TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работнички е на чекор до 12-та титула

Време - 21.05.2005

ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ: РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 77-65 (3-1) Диме Тасовски забележа 24 поени и 12 скока и го донесе Фершпед Работнички на чекор до 12-та шампионска титула со триумфот со 77-65 против завчера индиспонираната екипа Вардар Осигурување во третиот меч од финалето на плејофот во кошаркарската УФА ...

Шпедитерите напаѓаат на 12. титула

Дневник - 21.05.2005

КОШАРКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ Фершпед Работнички со победа во денешниот натпревар (21 ч., пренос на ТВ "Канал 5"), против Вардар Осигурување ќе ја освои 12. титула во кошаркарското првенство на Македонија за мажи. "Шпедитерите" имаат предност од 3-1 во победи по завчерашниот триумф од 77-65.

Фершпед Работнички го победи Вардар

А1 - 20.05.2005

Фершпед Работнички - Вардар Осигурување 77:65 во третиот натпревар во финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф, одигран во салата во Градскиот Парк. Ни оддалеку не беше неизвесен како предходниот затоа што актуелниот првак направи убедлива предност во почетната фаза од мечот.

Работнички е на една победа до титулата

Време - 20.05.2005

ОДБОЈКА ПЛЕЈОФ, ЖЕНИ Одбојкарките на Работнички Фершпед како гостинки го совладаа големиот градски ривал Студент со 3-1 (25-19, 23-25, 25-13, 25-19) и се најдоа на чекор од одбрана на титулата во домашното првенство, поведувајќи со 2-0 во финалната серија „подобар од пет“.

Работнички на победа до титулата

Вест - 20.05.2005

ОДБОЈКА - "ШПЕДИТЕРКИТЕ" ПОВЕДОА СО 2:0 ВО ФИНАЛНАТА ПЛЕЈ-ОФ СЕРИЈА СТУДЕНТ - РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД 1:3 (19:25, 25:23, 13:25, 1925) Скопје. - Сала "Форца". Гледачи: 200. Судии: Михајлов и Трајков. СТУДЕНТ: Петровиќ, Марковска, Велевска, Иванова, Ивановска, Николовска, Дамјановска, Зарева.

Прв финален триумф за Вардар

Вест - 19.05.2005

КОШАРКА - ПЛЕЈ ОФ Вардар осигурување го намали резултатот на 2:1 во победи во финалето на разигрувањето за титула државен првак против Фершпед Работнички. Да не беше интересната завршница, која може да добие епитет и неизвесна, ќе немаше многу што да се разговара или анализира за вториот плеј оф ...

Вардар едвај против „шпедитерчињата“

Време - 19.05.2005

ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ Борче Даскаловски постигна две клучни тројки во последната четвртина, што беа и неговите единствени поени на мечот, за триумф на Вардар Осигурување со 72-68 против подмладениот состав на Фершпед Работнички во финалето на плејофот во кошаркарската УФА Медиа Прва лига.

Вардар ја врати неизвесноста

Дневник - 19.05.2005

КОШАРКА Вардар Осигурување ја врати неизвесноста во финалето на кошаркарскиот плејоф на Македонија откако со 72-68 славеше над Фершпед Работнички и намали на 1-2, во серијата "подобар од седум". Четвртиот меч се игра вечерва во 20.15 часот, во салата "Градски парк", каде што домаќин е актуелниот ...

Работнички Фершпед го дели само уште една победа од шампионската титула

А1 - 18.05.2005

Само уште една победа за официјална шампионска промоција им е потребна на одбојкарките на Работнички Фершпед. Поведоа со 2:0 во финалето од плеј-офот против градскиот конкурент Студент. Иако формално беа гостинки, триумфираа денеска со 3:1 во вториот дуел.

Работнички Ф. оди на победа, Студент не се предава

Утрински - 18.05.2005

Попладнево во "Форца" (16 ч.) втора финална плејоф пресметка во женското првенство Студент попладнево во салата "Форца" (16 ч.) го пречекува бранителот на титулата Работнички Фершпед во вториот финален натпревар од плеј-офот во женското одбојкарско првенство.

Продолжува серија од кошаркарскиот плеј оф

А1 - 17.05.2005

Полувреме е на натпреварот од продолженито на финалната серија од кошаркарскиот плеј оф за титулата меѓу Фершпед Работнички и Вардар Осигурување. Во салата Јане Сандански бранителот на титулата Фершпед Работнички губи од Вардар Осигурување со 44:34 против дебитантот во финалето.

Шестмина играчи ќе паузираат

Вест - 17.05.2005

Кошарка - ВО ВТОРИОТ ФИНАЛЕН ДУЕЛ ОД ПЛЕЈ ОФОТ На вториот натпревар од финалната плејоф серија што вечерва ќе се одигра во"Јане Сандански" (19), за Вардар Осигурување и Фершпед Работнички нема да настапат пет играчи, кои од КФМ заработија казна по еден натпревар.

По еден меч казна за учесниците во инцидентот

Време - 17.05.2005

КОШАРКА ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ По тројца играчи на Фершпед Работнички и на Вардар Осигурување ќе го пропуштат вечерашниот втор меч од финалето на плејофот во кошаркарската УФА Медиа Прва лига поради учество во масовната тепачка на првата средба.

"Шпедитерките" стартуваа со победа

Вест - 17.05.2005

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ, ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД - СТУДЕНТ 3:0 (25:13, 26:24, 25:19) Скопје. - Сала "Градски Парк". Гледачи 350. Судии: Мицевски и Трајков. Работнички Фершпед: Трајковска, Зафировска, Мирчевска, Маровска, Трпезановска, Василева, Јакимовска, С.

За малку општа тепачка помеѓу Работнички и Вардар

Време - 16.05.2005

КОШАРКА ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ, „ШПЕДИТЕРИТЕ“ ВОДАТ СО 2-0, НО... Самоил Петрески Нов срам ја снајде македонската кошарка на првиот финален дуел од плејофот, кога за малку не дојде до општа тепачка меѓу играчите на Фершпед Работнички и на Вардар Осигурување.

Играчите се тепаа, судиите им се виновни

Дневник - 16.05.2005

КОШАРКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ Ф. Работнички ќе биде без тројца, а Вардар О. без двајца на наредниот меч во вторник Незадоволство од судењето кај двете екипи, прекин поради тепачка, автокош и преубедлива победа на Фершпед Работнички од 87-56 против Вардар Осигурување во првиот меч од финалето на ...