TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ден по конгресот СДСМ и лидерката Шеќеринска тргнуваат по враќање на изгубената доверба

Канал5 - 25.02.2007

Бучковски нема да прави нова партија. Останува во СДСМ и се нуди на партискиот врв што го предводи Шеќеринска да помогне партијата заеднички да ја кренат на нозе по неуспешната 2006-та. Бучковски нема да прави нова партија. Останува во СДСМ и се нуди на партискиот врв што го предводи Шеќеринска да ...

Бучковски се уште на идејата за фракционерство

А1 - 24.02.2007

Бучковски опстојува на идејата за фракционерство и за промени во статутот, меѓутоа како што стојат работите тоа е во малцинство, според информациите од раководството во Централниот одбор на партијата. Всушност и Бучковски во досегашната дебата, по платформата на партијата зборуваше за дел од овие ...

Бучковски има оправдување за милион евра

Дневник - 24.02.2007

Во Владата има документација за тоа како се потрошени еден милион евра, а таа, поради објективни околности, не им била достапна на ревизорите, изјави вчера поранешниот премиер Владо Бучковски. Според него, ревизорскиот извештај за работењето на Владата во текот на неговиот мандат е коректен: - ...

Да не се направи од готово вересија со НАТО

Дневник - 24.02.2007

Потребна е реформа на целиот безбедносен систем, сметаат сегашниот министер за одбрана Лазар Еленовски и Владо Бучковски , пратеник и поранешен министер за одбрана, кои денеска разговараа за реформите во одбраната и за нејзината разузнавачка служба.

Непосредни избори - тренд или погрешна терапија

Време - 24.02.2007

КОНГРЕС НА СДСМ Целото членство на СДСМ во 2009 година да излезе на гласање за да ги избере претседателскиот и кандидатите за градоначалници на изборите. Следната година, по истиот принцип да се изберат и кандидатите за пратеници, а потоа и идните лидер и генерален секретар на партијата.

Еленовски и Бучковски исто гледаат на безбедносните реформи

Утрински - 24.02.2007

Актуелниот и поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски и Владо Бучковски се согласија околу потреба за реформа на целиот безбедносен систем и за состојбите во одбранбениот сектор. Откако преку медиумите си испраќаа пораки за тоа кој кому може да „држи предавања“ за теми од одбраната и ...

Симптоматично е што извештајот излезе токму сега

Време - 24.02.2007

БУЧКОВСКИ ЗА НАОДИТЕ НА РЕВИЗОРИТЕ Извештајот е коректен, но прашање е зошто излегува токму сега, изјави поранешниот премиер Владо Бучковски откако ревизорите завчера обелоденија дека тој како премиер во 2005 година незаконски потрошил околу милион евра за ресторани, дневници, надоместоци за ...

Еленовски и Бучковски си објасниле што е тоа разузнавање

Вест - 24.02.2007

Актуелниот министер за одбрана Лазар Еленовски и поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски препукувањето преку медиумите вчера го заменија со средба на која се советувале за безбедносната состојба, за реформите во одбраната, за разузнавањето и за НАТО интеграциите.

Шеќеринска: Цел на СДСМ е враќање на Македонија на европскиот колосек

Канал5 - 24.02.2007

Под мотото „Доверба, единство, успех“ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го одржува Седмиот партиски конгрес, на кој беше потврден изборот за претседател на Радмила Шеќеринска и беа утврдени понатамошните чекори на дејствување на партијата до наредните парламентарни избори ...

Бучковски најавува конструктивност, но не отстапува од своите барања пред конгресот

Утрински - 24.02.2007

Шекеринска веќе потврди оти барањата на бучковистите ќе бидат отфрлени Екслидерот на СДСМ Владо Бучковски најавува конструктивен настап на денешниот редовен партиски конгрес, но не отстапува од своите ставови за начинот на кој треба да се реформира партијата.

Eленовски и Бучковски го скршија мразот

Време - 24.02.2007

ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПОВОД ЗА ДИЈАЛОГ Лазар Еленовски, министерот за одбрана, покажувајќи се како добар домаќин вчера ги отвори вратите на својот кабинет за неговиот поранешен сопартиец Владо Бучковски, со кого неодамна си разменија неколку остри изјави околу Секторот за безбедност и разузнавање, ...

СДСМ денеска на конгрес

Дневник - 24.02.2007

СДСМ денеска во Скопје ќе одржи редовен конгрес. Новоизбраните и делегатите по функција ќе го разгледуваат извештајот за работата на СДСМ помеѓу двата редовни конгреса, програмската платформа за дејствување до 2011 година и измените на партискиот статут.

Бучковски призна дека се расфрлал со државни пари

Вечер Прес - 24.02.2007

Ревизорскиот извештај за работењето на претходната Влада во текот на 2005 година, за екс-премиерот Владо Бучковски е коректен, иако во него се товари за незаконско трошење на стотици илјади евра државни пари. Не ја оспорува регуларноста, но не кажува и дали е подготвен да се појави на суд и да ...

Еленовски не му ја повредил суетата на Бучковски

Вечер Прес - 24.02.2007

Тогашниот министер Бучковски прв пат разбрал за случајот од ВЕЧЕР, иако во негово време Комисија во МО подготвила извештај со кој утврдила дека од три каси била украдена архивата за периодот од 1992 до 2001 година. А сегашниот министер, Еленовски, пак, се уште истражувал што напишал ВЕЧЕР ...

Бучковски...на колосек!

Вечер Прес - 24.02.2007

Откако не доби поддршка за фракционерство и непосредни избори во СДСМ, екс лидерот Владо Бучковски најави конструктивност на денешниот редовен Конгрес на партијата. Сепак, во дел од медиумите тој вели дека нема да се откаже од невозможната мисија, да протурка дел од своите иницијативи на самиот ...

Еленовски и Бучковски ги надминаа разликите

А1 - 23.02.2007

Откако добивањето покана за НАТО во 2008-ма е на стаклени нозе, актуелниот и поранешниот министер за одбрана, Лазар Еленовски и Владо Бучковски, решија да се сретнат. Денеска ги надминале разликите околу немањето шеф на военото разузнавање во ситуација кога се решава статусот на Косово.

Средба Еленовски - Бучковски

Канал5 - 23.02.2007

Да се решат политичките проблеми за да не пропадне големата шанса за влез во НАТО. Ова е пораката испратена од денешната средба на министерот за одбрана Лазар Еленовски со поранешниот премиер и шеф за одбраната Владо Бучковски.

Бучковски оставил неплатен цех од милион евра

Дневник - 23.02.2007

Многу пари за консултанти, дневници, угостителски услуги, па се' до посебен филм за Македонија, се дел од неправилностите што ги откри ревизијата Околу еден милион евра сомнително или незаконски потрошила Владата во периодот додека премиер беше Владо Бучковски, покажува ревизорскиот извештај за ...

АД „СДСМ“ или „СДСМ“ на сите членови?

Време - 23.02.2007

Утре е редовниот Конгрес на СДСМ. Кога утре би биле изборите, според последните анкети, за СДСМ би гласале 8% од гласачите, а за ВМРО-ДПМНЕ 24%. Пред 8 месеци, за СДСМ гласаа 13% од гласачите, а за победникот ВМРО-ДПМНЕ 17%. Има ли шанси работите да се променат, рејтингот на СДСМ да почне да расте? ...

За човек што вреди - не треба да се штеди!

Вечер Прес - 23.02.2007

За ставката други тековни расходи биле потрошени 791.000 денари повеќе од дозволеното. Интересно е тоа што 288.000 од нив се потрошени за снимање и постпродукција на краток филм за Македонија по повод доделувањето на Гран при наградата за мир, на тогашниот премиер Бучковски.

Бучковски ја спушта топката

Време - 20.02.2007

СДСМ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КОНГРЕСОТ Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница требаше да ги усвои завршните верзии на новиот статут на партијата и на платформата за дејствување во наредните четири години. За овие документи ќе се изјаснат над 650 делегати, на редовниот конгрес на партијата в ...

СДСМ на конгресот в сабота нема да дозволи фракционерство

Канал5 - 19.02.2007

Социјалдемократите на Централен одбор вечерва ќе ги дефинираат документите за конгресот в сабота, во кои нема одредби ниту за фракционерство, ниту за непосредни избори за партиските органи. Социјалдемократите на Централен одбор вечерва ќе ги дефинираат документите за конгресот в сабота, во кои нема ...