TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонците најголеми потрошувачи на антибиотици

Дневник - 19.11.2008

Македонците најголеми потрошувачи на антибиотици. Антибиотиците се атомска бомба за организмот, а во Македонија се пијат трипати повеќе отколку во земјите на ЕУ. Тоа е предупредувачката порака по повод Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците - 18 Ноември.Поради прекумерната употреба, користа од нив е се' помала, предупреди министерот за здравство Бујар Османи.

Годишно пиеме 20 милиони евра во антибиотици

Н.Македонија - 19.11.2008

Македонците пијат двојно повеќе антибиотици од Европејците. Додека во европските земји потрошувачката на антибиотици зафаќа од осум до 14 проценти од вкупната потрошувачка на лекови, кај нас овој процент е 20. Во земјава годишно за вакви лекови се трошеле околу 20 милиони евра.

Зошто толку антибиотици во Македонија?

BBC - 18.11.2008

„Скоро секогаш, нема гужви, нема губење време, а си ја знам дијагнозата, и не треба", вели граѓанин. „Претежно аналгинчето така си го земам со Б- комплекс, ако ме фатат болки, инаку, друго ништо не земам", вели жителка на Скопје. „ Па секогаш, не одам јас на лекар- се на своја рака", вели граѓанин. Ова ги загрижи здравствените работници.

Нестручното користење на антибиотици е опасно

А1 - 18.11.2008

Македонските граѓани неконтролирано и нестручно се лекуваат со антибиотици. Освен што земаат на своја рака, силни антибиотици без мерка често добиваат и од лекарите. Бактериите станаа отпорни на лековите, а искоренетите болести повторно се закана за човештвото, предупредуваат експертите.

Европски ден за рационално користење на антибиотици

Канал5 - 18.11.2008

Со некритичната и прекумерна употреба на антибиотици бактериите станаа отпорни на третманот со антибиотици а тоа често може да резултира со враќање на веќе искоренети заболувања. Лекарите апелираат дека во случај на настинка не треба веднаш да се посегнува по антибиотик. Во Македонија, според анализата на бирото за лекови, за антибиотици се трошат 20% од вкупните средства.

Антибиотици само на рецепт за заштита на пациентите

Сител - 18.11.2008

Македонците се труеле со антибиотици. Ги пиеле на своја рака, без лекарско одобрение и за обична настинка. Статистиката покажува дека од вкупната потрошувачка на лекови годишно за нив се трошеле над 20 милиони евра. Во земјава се пиеле дупло повеќе антибиотици, за разлика од западните земји.

Одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици

Сител - 18.11.2008

Министерството за здравство и Центарот за регионални истражувања и соработка - ЦРИС Студиорум ќе го одбележат Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици - 18 Ноември. Во земјите на Европската унија се одбележува првпат оваа година, на иницијатива на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Македонците зависни од антибиотици

Вечер Прес - 18.11.2008

Македонците се зависни од антибиотици бидејќи од 24 до 30 милиони евра годишно се трошат за антибиотици. Тоа е 20 проценти од сите видови на регистрирани лекови во земјава кои се нешто повеќе од 3.000. За Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови, ова е висок процент ако се спореди со употребата на антибиотици во развиените евроски земји каде процентот достигнува од 8 до 14.