TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 30 загинати при експлозии во Ирак

А1 - 07.05.2006

Најмалку 30 луѓе загинаа, а стотина се повредени во неколку експлозии на автомобил-бомби во Багдад и Карбала. Напаѓач самоубиец влетал со автомобил, преполн со експлозив, во близина на автобуска станица во шиитскиот град Карбала, при што 20 Ирачани загина, а 55 се повредени.

Најмалку 30 мртви во три одделни напади во Ирак

Канал5 - 07.05.2006

Во експлозии на најмалку три бомби во Багдад и во Кербала загинаа 30 луѓе, а повредени се над 70. Полициските извори соопштија дека во последните 24 часа во Ирак се најдени 42 човечки тела, меѓу кои осум биле фрлени покрај болницата Кинди во центарот на Багдад.

Багдад и Вашингтон за присуството на ППК во Ирак

Макфакс - 07.05.2006

Анкара Соединетите Американски Држави (САД) започнаа разговори со новата ирачка Влада за можни дејствија против курдските бунтовници кои се кријат во северен Ирак. Ова, синоќа во Дијарбекир, го изјави американскиот амбасадор во Турција Рос Вилсон.

Најмалку 30 загинати во експлозии на автомобили-бомби

Макфакс - 07.05.2006

Багдад Најмалку 30 лица се загинати денеска во експлозии на авто бомби во Багдад и Карбала, соопшти претставник на ирачката полиција. Напаѓач-самоубиец влетал со автомобил, преполн со експлозив, во контролната точка во шиитскиот свет град Карбала, при што најмалку 20 лица загинале, а 55 се ранети.

Тројца ирачки војници загинати во самоубиствен напад во Ирак

Канал5 - 06.05.2006

Бомбаш самоубиец во ирачка воена униформа денеска во воената база во Тикрит го активирал експлозивот што го имал околу себе и притоа загинаа тројца ирачки војници, соопштија ирачката војска и полицијата. Багдад, 6 мај (Танјуг) - Бомбаш самоубиец во ирачка воена униформа денеска во воената база во ...

Експлозија во Багдад, најмалку девет мртви

Макфакс - 06.05.2006

Багдад Најмалку девет лица загинале денеска при експлозија на бомба во Багдад, соопшти ирачката полиција. Според медицински извори, во експлозијата загинале повеќе од 30 лица. Претходно агенциите јавија за двајца мртви и 28 ранети.

Најмалку девет лица убиени во атентат во Ирак

Макфакс - 05.05.2006

Багдад Најмалку 9 лица, меѓу кои и четворица учители, загинале во судири во Ирак, соопшти полицијата. Учителите се убиени, откако вооружен напаѓач отворил оган кон минибус во градот Баладруз, на 100 километри јужно од Багдад.

Најмалку осум жртви во експлозија на автомобил - бомба во Багдад

Канал5 - 04.05.2006

Најмалку осум Ирачани цивили загинаа и 46 се повредени во експлозија на автомобил - бомба што денеска се случи во Багдад. Багдад, 4 мај (МИА) - Најмалку осум Ирачани цивили загинаа и 46 се повредени во експлозија на автомобил - бомба што денеска се случи во Багдад.

Крвав ден во Ирак, 33 убиени, 80 ранети

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Триесет и три лица се убиени, а повеќе од 80 се ранети во неколку одвоени напади денеска во Ирак, соопшти полицијата. Во првиот напад, две бомби експлодирале на различни места на Палестинската улица во Багдад. При првата експлозија биле ранети двајца полицајци и четворица цивили.

Најмалку 14 загинати во напад крај американска база во Ирак

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Најмалку 14 лица загинаа, а шестмина се ранети во денешниот двоен самоубиствен бомбашки напад во Ирак. Според соопштение на американската војска, автомобил-бомба експлодирал во близина на американска воена база Кемп Виктори, во близина на аеродромот во Багдад.

Шестмина убиени во Ирак, меѓу нив и еден генерал

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Шестмина Ирачани, меѓу нив и еден бригаден генерал од багдадската полиција, денеска се убиени во Ирак. Генералот Ахмед Дауд патувал со возило без заштита во квартот Мамун, во западен Багдад, кога се случил нападот. Во Ханакин, на 150 км североисточно од Багдад, непознати напаѓачи застрелале ...

Убиени се ирачки генерал и службеник во министерство

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Ирачки воен генерал и службеник во Министерството за човекови права се убиени денеска при два напада во Багдад, соопшти претставник на службите за безбедност. Генералот Мохамед Реза Абделатиф, претставник на Министерството за одбрана, бил убиен во своето возило додека патувал кон работното ...

Нови напади во Ирак, најмалку 20 загинати

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Најмалку 20 лица загинале, а 61 се повредени во денешните напади во Ирак, соопшти полицијата. Во првиот напад, две бомби експлодирале на различни места на Палестинската улица во Багдад. При првата експлозија биле ранети двајца полицајци и четворица цивили.

Бомбашки напад во Багдад, повеќе повредени

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Повеќе луѓе се ранети утрината во Багдад, при експлозија на бомба во шиитскиот дел на градот, соопшти полицијата. Според истиот извор, нападот се случил во населбата Кадхумија, во северниот дел на градот и е втор напад во последните неколку дена чија мета се шиити кои бараат ...

Конференција за национално помирување на Ирак на 20 јуни

Макфакс - 04.05.2006

Багдад Конференција за национално помирување во Ирак ќе биде одржана на 20 јуни во Багдад. Конференцијата, како што соопшти генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса, е да запрат насилствата меѓу религиозните и националните групи во Ирак.

Десетици загинати ширум Ирак

Макфакс - 03.05.2006

Багдад Близу 20 лица загинаа во бранот насилства што и денеска продолжи ширум Ирак, соопштија полициски извори. Самоубиец активирал автомобил – бомба во југоисточен Багдад при што загинаа пет лица, а исто толку се ранети. Во три одделни инциденти во Багдад убиени се уште пет лица, соопшти ...

Пронајдени тела на 14 измачувани лица во Багдад

Макфакс - 03.05.2006

Багдад Телата на 14 мажи кои се измачувани, а потоа застрелани, се пронајдени утринава во Багдад, соопшти полицијата. Труповите, со врзани очи и раце, се пронајдени во багдадскиот кварт Шаб. Полицијата соопшти дека станува збор за мажи на возраст меѓу 20 и 30 години.

Најмалку тројца убиени и 12 ранети при експлозиите во Багдад

Макфакс - 02.05.2006

Багдад Најмалку три лица загинаа и 12 се ранети во двојниот бомбашки напад на пазар во Багдад., соопштија полициски извори. "Три лица се убиени, а 12 се ранети при атентат со автомобил-бомба", прецизира изворот. Нападот се случи пред да започне 27-то судско заседание од процесот против поранешниот ...

Ширум Багдад пронајдени 42 тела

Макфакс - 01.05.2006

Багдад Вкупно 42 тела се пронајдени во последното деноноќие ширум Багдад, жртвите биле врзани и стрелани, а на телата имало знаци на мачење, соопштија денеска ирачки полициски извори. Најголем дел од убиените биле пронајдени во источниот дел на ирачката престолнина, додаваат истите извори.

Убиени шест цивили во Ирак

Макфакс - 01.05.2006

Багдад Шест цивили се убиени денеска во неколку напади во Багдад и на југот на земјата, соопштија ирачките безбедносни сили. Според истите извори, четворица улични чистачи биле убиени, а еден повреден во експлозија на бомба од рачна изработка.

Крвава недела во Багдад

Макфакс - 01.05.2006

Багдад Близу 20 лица загинаа во серија бомбашки напади во ирачката престолнина Багдад, ден по изборот на владата на национално единство. Најмалку 13 луѓе загинаа во експлозија на бомба што самоубиец ја активира во ресторан преполн со гости, во кој често навраќаат ирачки полицајци.

Повеќе од 1.000 мртви во религиските судири во Багдад

Макфакс - 01.05.2006

Багдад Повеќе од 1.000 Ирачани се убиени поради религиозни причини во април само во Багдад, соопшти денеска ирачкиот претседател Џалал Талабани. Религиозните насилства во Ирак избувнаа по 22 февруари, кога беше крената во воздух шиитска џамија во Самара.