TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Романците ни се реваншираа

Вест - 18.10.2003

Мал фудбал: Македонија - Романија 4:7 (3:3) Во вториот натпревар од двомечот против Романија, нашата репрезентација во мал фудбал е поразена со 4:7 (3:3). Стрелци за нашиот национален состав беа: Трајковски во 3', Маврак во 7', Петковски 8' и Тодоровски во 31'.

Подмладениот состав не издржа

Дневник - 18.10.2003

Футсал - МАКЕДОНИЈА - РОМАНИЈА 4-7 (3-3) Македонската футсал-репрезентација загуби од Романија со 4-7 (3-3) во вториот натпревар од двомечот против таа селекција. Стрелци за Македонија беа: Трајковски во 3., Маврак во 7., Петковски во 8. и Тодоровски во 31. минута.

Пријателски меч со Романија се претвори во непријателски

Вест - 17.10.2003

ФУТСАЛ - ПОДГОТОВКИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП Во рамките на подготовките за квалификацискиот турнир за СП, што идниот месец ќе се игра во БиХ, нашата футсал репрезентација со 3:1 ја совлада соодветната селекција на Романија (Г. Тодоровски 19', 23', Трајковски 35' - Матеи 7').

Романија победена, судиите за на буниште!

Дневник - 17.10.2003

ФУТСАЛ - ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ Македонската футсал-репрезентација со судни маки ја совлада Романија со 3-1 во пријателски меч како подготовка за квалификациите за пласман на ЕП. И покрај тоа што мечот беше пријателски, поради очајното, речиси аматерско судење на Златко Неделковски и Владимир Шаровиќ, ...

Македонија вечерва и утре против Романија

Дневник - 15.10.2003

Футсал-селекцијата на Македонија вечерва (21 ч., сала "Расадник") и утре (20 ч.) ќе одигра два пријателски меча со соодветната репрезентација на Романија, како подготовка за квалификациите за пласман на ЕП. Во група сме со БиХ и Русија, а средбите ќе се играат во Сараево, во средината на ноември.

Денеска и утре во "Расадник" гостува Романија

Утрински - 15.10.2003

Со подготовките на националниот тим продолжуваат футсал возбудувањата САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Продолжуваат футсал возбудувањата во Скопје. По минатонеделниот квалификациски турнир во ЛШ, денеска (21 ч.) и утре (20 ч.) македонската репрезентација под водство на селекторот Васко Скендеровски, во рамки на ...

Нашите футсалци на двомеч со Романија

Вест - 15.10.2003

Мал фудбал Во рамките на подготовките за престојните квалификации за Светското првенство што ќе се одржат во БиХ, нашата репрезентација во мал фудбал денеска и утре во салатата "Расадник" ќе има двомеч со соодветната селекција на Романија. - Романците се нови на меѓународната фотсал сцена.