TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Учките од Кондово легитимираат и македонски полицајци

Време - 27.11.2004

ЗА ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е КОЈ Паравоените формации во Кондово вчера запреле и легитимирале двајца македонски полицајци, еден Албанец и еден Македонец, дознава „Време“ од полициски извори. Полицајците се наоѓале во полициско возило што се движело во правец на Рашче, кога биле запрени од патрола на ...

Челниците на ДУИ и на ДПА ќе го скротат Кондово?

Дневник - 27.11.2004

ПО ДЕМОНСТРАЦИЈАТА НА СИЛА Разузнавачките анализи истакнуваат дека Владата не презела полициски акции за да не го испровоцира коалицискиот партнер ДУИ Во Кондово од завчера ги нема вооружените учки што спречија неколку новинарски екипи да влезат во селото, а неколку извори од владини и од странски ...

Власта ќе чека вооружените во Кондово самите да се разоружат

Утрински - 27.11.2004

Безбедносни извори тврдат дека зад паравоените формации во Кондово стои ДПА Структурата на воените формации во Кондово ја сочинуваат локални жители на Кондово и од околните села, радикални елементи од тетовското село Мала Речица и „гости“ од Косово Борис Георгиевски Присуството на вооружени групи ...

Еден од приоритетите на Бучковски ќе биде состојбата во Кондово

А1 - 26.11.2004

Во обид да се дојде до решавање на напнатата состојби во Кондово, тамошните жители предлагаат средба, на која претставници на вооружената група, на локалното население и претставници на владејачките и опозиционите партии, треба да се договорат како да се избегне ескалација на ситуацијата.

МВР чека погоден момент за да интервенира во Кондово

Утрински - 26.11.2004

Надлежните се свесни за постоењето на вооружени групи во Кондово, но тврдат дека ситуацијата е под контрола Надлежните органи во државава, политичките партии и меѓународните претставници се свесни за постоењето вооружени групи во скопското село Кондово, но тврдат дека "ситуацијата е под контрола" и ...

Владата не сакала ни да чуе за полициска интервенција во Кондово

Време - 26.11.2004

„ВРЕМЕ“ ДОЗНАВА Силјан Аврамовски, министерот за внатрешни работи, побарал дозвола за полициска интервенција против паравоените формации во скопско Кондово, но Владата го одбила, дознава „Време“ од високи владини извори. Дознаваме дека министерот Аврамовски неколкупати досега инсистирал на дневен ...

ОБСЕ тврди дека ситуацијата во Кондово е под контрола

А1 - 25.11.2004

И покрај присуството на вооружени лица во Кондово ОБСЕ тврди дека ситуацијата во Кондово е под контрола на македонските власти. Од таму не сакаат да коментира за состојбата во селото, но се надеваат дека МВР наскоро ќе го разреши случајот со вооружената група во ова скопско село.

Министерот на полицијата презафатен да објасни кој командува во Кондово

Време - 25.11.2004

ПАРАВОЈСКА ПАРАДИРА ВО СКОПСКО Силјан Аврамовски, министерот за внатрешни работи, вчера беше презафатен за да одговори што се случува во скопското село Кондово, каде што екипата на „Време“ завчера беше пречекана од вооружени и униформирани лица со ознаки на УЧК.

"Уштрија полицоре" во Кондово!

Утрински - 25.11.2004

Само неколку километри од центарот на Скопје патролираат вооружени лица во црни униформи Вооружени и маскирани лица го одржуваат редот во скопската општина Борис Георгиевски кондово - Вооружени лица во црни униформи со ознаки УП ("Уштрија полицоре"), или во превод воена полиција, патролираат низ ...

Танушевски компири во Кондово

Време - 25.11.2004

Емил Зафировски Кондово не е на арно. Мириса на Танушевци. А и нашиот случај опасно заличува на тој со Снежана Лупевска од А1. Засега само „вежбаме“. Не, не сме киднапирани. Завчера во Кондово униформирани учки „само“ не држеа на нишан. Ништо особено. Со обичен автомат, вперен в стомак.

Вооружени лица се шетаат по Кондово

А1 - 24.11.2004

Вооружени лица се шетаат по Кондово. Некои се во црни униформи, некои во цивилна облека. И едните и другите не кријат дека се вооружени. Низ селото патролираат пешки и со Опел Аскона без регистрации. Според изјави на очевидци, по стемнување, тие на влезот во селото поставуваат блокада, на која ги ...

Учки вперија „калашников“ во новинар на „Време“

Време - 24.11.2004

СКОПСКО КОНДОВО ГО КОНТРОЛИРААТ ВООРУЖЕНИ БАНДИ Емил Зафировски <> „Калашников“ му вперија во градите на новинарот на „Време“ три униформирани лица со значки на УЧК, вчера напладне во скопско Кондово. Само на триесетина метри од местото на настанот македонската полиција го контролираше сообраќајот ...

Вооружени учки го избркаа "Време" од Кондово

Вест - 24.11.2004

Три вооружени и униформирани лица вчера попладне во скопското село Кондово со вперено оружје принудиле новинар на весникот "Време" да го напушти селото. Новинарот Емил Зафировски околу 13 часот пристигнал во центарот на селото, каде ги забележал вооружените мажи со беретки со знакови на УЧК.