TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Меркел ги осуди САД поради тајните затвори на ЦИА

А1 - 10.09.2006

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги осуди Соединетите Американски Држави, поради тајните затвори на ЦИА, користени за испитување на лица осомничени за тероризам. „Употребата на таквите затвори не е во согласност со моето сфаќање за владините закони“, изјави Меркел во Берлин.

САД меѓу спомените и грешките по 11 септември

Утрински - 09.09.2006

Бројот на мртвите Американци во Ирак е идентичен со бројот на загинатите во Светскиот трговски центар Слободанка Јовановска Пет години од објавувањето на најдолгата војна во историјата на Америка - војната против тероризмот - претседателот Џорџ Буш излезе со неколку признанија пред светот.

Буш ги призна тајните затвори на ЦИА низ Европа

Вест - 09.09.2006

ВАШИНГТОН, 9 септември - Американскиот претседател Џорџ Буш призна оти ЦИА имала тајни затвори во странство во кои испитувала осомничени за тероризам. Буш решително застана во одбрана на ваквиот метод на ЦИА, пос ВАШИНГТОН, 9 септември - Американскиот претседател Џорџ Буш призна оти ЦИА имала тајни ...

Буш призна дека ЦИА има тајни затвори низ светот

Дневник - 09.09.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш призна дека ЦИА има тајни затвори во странство, во кои приведува осомничени терористи заради испитување. - Беше неопходно тие поединци да ги сместиме во средина во која можат да бидат држени во тајност, испитувани од експерти - рече Буш, бранејќи ја програмата, ...

Признанието на Буш ги стави европските влади во небрано

Утрински - 09.09.2006

ЖЕНЕВА - Комесарот на ОН за човекови права Луис Арбур вчера ги повика САД да го укинат тајниот притвор за осомничени терористи, истакнувајќи дека пренесувањето на 14 од нив во заливот Гвантанамо не е доволно. Таа побара програмата за тајниот притвор да биде целосно укината.

Закон за процесуирање осомничени за тероризам

Макфакс - 09.09.2006

Вашингтон Американскиот Конгрес го прифати Законот за испитување и процесуирање на осомничени за тероризам. Според американските медиуми овој закон поставува одредени ограничувања на техниките на испитување кои ги користи ЦИА.

Буш ја зовре атмосферата меѓу Европарламентарците

А1 - 07.09.2006

Признанието на американскиот претседател Буш дека САД имале тајни затвори на европско тло ја зовре атмосферата меѓу европарламентарците кои бараат Европската унија и владите на членките на унијата да откријат кои земји соработувале со ЦИА при нелегални апсења и тортура на обвинети за тероризам.

Буш призна оти ЦИА имала тајни затвори

А1 - 07.09.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа призна оти ЦИА имала тајни затвори во странство, каде што испитувала осомничени за тероризам. Буш решително застана во одбрана на ваквиот метод на ЦИА, посочувајќи дека американската тајна служба постапувала хумано и не ги злоставувала заробениците.

Реакција на Рене ван дер Линден на вчерашното признание на Буш за тајните затвори на ЦИА

Канал5 - 07.09.2006

Вчерашното признание на американскиот претседател Џорџ Буш дека постојат тајни затвори на ЦИА во странство, ја оправдува исцрпувачката истрага што Советот на Европа ја спроведе во изминатите неколку месеци, оцени претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Рене ван дер Линден.

Уште една година вонредна состојба во САД

Дневник - 07.09.2006

Претседателот Џорџ Буш ја продолжи за уште една година вонредната состојба во САД, прогласена по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. - Терористичката закана не е помината, а вонредната состојба во целата земја објавена на 14 септември 2001 година и мерките што ...

Европратеници бараат откривање на локациите на затворите на ЦИА

Макфакс - 07.09.2006

Стразбур Европски парламентарци побараа од своите влади да откријат каде се наоѓаат тајните затвори на ЦИА, откако вчера американскиот претседател Џорџ Буш го потврди нивното постоење. „Местоположбата на тие затвори треба да биде објавена.

Буш ги декласифицираше документите за тероризмот

Макфакс - 07.09.2006

Вашингтон Белата куќа ја симна ознаката на тајност на документите на разузнавачките служби за глобалниот тероризам. Вчерашната одлука за симнување на ознаката „тајна“ следеше откако весникот „Њујорк тајмс“ објави извадоци од овие извештаи, што ја разбрануваа американската политичка сцена и ги ...

Грција демантира за тајните летови на ЦИА

Макфакс - 07.09.2006

Атина Грција денеска одрече дека на кој било начин била инволвирана во тајните операции на ЦИА поврзани со лов на осомничени терористи. Нема докази дека на аеродромите во Грција слетувале авиони на ЦИА, изјави министерот за надворешни работи на Грција Дора Бакојани, објавија грчки медиуми.

Буш призна дека ЦИА имала тајни затвори

Макфакс - 07.09.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа призна оти ЦИА имала тајни затвори во странство, каде што испитувала осомничени за тероризам Буш решително застана во одбрана на ваквиот метод на ЦИА, посочувајќи дека американската тајна служба постапувала хумано и не ги злоставувала заробениците.

Буш – Војната во Ирак не ја ослабна безбедноста на САД

Макфакс - 07.09.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш ги демантираше тврдењата од еден разузнавачки извештај дека војната во Ирак ја слабее безбедноста на САД. “Некои луѓе помислија дека нашето заминување во Ирак беше грешка, но погрешно е да се мисли дека ја слабееме безбедноста со тоа што атакуваме врз ...

Буш - ништо, Ахмадинеџад - тиранин

Вечер Прес - 07.09.2006

Шиитскиот екстремизам успеа таму каде што не успеа Ал Каеда... - Шиитскиот екстремизам успеа таму каде што не успеа Ал Каеда, воспоставувајќи надзор во 1979 година контрола на Иран, констатираше американскиот претседател Џорџ Буш во својот втор говор во рамките на новата кампања за оправдување на ...

Буш: Пет години по 11 септември САД уште небезбедни

Вест - 06.09.2006

ВАШИНГТОН, 6 септември (Ројтерс) - Пет години по нападите на 11 септември САД се побезбедни, но "уште не се сосема безбедни" од значително ослабената, но сепак опасна Ал Каеда, се вели во извештајот на Белата куќа. Националната стратегија за борба против тероризмот на Белата куќа беше објавена ...

Буш одбива средба со Ахмадинеџад

Макфакс - 06.09.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш соопшти синоќа дека нема да се сретне со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на заседанието на Генералното собрание на ОН, идната недела во Њујорк. Како услов за средба со шефот на иранската држава, Буш побара Иран да го прекине збогатувањето на ...

Буш му го честита изборот на Груевски за премиер

Утрински - 04.09.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера писмено му го честита на Никола Груевски изборот за премиер. „Подготвен сум да соработувам со вас во насока на реализирање на нашата заедничка визија за стабилна и просперитетна Македонија, целосно интегрирана во евроатлантската заедница", вели Буш во ...

Македонија направи значителен прогрес

Време - 04.09.2006

ЧЕСТИТКА ОД БУШ ДО ГРУЕВСКИ Американскиот претседател Џорџ Буш вчера писмено му го честита на Никола Груевски изборот за претседател на Владата на Република Македонија. - Подготвен сум да соработувам со вас во насока на реализирање на нашата заедничка визија за стабилна и просперитетна Македонија, ...

Честитка од Џорџ Буш до премиерот Груевски

Дневник - 04.09.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера испрати честитка до претседателот на владата Никола Груевски во која, му го честита изборот за премиер „Ви честитам на Вашиот избор и се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме за да ја оствариме нашата заедничка визија за стабилна и просперитетна ...

Војната во Ирак го рашири тероризмот

Макфакс - 04.09.2006

Њујорк Војната во Ирак помогнала да се рашири тероризмот во светот и им послужила како погонско гориво на исламските радикали насекаде. Ова, како што пренесува Макфакс, го тврди американското весник Њујорк тајмс кој се повикува на доверлив разузнавачки документ со проценка за ефектите на војната во ...

Во лов на Буш

Макфакс - 04.09.2006

Видеоигра, што ги повикува играчите да ги убиваат ликовите кои наликуваат на американскиот претседател е поставена на голем број интернет страни на милитантните исламистички организации. Играта се вика “Лов на Буш“ или “Ноќ за фаќање на Буш“, пишува Си-Ен-Ен.

Имате целосна поддршка од САД

Вечер Прес - 04.09.2006

Подготвен сум да соработувам со Вас во насока на реализирање на нашата заедничка визија за стабилна и просперитетна Македонија, целосно интегрирана во евроатлантската заедница, пишува американскиот претседател Џорџ Буш во честитката за изборот на Никола Груевски за премиер.