список

Утрински - 22.02.2008

Ако заврши изградбата на далноводот со Бугарија, Македонија нема да биде целосно зависна за струја од Србија Маја Томиќ Владата почна да бара начини за спас од евентуална енергетска криза што може да ја снајде земјава. МЕПСО неодамна обелодени дека поради драстичното опаѓање на нивото на водата во ...

Село гори, Рафајловска се чешла!

Вечер Прес - 22.02.2008

Преносниот оператор МЕПСО, чека Министерството за економија да одлучи како ќе се надополнува кусокот на струја за годинава откако ревидираните енергетски биланси на ЕЛЕМ и ЕВН- Македонија покажаа намалено производство и зголемена потрошувачка на струја Клучниот економски ресор во земјава, ...

Договорен увоз на струја

Време - 21.02.2008

НА МИНИСТЕРСКАТА СРЕДБА ВО СОФИЈА Македонија ќе увезува електрична енергија од Бугарија од почетокот на април. Тоа е договорено на средбата во Софија помеѓу македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески и бугарскиот министер за економија и енергетика Петар Димитров.

ОКТА ја чека Владата да одлучи дали ќе увезува струја или ќе го вклучи ТЕЦ Неготино

Канал5 - 20.02.2008

Нов тендер за увоз на струја и предлага на Владата министерството за економија, неофицијално дознава канал 5 од владини извори. По алармот на МЕПСО дека во земјава поради нереални и амбициозни пресметки во енергетскиот биланс, и лошиот хидропотенцијал, недостасува енергија, по новите анализи во ...

На Македонија и' недостигаат 800 гигават-часа струја за годинава

Утрински - 20.02.2008

Количеството е за 50 отсто поголемо од веќе извршениот увоз на струја за 2008 година Маја Томиќ На државава и' недостигаат околу 800 гигават-часа струја за до крајот на годинава. Доколку се рапише нов тендер, тоа ќе значи дека ќе се испумпаат над 70 милиони евра од буџетската каса, коментираат ...

МЕПСО нема да ги дисциплинира ЕЛЕМ и ЕВН

Канал5 - 19.02.2008

МЕПСО се повлекува од првичната најава да ги дисциплинира ЕЛЕМ и ЕВН бидејќи потфрлиле во енергетските биланси. Сега ја менува верзијата - вели не барал да му ги достават ревидирани извештаи. Тие требало да се адресираат во министерството за економија. Од таму велат до нив не стасале такви податоци.

Македонија нема да извезува струја на Косово

Вечер Прес - 19.02.2008

Енергетските капацитети во државава произведуваат струја само согласно домашните потреби - велат во Електрани на Македонија Македонија нема да извезува струја на Косово бидејќи во моментов се позајмува електрична енергија од Грција за да се задоволат домашните потреби, соопшти вчера МЕПСО.

Лошиот енергетски план ќе ја доведе Македонија до енергетска криза

Утрински - 18.02.2008

Месец по донесувањето на билансот, МЕПСО бара други пресметки од енергетските компании и најавува нов увоз Маја Томиќ Македонија наскоро може да западне во енергетска криза поради лошата процена на Владата за годинешните потреби од струја.

Албанија ќе извезува струја за Косово

Утрински - 18.02.2008

ТИРАНА - Електроенергетската корпорација на Албанија почна да доставува електрична енергија за Косово, изјавија вчера претставници на компанијата, за тиранската телевизија „Топ ченел“. Според претставниците на компанијата до утре Албанија на Косово ќе извезува по три милиони киловати струја дневно.

Албанија нема струја за себе, ама го снабдува Косово

Вечер Прес - 18.02.2008

Македонските енергетски власти не соопштуваат дали на Косово ќе му пуштиме струја ако Србија му стави ембарго и како тоа ќе се реализира кога и ние во моментов увезуваме струја од Грција поради намалениот хидропотенцијал во земјава Албанија вчера почна да го снабдува Косово со струја поради ...