TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Операцијата успешна, пациентот починат

Дневник - 23.07.2005

Весна Јаневска Здравството претставува еден од најсилните општествени столбови, од чие функционирање зависи целиот општествен развој. Застојот во овој сектор придвижува редици аномалии, кои, за жал, директно и конкретно се плаќаат со најбитните нешта на граѓаните - здравјето и највредниот дар од ...

Болните на операција само ако болницата има пари

Дневник - 22.07.2005

РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО Листите за чекање за оперативни зафати ќе се зголемат и пациентите нема да може да се оперираат "кога сакаат". Ова нема да важи само за итните случаи, туку за хронично болните, кои можат да почекаат, најавува министерот за здравство Владо Димов.

Дијгнозата стара, се ”чека” терапијата

Вечер Прес - 22.07.2005

По минатонеделното алармантно предупредување "или реформи или крај на здравството", првиот лекар во државата и официјално ги презентираше алармантните состојби во овој сектор. Навистина, овој пат она што го знае секој пациент, кој чаре за маката си бара во македонскиот здравствен систем, доби на ...

Лекарите наскоро со сопствен бар-код

Утрински - 21.07.2005

Состојбите во здравството предмет на специјална тематска седница на Владата Лани во просек секој десетти граѓанин бил болнички лекуван МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Околу 200 илјади пациенти, или во просек секој десетти граѓанин на Македонија, лани бил лекуван болнички, каде што просечно одлежале по 11,8 дена.

Димов вети помалку злоупотреби

Време - 21.07.2005

РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВО Приватизација на примарното здравство и продолжување на процесот на приватизација на аптеките се првите мерки предвидени во реформите во здравството, рече Владо Димов, министерот за здравство на вчерашната прес конференција.

Итно се чека реформа во здравството

Дневник - 21.07.2005

МИНИСТЕРОТ ГИ ОБЕЛОДЕНИ ПЛАНОВИТЕ Долг од околу 70 милиони евра, неконтролирано трошење пари, голема потрошувачка на скапи лекови, непочитување на законот и уште многу други дубиози треба да се разрешат со реформата во здравството, за која вчера зборуваше министерот Владо Димов.

Димов плаче, Поповски "тврд" на пари

Вечер Прес - 21.07.2005

Комплетирање на започнатата приватизација на аптеките и на стоматолошката дејност, одмрзнување на зацртаното концесионерство во примарното здравство, редефинирање на пакетот на услуги во согласност со финансиските можности на Фондот за здравствено осигурување, воведување на рецепти со лекарски бар ...

Владата расправаше за состојбите во здравството

Канал5 - 20.07.2005

Вкупниот долг на здравствените установи во Македонија кон фирмите од кои се набавуваат лекови и медицински материјали изнесува околу 4 милијарди 340 милиони денари или 71 милион евра. На вчерашната владина седница посветена на состојбите во македонското здравство, министерот Владо Димов побарал ...

Здравството на "преглед"

Дневник - 20.07.2005

Влада Долговите на здравствените организации е една од темите за кои требаше да се "кршат копјата" на вчерашната владина седница посветена на здравството. Дознаваме дека министерот за здравство Владо Димов ќе побара "дупките" на медицинските установи од повеќе од 2 милијарди денари да се крпат со ...

Здравството во Македонија упорно тоне

А1 - 19.07.2005

Здравството станува недостижно за пензионерите, невработените, социјалните случаи кои го сочинуваат половината од населението во Македонија. Досега секој нов министер започнуваше свои реформи и не ги продолжуваше приоритетите на своите претходници.

Од Димов се чека терапија

Дневник - 19.07.2005

Љубица Балабан Министерот за здравство Владо Димов постави ултимативна дијагноза "или реформи - или крај на здравството". Ако продолжи вака "реформски" да се однесува, несомнено е дека Димов ќе остане без својот сектор - здравството дефинитивно ќе го снема.

Или реформи или крај на здравството

Вест - 18.07.2005

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЛАДО ДИМОВ АЛАРМИРА Министерот за здравство Владо Димов вчера алармираше дека состојбата во македонското здравство е многу лоша за што се потребни итни реформи за да може да опстане системот и да може да им нуди услуги на корисниците.

Димов бара пари?!

Вечер Прес - 18.07.2005

Алармантните состојби во здравството: има ли и кои се дупките од кои истекуваат парите, дали тие може да се "затнат", каде се најкритичните точки... Тоа е главната тема на утрешната ексклузивна, прва од ваков вид седница за здравството на кабинетот на Бучковски.