TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јужнокорејски "фантоми" избркале севернокорејски "миг"

Дневник - 21.02.2003

БРКАНИЦА НАД ЖОЛТО МОРЕ Севернокорејски борбен авион "миг-19" вчера ги надлетал јужнокорејските територијални води во Жолто Море, но бил набркан од ловци "Ф-5 фантом", јави Ројтерс. Екскурзијата на севернокорејскиот борбен авион, прва по 1983 година, траела само 2 минути.

Северна Кореја се закани дека ќе го поништи и примирјето со Сеул

Дневник - 19.02.2003

КОРЕЈСКА КРИЗА Северна Кореја вчера се закани дека ќе го поништи договорот за примирје со кој заврши Корејската војна во 1953 година, ако меѓународната заедница воведе какви било санкции или блокади спрема Пјонгјанг, јави Ројтерс.

Северна Кореја ќе се повлече од мировниот договор од 1953

А1 - 18.02.2003

„На корејската армија не и` преостанува друга опција, освен да преземе одлучен чекор и да ја напушти својата обврска во спроведувањето на примирјето, поради можните санкции од страна на САД против ДНР Кореја“, соопшти денеска Народната армија на Северна Кореја.

Северна Кореја има свој Холивуд

Вест - 18.02.2003

ПЈОНГЈАНГ (Ројтерс) - "Добредојдовте во центарот на светот" вели водичот од Северна Кореја додека ги шири своите раце кон глетката што се простира пред него. Тука се отвора глетката на една празна улица со двокатници и трикатници прекриени со реклами за цигари и алкохол што е невообичаено за една ...

Северна Кореја верува во сигурна победа во нуклеарна војна против САД

Вест - 18.02.2003

СЕУЛ, 18 февруари - Севернокорејското државно радио вчера јави дека оваа комунистичка држава сигурно Ќе победи во евентуалната нуклеарна војна против САД и тоа благодарејЌи на севернокорејскиот политички систем Што во голема мерка се потпира на војската.

САД планираат санкции против Северна Кореја

А1 - 17.02.2003

САД планираа да воведат санкции против Северна Кореја со цел да го принудат Пјонгјанг да ја прекине својата нуклеарна програма, пишува во денешното издание весникот „Њујорк Тајмс“. Весникот, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата на САД, тврди оти Владата на Буш работи на ...