TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бошковски и Тарчуловски останаа без документи за одбрана

А1 - 01.10.2005

Министерствата за внатрешни, за одбрана и Агенцијата за разузнавање - не ги даваат документите потребни за одбраната на Тарчуловски и Бошковски. А1 дознава, дека уште од април годинава одбраната на двајцата обвинети барала да им се достават одредени информации за настаните во Љуботен.

Процесот против Љубе ќе продолжи во декември?

Време - 30.09.2005

ПРЕДЛОГ НА ТРИБУНАЛОТ Судскиот совет на Хашкиот трибунал вчера предложил процесот против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да почне во декември годинава, што за одбраната е прерано бидејќи се потребни уште неколку месеци за подготовки.

За две недели одлука за почетокот на судењето

Дневник - 30.09.2005

СЛУЧАЈ "ЉУБОТЕН" Хашкото обвинителство на вчерашната конференција на соработниците на Трибуналот побарало судењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, обвинети за случајот "Љуботен" да почне во декември.

Бошкоски и Тарчуловски за две недели ќе знаат кога ќе им се суди

Утрински - 30.09.2005

Обвинителството и одбраната не се подготвени за почеток на судењето на двајцата Македонци во Хаг Адвокатите изјавиле дека не се подготвени за одбрана За две недели Хашкиот суд ќе го соопшти датумот за почетокот на судењето на обвинетите Македонци за воени злосторства, Љубе Бошкоски и Јохан ...

Хаг сака да го суди Љубе во декември

Вест - 30.09.2005

ОДБРАНАТА НА ЕКСМИНИСТЕРОТ БОШКОСКИ ИЗНЕНАДЕНА ОД БРЗАЊЕТО НА ТРИБУНАЛОТ Според нашите информации, Ненад Јаниќевиќ и Драган Гоџо, другиот адвокат на притвореникот Бошкоски, биле малку шокирани од предложениот термин за почеток на судењето.

Не се постигна договор за почеток на судењето

Вечер Прес - 30.09.2005

Хашките судии дополнително ќе се произнесат за почетокот на судењето на двајцата обвинети Македонци, Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, информираат од одбраната на обвинетите, по вчерашната средба во Хаг. Судиите ги сослушале аргументите на обвинителството и на адвокатите на обвинетите за нивната ...

Неизвесен почетокот на процесот против Бошковски и Тарчуловски

А1 - 29.09.2005

Почетокот на судскиот процес против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски останува неизвесен и по денешната конференција во Хаг. Обвинителите бараат судењето да почне кон крајот на годинава, а адвокатите на Бошковски и Тарчуловски, кои се во Хаг, инсистираат прво да ги добијат доказите, а потоа и ...

Адвокатка од Босна ќе го брани Љубе

Дневник - 29.09.2005

БОШКОВСКИ АНГАЖИРАЛ ИСКУСен бранител Адвокатката Ениса Решидовиќ од Сараево ќе го брани поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски пред Хашкиот суд. Бошковски со Решидовиќ се запознал во Хаг и се договорил таа да му се придружи на неговиот адвокат Дрган Гоџо.

Адвокатите на Љубе и Јохан и официјално во Хаг побараа да се пролонгира почетокот на судењето

Канал5 - 29.09.2005

Адвокатите на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски денеска и официјално во Хаг побараа да се пролонгира почетокот на судењето, што Tрибуналот го планирал за во декември. Адвокатите на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски денеска и официјално во Хаг побараа да се пролонгира почетокот на судењето, што ...

Хашките истражители го видоа имотот на Бошковски

А1 - 28.09.2005

Финансиските експерти од Хаг, го евидентираа целиот имот на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Завршија попладнево, со посетата на Челопек, на семејниот имот на Бошковски. Ги пречекаа роднините на екс-министерот. „Ништо немаше. Видоа само, сликаа нешто - видоа стара куќа.

Трибуналот ќе плаќа за одбраната на Љубе и на Јохан?

Време - 28.09.2005

ОТКАКО ЈА КОНСТАТИРА СОСТОЈБАТА Диана Младеновска Хашкиот трибунал најверојатно ќе ги преземе трошоците за одбрана на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски откако судските службеници констатирале дека тие и членовите на нивните семејства располагаат со ограничени средства.

Трибуналот бара отчет и за парите за патување во Хаг?

Дневник - 28.09.2005

ИМОТИТЕ НА ЉУБЕ И НА ЈОХАН ПОД ЛУПА Од каде ти се парите за патување во Хаг да го посетуваш сопругот? Ова било едно од прашањата што претставниците на Хашкиот суд и ги поставиле на Соња Тарчуловска, сопруга на Јохан Тарчуловски, кој е обвинет за случајот "Љуботен", на завчерашната средба, за која и ...

Хаг изврши проверка на имотот на Тарчуловски

А1 - 27.09.2005

Финансиските експерти пратени од Хаг завршија со проверка на имотната состојба на Јохан Тарчуловски. А1 дознава дека тие уверувале - Хаг и натаму ќе продолжи со финансирање на адвокатите на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.

Адвокатите на Љубе Бошковски заминаа за Хаг

Канал5 - 27.09.2005

Адвокатите на Љубе Бошковски денеска заминаа за Хаг. Тие во наредните три дена пред претставниците на судот ќе образложуваат зошто не се подготвени судењето на Бошковски и Тарчуловски да почне во ноември, и зошто им е потребно повеќе време за подготвување на одбраната.

„Алфи“ ја чуваат куќата на Љубе

Време - 27.09.2005

ДОДЕКА ИНСПЕКТОРИ ОД ХАГ ДУШКААТ ПО ИМОТИТЕ Диана Младеновска Полицајци во цивил ја надгледуваат куќата на Љубе Бошковски на Водно во Скопје, откако хашки иследници прибраа информации за неговата и за имотната состојба на Јохан Тарчуловски.

Хаг ги мери имотите на Љубе и на Јохан

Дневник - 27.09.2005

СЛУЧАЈ "ЉУБОТЕН" Тим истражители на Хашкиот суд завчера пристигнаа во земјава за да се запознаат со имотната состојба на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски, двајцата обвинети за случајот "Љуботен". Адвокатот на Љубе Бошковски, Драган Гоџо, изјави дека денес ќе има средба со претставниците на ...

Хаг го проценува имотот на Љубе и Јохан

Вечер Прес - 27.09.2005

Хашките истражители повторно се во Скопје. Нивниот тим денеска и утре ќе ја проценуваа имотната состојба на двајцата обвинети за случајот "Љуботен", Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Трибуналот сака да се запознае со имотот на семејството на поранешниот министер за внатрешни работи и на ...

Хашките истражители го испитуваат имотот на Тарчуловски

А1 - 26.09.2005

Хашките истражители синоќа стигнаа, а уште попладнево тргнаа во испитување на имотот на Јохан Тарчуловски. А1 дознава, дека доцна попладнево биле во станот кај сопругата на Јохан, Соња Тарчуловска. Ќе продолжат со проверка на имотната состојба на Тарчуловски, но ќе го проценуваат и имотот на ...

Хашкиот трибунал ја „скенира“ имотната состојба на Љубе Бошковски

Канал5 - 26.09.2005

Претставник на стручните служби на Хашкиот трибунал денеска и утре во Македонија ќе утврдува дали имотната состојба на Љубе Бошковски му дозволува тој сам да ги плаќа трошоците за одбраната, или тие и натаму ќе бидат на сметка на судот во Хаг.