TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Железничарите го прекинаа штрајкот

Време - 24.07.2004

Вработени во Јавното претпријатие „Македонски железници“ вчера го прекинаа тридневниот штрајк, со што железничкиот сообраќај во земјава по тридневен застој повторно функционира, јавува МИА. Железничарите го прекинаа штрајкот откако раководството на претпријатието вчера претпладне ја исплати и ...

Железничкиот сообраќај нормализиран

Утрински - 24.07.2004

по исполнување на барањата на вработените во МЖ Прекинот на блокадата се случи во 13 часот кога беше добиена целата плата за мај Вработените во ?Македонски железници" вчера го прекинаа тридневниот штрајк откако раководството им ја исплати и втората половина плата за мај.

Возовите повторно во погон

Дневник - 24.07.2004

"МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" Железничкиот сообраќај во државава по тридневен застој повторно функционира откако вработените во "Македонски железници" вчера го прекинаа штрајкот. Железничарите веќе не штрајкуваат откако раководството на јавното претпријатие вчера ја исплати и втората половина од мајската ...

Прекинат штрајкот на МЖ

А1 - 23.07.2004

Сите возови од денеска почнаа да сообраќаат. Железничарите ја прекинаа тридневната блокада на сообраќајот, откако раководството на Македонски железници им ја исплати и втората половина од заостаната мајска плата. Првата половина од плата вработените ја добија вчера.

Возовите и денес стојат

Вест - 23.07.2004

ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ Додека трае штрајкот ќе се пропуштаат само возовите на редовните коминтенти на "Македонски железници" - "Макстил" и "Балкан стил", како и возот за Бар во 16 часот Штрајкот на вработените во ЈП "Македонски железници" продолжува, односно целокупниот ...

Железничарите пуштија срце за возот на скопската железарница

Време - 23.07.2004

ТРЕТ ДЕН ОД ШТРАЈКОТ Околу 1.500 вработени во јавното претпријатие „Македонски железници“ и денеска, трет ден, штрајкуваат, целосно блокирајќи го железничкиот сообраќај во земјава. Железничарите вчера одлучија да ја симнат блокадата за возовите што носат производи и репроматеријали на погоните во ...

Железничкиот сообраќај делумно деблокиран

Утрински - 23.07.2004

Вработените во МЖ добија пола плата за мај Раководството на ?Македонски железници" вчера на вработените им ја исплати првата половина од мајската плата, но возовите и денеска ќе се блокираат затоа што барањето за целосна исплата на личниот доход не е остварено.

Сообраќаат само возовите за "Балкан стил" и за "Макстил"

Дневник - 23.07.2004

ШТРАЈКОТ ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА Ако денеска ја добијат втората половина од мајската плата, железничарите ќе го прекинат штрајкот Вработените во "Македонски железници" вчера го продолжија генералниот штрајк, но ги пропуштаа возовите за "Балкан стил" и за "Макстил" откако добија половина од ...

Железничкиот сообраќај делумно деблокиран

А1 - 22.07.2004

Возовите и денеска останаа на пероните. Железничарите втор ден го блокираа сообраќајот барајќи исплата на заостаната мајска плата. Раководството на МЖ денеска им ја исплати само половина плата. „Блокадата останува бараме да се исплати целосно мајската плата“, рече Марјан Ристевски.

Сите возови вчера стоеја

Вест - 22.07.2004

ДИРЕКТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ГО УБЕДУВА СИНДИКАТОТ ДА ЈА ПРЕКИНЕ БЛОКАДАТА Железничкиот сообраќај во земјава вчера беше целосно блокиран, поради штрајкот на дел од вработените во ЈП"Македонски железници", кои бараа исплата на мајските плати.

Отпатува само возот за Бар

Време - 22.07.2004

ШТРАЈК ВО „МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ“ Железничкиот сообраќај во земјава и денеска ќе биде целосно блокиран, а штрајкот на 1.500 вработени во јавното претпријатие „Македонски железници“ продолжува, најави вчера Марјан Ристески, претседател на независниот синдикат на железничарите.

Понудената половина плата за мај неприфатена, штрајкот продолжува

Утрински - 22.07.2004

Вработените во МЖ вчера не најдоа заеднички јазик со раководството Вработените разговараа и со заменик-министерот за транспорт и врски, Дејан Кошутиќ, кој вели дека нивните барања се нереални ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Меѓународните и домашните возови и денеска ќе бидат целосно блокирани.

Возовите запреа со мајската плата

Дневник - 22.07.2004

ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ Наместо да преговара, раководството го прогласи штрајкот за нелегален и по факс суспензира вработени, обвинуваат штрајкувачите Железничкиот сообраќај во земјава вчера беше целосно блокиран поради штрајкот на вработените во "Македонски железници".

Возот за Кичево доцни три години

Дневник - 22.07.2004

ПРОПАЃА ЗАПАДНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА МАГИСТРАЛА Не функционира сигнализацијата на пругата, која три години е без возови, а на некои делници се украдени и каблите за комуникација Запуштени згради, со катанци на влезовите е сликата од железничките станици по должината на железничката пруга што минува низ ...

Блокадата на МЖ продолжува и утре

А1 - 21.07.2004

Сите патнички и товарни возови утрината останаа на пероните. Во 6.00 часот железничарите целосно го блокираа сообраќајот. Блокадата продолжува и утре бидејќи вработените не го прифатија предлогот на раководството заостаната плата да ја добијат во текот на идната недела.

Возовите ќе запиштат штом ќе стаса платата за мај

Време - 21.07.2004

„МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ“ Околу 1.500 вработени во јавното претпријатие „Македонски железници“ од 6 часот утринава целосно ќе го блокираат железничкиот сообраќај во земјава, најави Марјан Ристески, претседател на независниот железнички синдикат, вчера откако раководството на компанијата не им ја ...

Железничкиот сообраќај во целосен прекин

Утрински - 21.07.2004

Од денеска поради неисполнетите барања на вработените во „Македонски железници“ Ќе се блокира сообраќајот на сите меѓународни и домашни возови Железничкиот сообраќај од денеска со почеток во шест часот ќе биде во целосен прекин.

Денеска целосна блокада на возовите

Дневник - 21.07.2004

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Железничкиот сообраќај во земјава денеска целосно ќе го блокираат вработените во "Македонски железници" бидејќи до вчера не ја добија мајската плата. Сообраќајот вчера беше прекинат од шест до осум часот изутрината како предупредување до раководството на МЖ.

Утрово делумна, утре целосна блокада на МЖ

А1 - 20.07.2004

Сите патнички и товарни возови, како и меѓународниот, за Србија, рано утрината, во 6 часот наместо да тргнат, останаа на пероните. Железничарите по вторпат го блокираа сообраќајот. Возовите стоеа два часа. „Товарните возови чекаа во Дуброво, Миравце, во Кадина Река и во Илинден 2 додека патничките ...

Железничарите од утре ќе ги запираат сите возови

Време - 20.07.2004

ШТРАЈК Членовите на синдикатите во јавното претпријатие „Македонски железници“ од утре ќе ги блокираат сите железнички патни правци во земјава, ако Владата, доминантниот сопственик на тоа државно претпријатие, не им ја исплати платата за мај, годинава, најавија претставниците на тие синдикати.

Исплата на мајска плата, или од утре генерален штрајк во МЖ

Утрински - 20.07.2004

Вработените во "Македонски железници" денеска повторно ќе ги запрат возовите Независниот синдикат на ?Македонски железници" денеска од 6 до 8 часот повторно ќе го блокираат железничкиот сообраќај, откако раководството не им ја исплати заостанатата плата за мај.

Денеска двочасовна, а утре целосна блокада на железницата

Дневник - 20.07.2004

ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ КАТЕГОРИЧНИ Железничкиот сообраќај во земјава денеска ќе биде прекинат од шест до осум часот изутрината поради предупредувачкиот штрајк што вчера го договорија вработените во сообраќајниот погон на "Македонски железници".

Утре двочасовен штрајк на МЖ, задутре целосен

А1 - 19.07.2004

Утре во 6 часот изутрина почнува двочасовната блокада на железничкиот сообраќај. Наместо во овој термин да тргнат, возовите ќе останат на пероните. Утрешната блокада ќе биде предупредување за граѓаните да не купуваат карти поради целосната блокада на возовите што ќе се случи во среда.

Вработените во фабриката за шински возила повторно во штрајк

А1 - 19.07.2004

По неуспешните два обиди со штрајк и стопирање на меѓународниот патнички воз на железничката станица во Велес од МЖ да издејствуваат исплата на заостанатите плати овој пат вработените во фабриката за шински возила „Колска“ најавуваат дека штрајкот ќе трае до целосно исполнување на договорот.