TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Георгијадис се извини, но не го смени ставот за името

Време - 29.10.2005

ГРЦИЈА ПРОТИВ ПРАТЕНИКОТ НА НД Пратеникот Никос Георгијадис се извини што грчката политика за името на Македонија ја нарече глупава, но не го промени ставот дека на Грција и треба нова политика за спорот со името. - Поради нашето инсистирање за името губиме многу на дипломатско ниво и сметам дека ...

Не можеме да го убедиме светот дека сме во право

Вечер Прес - 29.10.2005

Грчкиот пратеник Никос Георгијадис вторпат за неколку дена го повтори својот став дека не може Грција да и наложи на Македонија како да се именува. Георгијадис, како што пренесува Макфакс, рече дека не може Атина да решава за името на соседна земја, без оглед колку на Грција тоа не и се допаѓа.

Георгиадис: Не може Атина да ја именува Македонија

А1 - 28.10.2005

Грчкиот пратеник од владеачката партија, Никос Георгиадис, по втор пат за неколку дена го повтори својот став дека не може Грција да и наложи на Македонија како да се именува. Георгиадис, како што пренесува Макфакс, истакна дека не може Атина да решава за име на соседна земја, без оглед колку на ...

Гркот што ја призна Македонија "испратен" на психијатар

Дневник - 28.10.2005

СИТЕ ПРОТИВ пратеникот ГЕОРГИЈАДИС Никос Георгијадис, грчки пратеник од владејачката Нова демократија, под притисок на јавноста, вчера ја повлече изјавата дека "политиката на Грција за спорот за името е за никаде и дека не е работа на Грција како ќе се нарекува соседна Македонија".

Коската на Љубчо

Време - 27.10.2005

ДИАНА МЛАДЕНОВСКА Бившиот премиер Љубчо Георгиевски и од позиција на опозиционер, како некогаш од премиерската, покажа колку држи до системот и до јавноста, чиј дел се и тие што во изминативе петнаесетина години го заокружуваа неговото име на гласачките ливчиња.

Името на Македонија не е работа на Грција

Дневник - 27.10.2005

став Грчкиот пратеник од владејачката Нова демократија, Никос Георгијадис, вчера во интервју за грчко радио изјави дека политиката на Грција кон Македонија е за никаде. Според Георгијадис воопшто не е работа на Грција какво ќе биде името на една соседна земја, како Македонија.

Заработил 70 илјади евра, купил имот од 500 илјади

Време - 27.10.2005

ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА ИМОТОТ НА ГЕОРГИЕВСКИ Диана Младеновска Поранешниот премиер и актуелен пратеник на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски вчера одби да каже како го стекнал имотот. Тој завчера конечно ја објави содржината на неговото анкетно ливче што пред две и пол години го доставил до комисијата за ...

Политичарите не кажуваат како го стекнале имотот

А1 - 26.10.2005

Политичарите од Македонија, 103-тата земја по спречување на корупцијата, го обелоденуваат имотот, но не кажуваат како и кога го стекнале. Љубчо Георгиевски во вчерашниот налет на иронија не појасни - кога и како ги купил двата стана.

Вирусот Георгијадис

Време - 26.10.2005

ЗОРАН АНДОНОВСКИ Се појави нов вирус. Во Грција. За чудо, Македонците многу го посакуваат. Новиот вирус се вика Георгијадис. Неочекувано, во сиот овој страв околу птичјиот грип и загриженоста некоја заразена или сомнителна птица да не прелета преку границата од Грција и кај нас да го донесе вирусот ...

Георгиевски поседува станови, "тојота", овци и крави

Утрински - 26.10.2005

По две години молк, експремиерот ја објави имотната состојба Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски вчера ја обелодени семејната имотна состојба, во која наведува дека, покрај двата стана во Скопје, со површина од 300 квадратни метри, поседува и неколку грла добиток.

Гркот што ја призна Македонија

Време - 26.10.2005

КОЈ Е НИКОС ГЕОРГИЈАДИС? Никос Георгијадис, пратеникот од владејачката Нова демократија што ја повика владата во Атина да му дозволи на северниот сосед да го употребува името Македонија, потекнува од островот Крф. „Мора да сфатиме дека ја загубивме битката и колку подолго се спротивставуваме, ...

Љубчо има два стана, две куќи и две крави

Време - 26.10.2005

И ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГИ ОТКРИ СМЕТКИТЕ Две крави, три вола, 25 овци, 18 свињи, 15 кокошки, еден мотокултиватор и осум декари земја поседуваат Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана. Поранешниот премиер и актуелен пратеник вчера реши да ја објави имотната состојба, согласно со собраниската ...

Љубчо има два стана, куќа и пол, 25 овци, 18 свињи, 3 вола и џип

Дневник - 26.10.2005

ИМОТОТ НА НЕФОРМАЛНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-НАРОДНА Имотот на Љубчо и Снежана Георгиевски се состои од два стана со површина од вкупно 300 квадратни метри, семејна куќа во Делчево, дел од семејна куќа во Владимирово, џип "тојота", 50.000 евра, осум декари земја, 25 овци, 18 свињи, 15 кокошки, две крави, ...

Имаме 18 свињи и три вола

Вест - 26.10.2005

ЉУБЧО И СНЕШКА ГО ОБЈАВИЈА ИМОТОТ Георгиевски вели дека објавувањето на имотните листови за јавноста е кршење на личните човекови права, а во Македонија тоа се прави во класична популистичка кампања со огромна хипокризија во која однапред се амнестирани функционерите од актуелната вл Имотот на ...

Георгиевски ја обелодени семејната имотна состојба

А1 - 25.10.2005

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска ја обелодени семејната имотна состојба, каде освен два стана во Скопје со површина од 300 метри квадратни, поседува и неколку глави добиток. Имотниот лист покажува дека Љубчо и Снежана Георгиевски поседуваат и семејна куќа во Делчево, дел од семејна ...