TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Дневник“ не отстапува од одговорноста на Бошковски

А1 - 18.05.2002

„Љубе Бошковски нема намера да поднесе оставка и да се соочи со политичка, а уште помалку со кривична одговорност за она што го стори во Леуново“, изјави денеска за А1 главниот и одговорен уредник на весникот „Дневник“, Бранко Геровски.

Брат Љубе треба да поднесе неотповиклива оставка

Утрински - 18.05.2002

Реакција на граѓани Повеќе граѓани од земјава, во текот на вчерашниот ден, по пат на соопштенија изразија јасна и недвосмислена осуда за однесувањето на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, особено по последниот инцидент во Леуново.

Љубе, уште не си заминал?!

Дневник - 18.05.2002

Уводник - Бранко Героски Пред осум години, во екот на борбата за кормилото на израелската држава, тогашниот популарен израелски политичар, лабуристот Ехуд Барак, беше изложен на жестоки критики од тамошната јавност поради еден необичен настан што се случил шест години пред тоа.

Бошковски допрва ќе сведочи за ранувањето на четири лица

Утрински - 18.05.2002

Предистражни дејства за инцидентот предизвикан од министерот на МВР на полициската вежба на "лавовите" кај Леуново, Мавровско КОСТА ПОПОВСКИ Вчера Основното јавно обвинителство на Гостивар достави барање до Основниот суд во Гостивар за спроведување одделени истражни дејства (точна правничка ...

Министерот пукаше, Утковски погоден!

Дневник - 18.05.2002

ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ЛЕУНОВО ПРЕД РАЗВРСКА? Она што се претпоставуваше, и се случи - Љубе Бошковски рани четворица кога неовластено пукаше од тешко оружје, а МВР реши да го жртвува командантот на единицата за брзи интервенции "Лавови" Бобан Утковски, потполковник и помошник-командант на единицата за брзи ...

За инцидентот во Леуново ќе одговара потполковникот Бобан Утковски

Дневник - 18.05.2002

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МВР Не сум жртвено јагне, бидејќи јас сум професионален полицаец и тука нема емоции, рече потполковникот Утковски, одговорен за ранувањето на четири лица на вежбата во Маврово Потполковникот Бобан Утковски, помошник-командант на единицата за брзи интервенции "Лавови", целосно ...

МИРКО, ПАЗИ МЕТАК ОД ЉУБЕ! ФАЛА, СЛАВКО, ФАЛА!

Вест - 18.05.2002

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска И... ДОБИТНИКОТ НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА РЕЦЕПТ ЗА БЛАДИ МЕРИ Е ... Ја навистина гинам за тебе Брат Љубе. Мислам, би загинала, ако треба. А кога ќе ме убиеш, вежбата ќе биде успешна. Исто како што заклучи дека ти била успешна вежбата во Леуново. Успут, рани 4 луѓе.

Љубе пукаше, виновен Утковски

Вест - 18.05.2002

СЛУЧАЈ ЛЕУНОВО Потполковникот на единицата за брза интервенција "Лавови" Бобан Утковски, а не министерот е одговорен за инцидентот што се случи во средата во Леуново, кога Љубе Бошкоски, по завршувањето на вежбата со ис Бобан Утковски, потполковник на единицата за брза интервенција "Лавови", а не ...

МВР: Каде е одговорноста на „Дневник“ за новинарката Вељановска?

А1 - 17.05.2002

Обвинителството, истражните органи и МВР ги презедоа сите мерки за утврдување на одговорноста за инцидентот во мавровското село Леуново за време на тактичката вежба на „Лавовите“. Каде е одговорноста на другите учесници во инцидентот?, се прашува во соопштението на МВР доставено до медиумите.

Бошковски ја избегна одговорноста за инцидентот во Леуново

А1 - 17.05.2002

Министерот Љубе Бошковски ја избегна одговорноста за инцидентот во мавровското село Леуново на тактичката вежба на „Лавовите“, кога пукајќи од автоматското оружје повреди двајца припадници на МВР и двајца цивили, новинар и преведувач.

Бошковски не смеел да пука!

Дневник - 17.05.2002

ПО ТЕШКИОТ ИНЦИДЕНТ КАЈ ЛЕУНОВО По задоцнетото пријавување за инцидентот од полицијата, вчера претставници на ВМРО-ДПМНЕ најавија нова насока на истрагата за "можно дејствување одзади" Според сите прописи, Љубе Бошковски, министерот за внатрешни работи, на вежбата на "лавовите" во Леуново ...

Партиите бараат разрешување или оставка на Бошковски

Утрински - 17.05.2002

Реакции на политичките партии и здруженија по инцидентот во Леуново По најновиот инцидент во Леуново, опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија вчера побара министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, веднаш да поднесе оставка или да биде сменет од функцијата.

Брат Љубе влегува рафално во парламентарните избори!

Утрински - 17.05.2002

Што рекол министерот во Леуново пред да почне да пука "Еве сега на дело ќе видите како брат Љубе рафално влегува во предизборната кампања", биле зборовите што, според тврдењето на очевидци, министерот за внатрешни работи ги упатил кон новинарите и другите присутни, непосредно пред да се случи ...

Од тежината на повредите ќе зависи дали Бошковски ќе одговара

Утрински - 17.05.2002

Владо Камбовски за кривичноправниот аспект на инцидентот Во врска со инцидентот во Леуново, односно ранувањето на четирите присутни на вежбата на полициските "лавови" и утврдувањето на одговорноста на надлежните, професорот по кривично право на Правниот факултет во Скопје Владо Камбовски вчера за ...

Љубе нема гајле

Вест - 17.05.2002

ОТКАКО РАНИ ЧЕТВОРИЦА СО ФРЛАЧ НА ГРАНАТИ ВО МАВРОВО Јавното обвинителство на Гостивар вчера до истражниот судија поднело барање за преземање истражни дејствија, а во Владата, за одговорноста и оставката на министерот беше молк Јавното обвинителство на Гостивар вчера до истражниот судија во ...

Георгиевски повторно застана зад Бошковски

Утрински - 17.05.2002

По барањето за оставка на министерот Премиерот Георгиевски, најверојатно, нема да побара одговорност од министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, за неговиот удел во инцидентот во Леуново, кога беа ранети четворица посетители на вежбата на полициските "лавови".

Моралниот трупец на министерот Бошковски

Дневник - 17.05.2002

Коментар - Георги Барбаровски Јас сум одговорен човек и спремен сум да ја преземам одговорноста, ако тоа се утврди. Така министерот на полицијата Љубе Бошковски им одговори на новинарите веднаш по инцидентот кај Леуново, кога пукајќи од тешко оружје рани четири лица.

Обвинителството утврдува дали министерот Бошковски прописно го ракувал оружјето

Дневник - 17.05.2002

ШТО УТВРДИ ИСТРАГАТА? Првиот полицаец досега не бил сослушан за инцидентот, а тоа се уште не го побара ни гостиварското обвинителство Основното јавно обвинителство во Гостивар вчера поднело барање до истражниот судија да преземе истражни дејства за да се утврдат околностите во кои се случил ...

Вежбата заврши, никој не не предупреди да не се приближуваме

Дневник - 17.05.2002

НОВИНАРКАТА НА "ДНЕВНИК" ВЕЉАНОВСКА ТВРДИ - Кога заврши вежбата, ние почнавме да се симнуваме, а никој не не предупреди да не се приближуваме до оружјето. Сите беа долу, генерали и други, јас стоев до Горан Митевски, но никој ништо не ни рече.

Здравствената состојба на повредените е добра

Утрински - 17.05.2002

Според Петре Утковски, управник на Воената болница Повредените во инцидентот што се случи на тактичко-показната вежба на Единицата за брза интервенција на МВР "Лавови" кај Леуново, се во добра здравствена состојба и закрепнуваат.

Извршен е увид на местото каде пукаше Љубе

А1 - 16.05.2002

Гостиварското јавно обвинителство побарало од истражниот судија да превземе истражни дејствија околу утврдување на околностите на настанот и прибавување на докази за тоа како дошло до нанесувањето на телесните повреди на оштетените.

Вељановска ќе го тужи Бошковски

А1 - 16.05.2002

Сите четири лица кои беа повредени во вчерашниот инцидент во Леуново предизвикан од министерот Бошковски денеска се чуствуваат добро. Најтешко повредениот Маринко Кочовски, началник на ГУВР, кој беше поврден во пределот на десното рамено и десната плешека е опериран и од неговото тело е изваден ...

„Оставка за Бошковски“

А1 - 16.05.2002

Партиите од опозицијата бараат „Оставка за Бошковски“. „Со непромислени постапки Бошковски однесе во смрт полицајци во случајот Брест и Гошинце на Скопска Црна Гора при акцијата во Арачиново и полициската рација во Требош - тврди екс министерот за внатрешни работи Павле Трајанов и преседател на ...

Георгиевски без коментар

А1 - 16.05.2002

Премиерот Георгиевски по вчерашниот инцидент во Леуново и денеска без коментар. Во неговиот кабинет ни изјавија дека сеуште премиерот им нема најавено кога ќе даде изјава. Единствената изјава на премиерот по инцидентот е во телефонскиот разговор што вчера го направил со него главниот уредник на ...

Брат Љубе рани четворица со автоматски фрлач на гранати

Дневник - 16.05.2002

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ НА ВЕЖБАТА НА "ЛАВОВИТЕ" КАЈ ЛЕУНОВО Новинарка на "Дневник", преведувачка во француската амбасада и двајца инспектори од МВР се ранети кога министерот Бошковски неовластено пукал од автоматско оружје Љубе Бошковски, министерот за внатрешни работи, вчера рани четворица цивили за време ...

Четворицата настрадани поминаа со полесни повреди

Утрински - 16.05.2002

Според д-р Петре Утковски, управник на Воената болница во Скопје Во Воената болница во Скопје вчера се згрижени четворица повредени во инцидентот што се случи на тактичко- показната вежба на "лавовите". Според управникот на оваа воено-медицинска установа, д-р Петре Утковски, околу 13, 30 часот се ...

Тројцата поврдени задржани на лекување

Вест - 16.05.2002

Тројцата повредени, вчера околу 13,15 со хеликоптер од Гостивар итно биле пренесени во Воената болница, каде се задржани на понатамошно лекување. Според управникот на болницата, д-р Петар Утковски еден од повредените бил донесен со лесни повреди на надлактицата, при што се оштетени меките ткива и ...

Бошковски рани новинарка, преведувачка и двајца полицајци!

Утрински - 16.05.2002

Тежок инциденд во Леуново по завршувањето на вежба на полициските "лавови" кога министерот, опкружен од повеќемина новинари и други присутни почнал да пука во цел со 30-милиметарски автоматски фрлач на гранати - "жаба" Министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, во инцидент предизвикан од ...

Љубе, оди си!

Дневник - 16.05.2002

Коментар - Редакцијата на Дневник Денеска, кога ќе го читате овој број на "Дневник", очекуваме Љубе Бошковски да биде само бивш министер за внатрешни работи. Но, работите не смеат да застанат на тоа. Парламентот прво треба да му го одземе имунитетот, потоа министерот да стане предмет на ...

Љубе распали и рани четворица

Дневник - 16.05.2002

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ НА ВЕЖБАТА НА "ЛАВОВИТЕ" КАЈ ЛЕУНОВО Новинарката на "Дневник" Даниела Вељановска, една преведувачка во француската амбасада и двајца инспектори од МВР се ранети кога министерот Бошковски неовластено пукал од автоматско оружје - полицијата го извести гостиварскиот суд за настанот дури ...

Четворицата повредени надвор од животна опасност

Дневник - 16.05.2002

ВОЕНА БОЛНИЦА Четворицата повредени на вежбата во Леуново се надвор од животна опасност и сите се задржани на Одделението за трауматологија во Воената болница. Новинарката на "Дневник", преведувачката од француската амбасада и двајца припадници на МВР биле примени во Службата за итна помош во ...

Бошковски мора да поднесе оставка

Дневник - 16.05.2002

ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ Ѓорѓи Марјановиќ, професор по кривично право, очекува министерот Љубе Бошковски, ако воопшто има доблест, веднаш да поднесе неотповиклива оставка, а Обвинителството по службена должност да покрене обвинение. - Јас верувам дека "брат" Љубе немал намера да го стори тоа што го сторил ...

"Дневник" кривично ќе го тужи Бошковски

Утрински - 16.05.2002

Бранко Геровски, главен и одговорен уредник на "Дневник" "Станува збор за кривично дело на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски и поради тоа ?Дневник" нема да се задоволи само со оставка или сменување од функцијата министер, туку ќе поднесе приватна тужба за кривично дело нанесување тешки ...

Бошковски повреди четири лица на тактичка вежба на „Лавовите“

А1 - 15.05.2002

Четири лица се ранети претпладнево за време на тактичката вежба на „Лавовите“ во мавровското село Леуново во инцидентот што го предизвика министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. Министерот пукаше со автоматски фрлач на гранати, при што шрапнелите се одбија и ги ранија полицецот Маринко ...

Лавина реакции за оставка на Бошковски

А1 - 15.05.2002

Советот на честа на Здружението на новинарите на Република Македонија е згрозен и најостро го осудува скандалозниот чин кога министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски за потребите на своите каубојско - лавовски авантури ги претвори новинарите во топовско месо, се вели во соопштението на ...