TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Грчките новинари повторно во дводневен штрајк

А1 - 16.07.2004

Од утрово во осум часот до недела во истото време, грчките новински агенции АНА и МПА нема да објавуваат вести поради обновениот 48-часовен штрајк. Денеска излегоа од печат грчките весници и списанија, но утре и задутре повторно нема да бидат достапни за читателите.

Втор ден од штрајкот на Грчките новинари

А1 - 14.07.2004

Грција втор ден е без печатените изданија заради вчера почнатиот 48 - часовен штрајк на новинарите, кои бараат зголемување на платите. Штрајкот на грчките новинари е последица на неуспешните преговори за склучување нов колективен работен договор.

Штрајк на грчките новинари

А1 - 13.07.2004

Грција од денеска до четврток ќе биде без националниот дневен печат, радио и телевизија заради штрајкот на новинарите, кои бараат зголемување на платите. Најавениот 48 - часовен предупредувачки штрајк на грчките новинари доаѓа по неуспешните преговори за склучување нов колективен работен договор.