TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ќе продолжи ли доминантноста на Шпанија?

А1 - 29.06.2008

За многумина Шпанија во минатото имала и позвучни репрезентации од оваа што под Алпите ја донесе Луис Арагонес. Но, никогаш досега не одиграла така моќно во континуитет на едно големо натпреварување. За „Армадата“ се чини младоста е многу повеќе предност отколку некаков хендикеп.

Момент за одлука, Германија или Шпанија

А1 - 29.06.2008

Момент за одлука. Фудбалска Европа чека на новиот носител на шампионската круна. Германија или Шпанија. Нациите се напнати, треперат студените Германци, но и емотивните Шпанци. Возбудени се сите што сакаат фудбал, но и тие што со „буба марата“ се дружат на секои четири или пак на две години, ...

Шпанија е фудбалски шампион на Европа

А1 - 29.06.2008

Шпанија е новиот шампион на Европа во фудбал. Шпанците во финалето на ЕУРО 2008 вечерва на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена ја победија Германија со 1:0. Голот за Шпанија го постигна Фернандо Торес во 33-та минута од натпреварот. Ова е втора титула европски шампион за Шпанија.

Историјата на страната на Германија

А1 - 28.06.2008

Фудбалска Европа со нетрпение го очекува новиот суверен. Промоцијата на владетелот за наредните четири години ќе се случи утре вечер на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена, по финалниот натпревар на континенталниот шампионат што привршува.

„Црвената фурија“ вторпат ја одвеа „зборнаја“

Дневник - 28.06.2008

Најпрво не' изморија, па ни одржаа час по модерен фудбал, вели Хидинк Шпанија вторпат ја победи Русија со 3 гола разлика (3-0) на ЕП-2008 и си обезбеди трето финале на еврозавршниците, со можност да ја освои втората круна по триумфот од 1964 година.

Шпанија и Германија во борба за алпскиот врв

Утрински - 28.06.2008

Во неделното финале во Виена „фуријата“ оди по втората европска круна, а „панцирите“ по четвртата Шпанија и Германија в недела во Виена ќе го затворат Европското првенство, во нивното трето, односно шесто финале. А Шпанија, која само еднаш била европски првак за разлика од трите титули на ...

Дуел на шпанската креативност и на германската упорност

Време - 28.06.2008

ЗАВРШУВА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ Шпанија и Германија, утре (20.45 часот), на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена, ќе одлучат кој ќе биде новиот европски шампион. И двете екипи заслужено се најдоа во завршницата, а фудбалерите на „црвената фурија“ покажаа многу повеќе од трикратниот европски ...

Одличниот турнир доби возбудлива завршница

Вест - 28.06.2008

ЕП 2008 - ФИНАЛЕ Шпанија може да стави крај на своето 44-годишно чекање да биде крунусана во европски шампион ако утре против Германија ја повтори формата што ја прикажа во победата од 3:0 над Русија во завчерашната полуфинале. Германија, пак, ќе мора да одигра....

Најефикасните ја спуштаат завесата во Виена

Дневник - 28.06.2008

Шпанија и Германија, кои постигнаа вкупно 21 гол, ќе се борат за вториот, односно четврти свој триумф на европската сцена Шпанија и Германија го заслужија настапот на завршниот чин на ЕП 2008. Како најефикасни селекции на завршницата, кои постигнаа вкупно 21 гол (11 Шпанците и 10 Германците), ...

Германија и Шпанија во финалето на Евро 2008

А1 - 27.06.2008

Германија и Шпанија, во големото финале на фудбалскиот Евро шампионат, што во недела завршува во Виена. „Фуријата“ си поигра и со три гола во мрежата ја понижи Русија која не успеа да се ослободи од шпанскиот комплекс. На дождот во Виена се расипа руската машина која ги згмечи актуелните европски ...

ЕП 2008: Чин втор, Шпанија против Русија

А1 - 26.06.2008

Полуфинале на европското фудбалско првенство, чин втор. Шпанија против Русија. Германија го чека противникот во натпреварот за тронот, Шпанците се повикуваат на традицијата, Русите ги истакнуваат своите адути. За резултатот ќе почекаме, сигурно е само дека пред „гладните“ за фудбал е уште една ...

Шпанија е вториот финалист

А1 - 26.06.2008

Шпанија е вториот финалист на Европското фудбалско првенство. „Армадата“ одигра перфектно второ полувреме против Русија за победа од 3:0 и за место во натпреварот за тронот со селекцијата на Германија. Шпанците победија и во третото полуфинале на европските првенства.

На Русија ќе и треба посилна одбрана за реваншот со Шпанија

Вест - 26.06.2008

ЕП 2008 - ПОЛУФИНАЛЕ Рускиот селектор Гус Хидинк сака неговиот млад тим да ги избегне школските грешки, кога ќе се сретне со непоразената Шпанија во полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Хидинк ги нападна своите играчи за лесното губење на топкат Рускиот селектор Гус Хидинк ...

Русија и Шпанија полни со меѓусебен респект

Утрински - 26.06.2008

Пред вечерашното второ полуфинале „летаат“ пофалби од двете страни Единствените два тима кои два пати ќе се сретнат на ова ЕП се Шпанија и Русија. Вечерашното нивно полуфинале во многу нешта треба да се разликува од нивната прва средба во групата, кога Шпанија славеше убедливо со 4:1.

Русите ги освоија неутралните навивачи

Дневник - 26.06.2008

Неутралните фудбалски симпатизери во Европа добија нов миленик во репрезентацијата на Русија. Селекцијата на „зборнаја“ е екипата што со својата отворена и атрактивна игра ги плени симпатиите на обожаватели на фудбалот кои пред првенството немаа свој миленик или пак нивната репрезентација веќе ...

Русите најавуваат опсада на голот на Касилјас

Време - 26.06.2008

„ЗБОРНАЈА“ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО БАРА ОДМАЗДА ЗА СРАМОТ НА СТАРТОТ На стадионот „Ернст Хапел“ во Виена во дуелот меѓу Русија и Шпанија ќе биде познат вториот финалист на континенталниот шампионат. Ова ќе биде втор натпревар на двете репрезентации на ЕП, а во групната фаза Шпанците уверливо, со 4-1, ја ...

Гол повеќе за премиерниот Виенски валцер

Дневник - 26.06.2008

„Зборнаја“ посакува одмазда за убедливиот пораз на стартот од Шпанија, која очекува трета завршница на еврошампионатите Русија ќе бара одмазда против Шпанија. „Црвената фурија“ се надева на реприза од 10 јуни, кога со 4-1 славеше над „зборнаја“.

Зборнаја со научена шпанска лекција

Вечер Прес - 26.06.2008

За разлика од првата средба во групата, кога убедливо загубија (1:4), овој пат селекторот Хидинк смета дека нема да ги повторат грешките и "фуријата" ќе има далеку поквалитетен противник За разлика од натпреварот во групата, што го добија со убедливи 4:1 и со тоа ја оправдаа улогата на апсолутен ...

Арагонес две години на клупата на Фенербахче

А1 - 25.06.2008

Во очекување на утрешното второ полуфинале на Евро шампионатот, на кој неговата Шпанија ќе се судри со репрезентацијата на Русија, ниту 70-те години на грбот не му се товар на селекторот на „фуријата“ Луис Арагонес да направи звучен тренерски трансфер.

Хидинк е најдобар тренер на светот

Вечер Прес - 25.06.2008

Познатата американска телевизија ЕСПН селекторот на Русија Гус Хидинк го определи како најдобар тренер на светот. Овој медиум ги држи правата во САД за пренесување на натпреварите од финалниот турнир на ЕП 2008 во Австрија и Швајцарија.

Реванш за поразот во група од Шпанија

Вечер Прес - 25.06.2008

Селекторот на Русија, Гус Хидинк сака да и се одмазди на Шпанија за поразот од 1:4 во фазата по групи на ЕП. Двете репрезентации се среќаваат во полуфиналето в четврток. - Шпанија е одличен тим. Освои 9 бода во групата и покажа многу добра игра. Ние почнавме да играме добро по поразот од нив.

Последен ден пауза пред полуфиналето на Евро 2008

А1 - 24.06.2008

Последен ден пауза пред враќањето во реалноста, наречена фудбал, во овој период од годината. Утре Германија и Турција ги отвораат полуфиналните дилеми, в четврток Шпанија и Русија ќе ја формираат финалната двојка на европското фудбалско првенство 2008.

Победата на Шпанија не менува ништо

Време - 24.06.2008

Шпанија, предводени од најстариот селектор на шампионатот, Луис Арагонес, ја прекина 88 години долгата традиција без победа против Италија. Се очекува дуел со Русија да биде финале пред финалето, иако во првото коло од групата „црвената фурија“ славеше со 4-1.

Холанѓанец скроти 11 млади сонародници

Дневник - 23.06.2008

Вака најзабележителниот играч во составот на „зборнаја“, Аршавин, го опиша селекторот на Русија, Хидинк, по победата над Холандија Русија го направи можеби најголемото изненадување на првенството, откако во убедлива игра,со 3-1 дури по продолженија, славеше над фаворитот Холандија, во ...

Руска револуција на ЕП, Холандија се враќа дома

Утрински - 23.06.2008

Сензационалниот Аршавин и дружината во дополнителните 30 минути ги одвеаја „лалињата“ со 3:1 Селекцијата на Русија е полуфиналист на европското првенство 2008. Во судирот на екипите кои презентираат и негуваат „тотален фудбал“ Русите комплетно го надиграа силниот состав на Холандија.

Хидинк ги скина "лалињата"

Вечер Прес - 23.06.2008

Речиси е чудо тоа што го направија моите момчиња, на тактички, тркачки и физички план, изјави холандскиот стручњак Вистинска драма на Ст. Јакоб Парк во Базел. Холанѓанецот на клупата на Русија, Гус Хидинк ја испрати својата Холандија дома.