ЕКОНОМИСТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Парите од донаторската конференција, над 90 милиони евра, Македонија може да ги добие дури во 2003 година, поради тоа што буџетските проекции за следната година на повеќето земји-донатори веќе се направени, предупредуваат економските експерти.
Утре во Скопје и официјално почнуваат преговорите меѓу Македонија и ММФ за новата преодна програма, која што е услов за одржување на донаторската конференција за Македонија. Како што дознава А1, на минатонеделната средба со донаторите кај шефот на државата Трајковски, претставниците на ММФ и на ...