TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-Македонска го поддржува референдумот

А1 - 12.09.2004

ВМРО-Македонска, партијата на Стојменов го поддржува претстојниот референдум. Уставот треба да се почитува, тој како највисок законски акт е над сите договори, па и над Рамковниот договор, сметаат во партијата и ги повикуваат и медиумите и меѓународните претставници да престанат со пласирање ...

Референдумот вообичаена практика во ЕУ

А1 - 11.09.2004

Во последнава декада во европските држави се одржани стотина национални референдуми. Во нив граѓаните гласаат за важни одлуки од национално значење како за прием во Европската унија, за пристапување кон еврото, но и за помалку важни прашања како на пример за полесен пристап на граѓаните до јавни ...

Aко успее референдумот владата 1 година не смее да врши измени во законот

А1 - 11.09.2004

Доколку претстојниот ноемвриски референдум биде успешен, односно биде постигнат цензусот од над 50% и мнозинството граѓани гласаат да ја вратат старата територијална поделба, владата и собранието мораат да ја почитуваат одлуката и во наредната година не смеат да вршат никакви измени во законот, ...

СДСМ: „Поддршката на Џафери за референдумот е лицемерие“

А1 - 11.09.2004

Поддршката на референдумот од страна на претседателот на ДПА Арбен Џафери откако претходно беше против него е сомнителна, сметаат во СДСМ. Џафери не е ни за законот за територијална организација на Македонија од 1996-та. Според СДСМ, ако референдумот успее, иднината на Македонија ќе стане ...

Коктел Референдум

Вест - 11.09.2004

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Колку членови на ЕТА има во Парламентот на Шпанија? 1 Прво Али Ахмети ни се закани дека пак ќе ни направи војна. Потоа Бучко се исплаши од заканата на коалициониот партнер. После Бранко ни рече дека нема да можеме да влеземе во ЕУ.

Пропагандата за референдумот треба да биде мирна и достоинствена

Утрински - 11.09.2004

Став на "Евро-Балкан" за претстојното референдуско изјаснување во земјава Советодавниот одбор за меѓуетнички односи при институтот "Евро-Балкан" смета дека пропагандната активност околу претстојното референдумско изјаснување за Законот за територијална поделба треба да се одвива мирно и ...

Опцијата за нов рамковен е нереална

Утрински - 11.09.2004

Референдумот и неговиот успех или неуспех отвора многу дилеми за иднината на Република Македонија Референдумот за враќање на старата територијална карта со 123 општини е распишан и ќе се одржи на 21 ноември. Република Македонија ќе се соочи со демократско изјаснување на граѓаните.

Кампањата за референдумот да биде достоинствена

Дневник - 11.09.2004

ИНСТИТУТОТ ЕВРО-БАЛКАН ПОВИКУВА Пропагирањето за референдумското изјаснување да се одвива мирно и достоинствено и максимално да се одбегнува етничка конотација и конфронтација во кампањата, препорачува Советодавниот одбор за меѓуетнички односи (СОМО) на проектот "Светлина" на Институтот ...

Кој си игра со оган сам ќе се изгори

Дневник - 11.09.2004

Павле ТраЈанов Ахмети не го исполнил својот дел од договорот. Имено, тој бил советуван од еден влијателен амбасадор да не ја посочува локацијата (всушност, се работи за две локации) каде што се закопани Македонците, бидејќи некои бивши команданти на ОНА (а сега членови на ДПА) веќе обезбедиле ...

Евро Балкан со свои препораки ако референдумот успее

А1 - 10.09.2004

180-те илјади граѓански потписи за подршка на референдумот, се успех на демократијата, но и сериозна опомена за власта дека граѓаните повеќе нема да молчат за одлуките кои политичките елити ги носат зад затворени врати, коментираат во невладиниот институт Евро Балкан.

ДПА ќе ги повика Албанците да гласаат на референдумот

Вест - 10.09.2004

Лидерот на Демократската партија на Албанците Арбен Џафери најави дека неговата партија ќе ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат на референдумот на 7 ноември и да гласаат против новата територијална организација на државата.

Албанците во Македонија да го поддржат референдумот

Време - 10.09.2004

АРБЕН ЏАФЕРИ ЗА КОСОВСКА ТЕЛЕВИЗИЈА Повик до Албанците во Македонија масовно да излезат и да го поддржат референдумот против новата територијална поделба во Македонија упати лидерот на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, завчера преку Радио-телевизија Косово.

Џафери: Ако успее референдумот, ќе има нов дијалог за иднината на Македонија

Утрински - 10.09.2004

Лидерот на ДПА ќе ги повика Албанците да гласаат против територијалната поделба Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Арбен Џафери, најави дека неговата партија ќе ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат на референдумот на 7 ноември против новата територијална ...

Црвенковски: Граѓаните ќе донесат правилна одлука на референдумот

Утрински - 10.09.2004

Интервју на шефот на државава за МТВ за актуелните прашања во земјава Враќањето на законот за територијална организација од 1996 година е против Рамковниот договор, смета Црвенковски "Додека се обидуваме да ја спасиме границата на Струга, ќе ја загубиме европската иднина на Македонија", рече ...

Петров ќе бара околу 400.000 евра

Дневник - 10.09.2004

КОЈ ЌЕ ЈА ФИНАНСИРА КАМПАЊАТА Експертите се со поделени ставови дали државата треба да ја финансира кампањата за референдумот и дали Тодор Петров, како овластен претставник на предлагачот на референдумот, треба од буџетот да добие по 15 денари од избирач.

Опозицијата со 6.000 набљудувачи

Дневник - 10.09.2004

ЗА ДЕНОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ Ќе активираме и граѓани што се партиски неопределени, се заинтересирани референдумот да успее, велат од "Третиот пат" Здружената опозиција ќе ангажира 6.000 набљудувачи, кои на 7 ноември годинава ќе ја следат регуларноста на изјаснувањето на граѓаните на референдумот.

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ЈА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКАТА ОДЛУКА

Вечер Прес - 10.09.2004

со разумна и мудра политика тоа треба да се избегне", изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски во интервјуто за МТВ. Според него, за долгорочна стабилност, безбедност и економски напредок е потребно градење добри ме- ѓуетнички односи и внатрешна кохезија.

Референдумот ги подели Ахмети и Џафери

А1 - 09.09.2004

И за албанските партии во власта и опозицијата референдумот ќе биде мегдан на мерење на силите, додека партијата на Ахмети граѓаните ги повикува на апстиненција на референдумот, Џафери од Косово ги повика Албанците во Македонија да излезат масовно на референдумот.

Црвенковски: „Граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука на референдумот“

А1 - 09.09.2004

Претседателот на државата синоќа за МТВ кажа - народот е политички писмен. Знаел каква одлука да донесе на референдумот. Ако е така што ќе му се неписмени политичари кои моментално тргуваат со интересите на граѓаните? Црвенковски синоќа конфузен, од една страна тврди дека нема потреба да се плаши ...

Петров: Не бараме пари од татко му на министерот

Време - 09.09.2004

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЌЕ ПРАВИ КАМПАЊА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Светскиот македонски конгрес (СМК) ќе поведе спор пред Уставен суд доколку Министерството за финансии не одобри пари за кампања на иницијаторот на референдумот, вели Тодор Петров, претседател на СМК.

„Мост“ со 3.500 набљудувачи

Време - 09.09.2004

НАБЉУДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ Граѓанската асоцијација „Мост“планира да акредитира околу 3.500 набљудувачи за следење на референдумот против новата територијална организација. „Мост“ и овојпат ќе има најмногубројна домашна набљудувачка мисија, како што беше и на последните парламентарни и локални ...

Јордановски: Референдумот ќе ја определи иднината на Македонија

Вест - 09.09.2004

ТРИНАЕСЕТ ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Референдумот за новата територијалната организиација, што треба да се одржи на седми ноември, ќе ја определи иднината на Македонија, изјави вчера спикерот на Собранието Љупчо Јордановски на свеченоста по повод 13 години независна Македонија што ја ...

Референдумот ќе ја одложи децентрализацијата

Време - 09.09.2004

МУСА ЏАФЕРИ ВО БРИСЕЛ Усвојувањето на законите за децентрализација и распишувањето референдум за задржување на старите општински граници биле темите на разговор меѓу вицепремиерот Муса Џафери и Хавиер Солана, високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика.

Уште сме сиромашни, но ќе одиме во Европа

Време - 09.09.2004

ДРЖАВНИОТ ВРВ ПРОСЛАВИ 13 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ Во 13-те години по осамостојувањето Македонија се соочи со многу тешкотии, предизвици и искушенија, за да донесе одлуки важни за иднината на државата. Се уште има економски и социјални проблеми, но цврсто сме убедени дека по 13 години ќе бидеме членка на ...

Најавена жестока кампања за референдумот

Утрински - 09.09.2004

Партиите се подготвуваат за претстојната граѓанска иницијатива за територијална поделба Еден месец пред официјалниот старт на кампањата за референдумот, опозицијата и власта интензивно се подготвуваат за презентација на аргументите "за" или "против" оваа граѓанска иницијатива за опстојување на ...

На ЕУ и треба резервен план за референдумот

Утрински - 09.09.2004

Меѓународната кризна група со писмо го алармира Брисел Меѓународната кризна група го свртува вниманието на ЕУ на сериозната ситуација во Македонија. "Охридскиот договор ќе претрпи значително доцнење во имплементацијата поради закажаниот референдум, а ЕУ мора да има резервен план што ако успее ...

Македонија ќе се "лизне" ако успее референдумот

Утрински - 09.09.2004

Според изјавата на Муса Џафери во Брисел Европската унија ја почитува одлуката на македонскиот народ да одржи референдум за новата територијална поделба, но истовремено предупредува дека децентрализацијата мора да се спроведе затоа што таа е клучен елемент од Рамковниот договор, чие пак ...

ЕУ нема план "Б" за референдумот

Дневник - 09.09.2004

БРИСЕЛ ЈА СЛЕДИ СитуациЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Без оглед на неговиот резултат, референдумот ќе ги забави реформите во Македонија, е пораката што ЕУ му ја пренесе на вицепремиерот Муса Џафери Европската Унија ја почитува демократската волја на македонските граѓани за организирање референдум за ...

ДИК го чека СДСМ за да се екипира

Дневник - 09.09.2004

РЕФЕРЕНДУМСКИ ПОДГОТОВКИ Опозицијата се уште не решила дали во кампањата ќе настапи заедно со иницијаторот на референдумот Државната изборна комисија се уште не е екипирана иако во минатиот петок во Службен весник е објавена одлуката за референдум, со што почнаа да течат роковите за негово ...

МАКЕДОНИЈА ДА ЈА СПРОВЕДЕ ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА

Вечер Прес - 09.09.2004

Македонија треба да продолжи со поч- натите реформи и да ја спроведе децентрализацијата које е клучен дел од Рамковниот договор, порача високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана. Солана, кој зав- чера во Брисел се сретна со потпретседателот на Владата Муса Џафери, истакна дека референдумот ќе го ...

Брисел прави сценарија во случај референдумот да биде успешен

А1 - 08.09.2004

Предлогот на МКГ до Евро претставникот Солана да се бара алтернативно решение за Македонија доколку успее референдумот, е тема за која Брисел веќе размислува. Аналитичарите на неколку невладини организации, кои ги следат настаните во регионов, не сакаат јавно да говорат на оваа тема, но потврдуваат ...

Референдумот ја засени прославата на независноста

А1 - 08.09.2004

Неизбежно прославата на 13-те години од референдумот за независноста на државата помина во сенка на претстојното народно изјаснување против новата територијална поделба, вториот референдум во историјата на Македонија. За опозицијата, претстојниот референдум е историски, затоа што тој треба да ја ...

EУ предупредува дека децентрализација мора да има

А1 - 07.09.2004

Европската унија ја почитува одлуката на македонскиот народ да одржи референдум за новата територијална поделба, но истовремено предупредува дека децентрализацијата мора да се проведе затоа што таа е клучен елемент од рамковниот договор, чие пак спроведување е од големо значење за приближувањето на ...

МКГ бара план Б за Македонија ако успее референдумот

А1 - 07.09.2004

Меѓународната кризна група го свртува вниманието на EУ на сериозната ситуација во Македонија. Охридскиот договор ќе претрпи значително доцнење во имплементацијата поради закажаниот референдум, а ЕУ мора да има резервен план што доколку референдумот успее, стои во писмото кое МКГ го испрати до ...

Теута Арифи повикува на бојкот на референдумот

Време - 07.09.2004

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „ГЛАС НА АМЕРИКА“ СДСМ и ДУИ повикуваат на бојкот на референдумот против новата територијална поделба на Македонија. Македонските граѓани, било Македонци, било Албанци, треба да бидат свесни и да не го поддржат референдумот против новата територијална поделба, изјави ...

Колку осмосептемвриска Македонија ја има во рамковна Македонија

Време - 07.09.2004

ТРИНАЕСЕТ ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ Диана Младеновска <> Релативно безболното оттргнување од прегратките на поранешната СФРЈ, но и неизвесноста и стравот од иднината, ги одбележаа 13-те години независност на Македонија. Сето тоа проследено со трицифрената инфлација и со грчкото ембарго во почетокот на ...

ДИК чека да се екипира за да се активира

Време - 07.09.2004

ПОДГОТОВКИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Роковникот на активности и финансискиот план се првите обврски што треба да ги реализира Државната изборна комисија, која треба да го спроведе референдумот за враќање на досегашната територијална организација.

Референдумот ќе чини 120 милиони денари

Утрински - 07.09.2004

За организирање и спроведување на граѓанската иницијатива Поповски: Ние ќе ги обезбедиме тие средства, но тие нема да паднат од небо, ќе бидат на штета на некои други средства "За изборни активности годинава во Буџетот беа предвидени околу 200 милиони денари.

Референдумот ќе чини 2 милиони евра

А1 - 06.09.2004

Допрва ќе се бараат пари за организирање на референдумот за територијалната организација. Пресметките се дека ќе чини околу 2 милиони евра, но тие не се предвидени во буџетот за оваа година. „Ние ќе ги обезбедиме тие средства, но тие средства нема да паднат од небо.

Референдумот ќе покаже како да се гласа

Време - 06.09.2004

ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОДЛОЖЕНИ НА НЕОДРЕДЕНО Локалните избори вторпат се одложени. Со корекциите во Законот за локални избори, кои во петокот ги усвои Собранието, е утврдено само дека изборите треба да се одржат најдоцна до крајот на март, со што на претседателот на Собранието му се дава можност да го ...

СМК бара 10 години затвор за Јордановски

Време - 06.09.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА СУД Александра М. Митевска Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, во петокот поднел кривична пријава против претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, поради промената на предлог-одлуката за распишување на референдумот.

Референдумот - шанса Македонците да изберат евроинтеграција или дезинтеграција

Вест - 06.09.2004

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДУИ ТЕУТА АРИФИ КОНТРА ИЗЈАСНУВАЊЕТО ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА Потпретседателката на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Теута Арифи вчера изјави дека граѓаните на Македонија, Македонци и Албанци, треба да бидат свесни и да не излезат да гласат за референдумот ...

Теута Арифи повика на бојкот на референдумот

Дневник - 06.09.2004

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА "ГЛАС НА АМЕРИКА" Граѓаните на Македонија, Македонци и Албанци, треба да не излезат да гласаат за референдумот против новиот план за децентрализација. Таа еднонационална иницијатива ќе го спречи процесот на реализација на охридскиот договор, рече потпретседателката на Демократската ...

За нов лидер на СДСМ ќе се мисли по референдумот

Дневник - 06.09.2004

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ФОКУСИРАНИ Одлуката за одржување конгрес и избор на нов лидер СДСМ ќе ја донесе откако ќе се одржи референдумот, изјави партискиот портпарол Борис Кондарко. - Тогаш ќе процениме кога е најпогодно да се одржи конгресот. Сега за тоа воопшто не станало збор во партијата.

ПАРТИСКИ МАТЕМАТИКИ

Вечер Прес - 06.09.2004

Зад закрилата на граѓанската иницијатива партиите се обидуваат да поентираат, правејќи математики за "референдумски рејтинг". Во СДСМ калкулираат: Не е лошо да има референдум. Цензус едвај се постигна на претседателските избори; Кедев доби околу 300.000 гласа; сега, со апстиненција на Албанците и ...