TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракометарите обезбедија бараж за СП

А1 - 20.01.2008

Машката ракометна селекција на Македонија успеа да обезбеди бараж двомеч за место на Светското првенство во Хрватска идната година. Во драматичен реванш поразени сме од Португалија со 31:26, но ги сочувавме шесте гола предност од Скопје.

Ракометарите се во Гимараеш

А1 - 19.01.2008

Македонските ракометари се во Гимараеш, крајната станица на патот до јунскиот мундијалски бараж. Во Португалија заминаа со предност од шест гола, што е ветувачко, но не мора да биде и решавачка за исчекор кон Светското првенство во Хрватска наредната година.

Уште 60 минути макотрпна борба

Вест - 19.01.2008

НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ СО ШЕСТ ГОЛА ПРЕДНОСТ ЗАМИНАА ЗА ПОРТУГАЛИЈА Преостануваат уште 60 минути, не натпревар, туку макотрпна борба во Гимараеш за уште една шанса за нашите најдобри ракометари да се пласираат на големо натпреварување, Светското првенство 2009 во Хрватска.

Ракометарите со солидна разлика во Гимараеш

Утрински - 19.01.2008

Македонија во реваншот со Португалија в недела ќе почне со предност од 6 гола РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Македонските ракометари со посакуваната позитива од шест гола заминаа на утрешниот реванш во Гимараеш, откако во Скопје ја совладаа Португалија со 38:32 во директниот двобој за јунскиот бараж за ...

Во Гимараеш со плус шест на сметката

Дневник - 19.01.2008

Македонската ракометна репрезентација утре игра реванш во Португалија, со солидна предност остварена во првиот меч во Скопје Македонската ракометна репрезентација постигна важна победа со шест гола предност, по првиот меч против Португалија, во Скопје, во квалификациите за СП 2009, што и' дава ...

Шоу на Кире Лазаров

Вечер - 19.01.2008

Во првиот од двата решавачки дуела за пласман во јунскиот бараж за СП идната година во Хрватска, со фуриозна игра, која ја запали публиката во "Кале", пред се нашиот интернационалец, Македонија патува на утрешниот реванш во Гимараеш со плус шест Македонија оди порелаксирано на утрешниот реванш во ...

Ракометарите отпатуваа за Португалија

А1 - 18.01.2008

Позитивата од шест гола остварена вчера во Скопје е одлична предност, но ниту победата од 38:32 не може да биде гаранција за успех во двомечот со Португалија и за пласман во баражот за Светското ракометно првенство во 2009. Првото место во квалификациската група допрва ќе треба да се избори.

Ракометарите ја совладаа Португалија со 38:32

А1 - 17.01.2008

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Португалија со 38:32. За триумфално отворање на решавачкиот двомеч, по кој победникот обезбедува бараж за идното Светско првенство. Првата меч топка македонските ракометари ја искористија, направија солидна и посакувана гол разлика и со ...

Не е исто со или без Кире

Вест - 17.01.2008

НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ДЕНЕСКА ЈА ПРЕЧЕКУВААТ ПОРТУГАЛИЈА Засилени со капитенот Кире Лазаров, нашите најдобри ракометари влегуваат во решавачките дуели од квалификациите за Светското првенство 2009 во Хрватска. И, како што велат, со Кире стануваме поквалитетна селекција од португалската, но, ...

Се бара каква било победа

Време - 17.01.2008

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2009, МАКЕДОНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА Двомечот со Португалија за македонската машка ракометна репрезентација е рамен на бараж за пласман на Светското првенство (СП) во Хрватска 2009 година. Токму поради ова денешниот дуел со Португалците во СРЦ „Кале“ (17.45 часот, МТВ-пренос) е од ...

Победа над Португалија, па макар и минимална

Утрински - 17.01.2008

Македонските ракометари не го преценуваат директниот ривал за баражот за СП, со коj играат вечерва Каква и да е победа во првиот дуел со Португалија денеска од 17,45 ч. во „Кале“ врши работа, бидејќи треба да се биде вкупно подобар во двата квалификациски натпревара, резонираат македонските ...

Португалија да падне под Кале

Дневник - 17.01.2008

Гостите немаат толку квалитетен напад за вечерва (17.45 ч), македонската репрезентација, засилена со Кире Лазаров, да не може да го запре и да создаде предност пред реваншот Непробојна одбрана, проследена со ефикасни полуконтри и контри треба да биде главното оружје на македонската сениорска ...

Ни треба залиха за Гимараеш

Вечер - 17.01.2008

Вечерва во "Кале" (17.45 ч), Македонија го игра првиот од двата решавачки дуела со Португалија, за пласман во јунскиот бараж за учество на СП идната година во Хрватска Дуелите со Бугарија ни беа вовед во двете клучни средби во групата за пласман во јунскиот бараж, за настап на Светското првенство ...

Селекторот на ситни маки со повредени играчи

Време - 16.01.2008

ПРЕД ДУЕЛОТ СО ПОРТУГАЛИЈА УТРЕ Наумче Мојсовски, средниот бек на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, завчеравечер се пожали на болки во задната ложа и од в.д. селекторот Иле Темелковски доби поштеда од два тренинга.

Без Митков против Португалија

Утрински - 16.01.2008

Интернационалецот се повредил на тренинг, па остана само Лазаров левучар на позицијата десен бек РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Влатко Митков и дефинитивно нема да игра против Португалија. Десниот бек на германскиот бундеслигаш Вецлар во понеделникот го напукнал мускулот на десната рака во теретана и со ...

Проблеми со Мојсовски и со Макалоски

Дневник - 16.01.2008

Се прават обиди двајцата да бидат залечени, а Митков дефинитивно нема да игра Ракометната репрезентација на Португалија е противник за почит, со која нема да биде лесно да се излезе на крај, но атмосферата во македонскиот тим е порелаксирана откако е познато дека ќе се врати Кире Лазаров, вели ...

Португалија дополнително претпазлива

Дневник - 16.01.2008

Враќањето на Кирил Лазаров во репрезентацијата на Македонија, што значи засилување првенствено во нападот, за Португалија беше мотив за дополнително прегрупирање. Нашиот противник е попретпазлив, а нивниот селектор, Швеѓанецот Матс Олсон, вели дека дуелот со Македонија нема да биде како тој со ...

Лазаров им се приклучи на ракометарите

А1 - 15.01.2008

Македонската машка ракометна репрезентација од денеска е посилна за лидерот Кире Лазаров, кој им се приклучи на соиграчите на два дена пред првиот од двата решавачки натпревара со Португалија, за пласман во баражот за светското првенство 2009.

Лазаров се приклучува денеска

Вест - 15.01.2008

РАКОМЕТ - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ГО ДОБИВА ПОСАКУВАНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ Машката ракометна репрезентација ќе го добие посакуваното засилување за претстојните решавачки дуели со Португалија. Капитенот Кире Лазаров доби дозвола од својот клуб Загреб ЦО и најавено е дека денеска ќе му се јави на в.д.

Кирил Лазаров доаѓа денеска и ќе игра за Македонија

Време - 15.01.2008

ЗАВРШИ „ШПАНСКАТА СЕРИЈА“ Кирил Лазаров, капитенот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска на попладневниот тренинг во СРЦ „Кале“ ќе им се приклучи на своите колеги во националниот тим. Со ова заврши „шпанската серија“ околу доаѓањето на Лазаров, еден од најдобрите ...

Лазаров, дефинитивно, ќе игра со Португалија

Утрински - 15.01.2008

Капитенот на ракометната репрезентација вчера доби зелено светло од Загреб и попладнево се очекува во Скопје РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Македонија, сепак, со својот најдобар ракометар ќе му се спротивстави на директниот конкурент Португалија во квалификациите за Светското првенство 2009 во Хрватска.

Од вечерва Лазаров на тренинг

Дневник - 15.01.2008

Шансите сега се поголеми, само Лазаров не може сам да ја победи Португалија, заедно треба сите да запнеме, вели селекторот Темелковски Кирил Лазаров повторно ќе ја има капитенската лента и в четврток ќе биде во тимот што ќе и' се спротивстави на Португалија, во првиот меч во Скопје.

Кире ќе не засили со Португалија

Вечер - 15.01.2008

По официјалното барање од РФМ до Хрватскиот ракометен сојуз и до Загреб КО, добиена е дозвола Лазаров да дојде во Скопје и да се приклучи на подготовките на репрезентацијата и да настапи на двата решавачки дуела со Португалија за СП 2009 По многуте комуникации на релација РФМ, Хрватски ракометен ...

Лазаров се враќа утре

А1 - 14.01.2008

За машката селекција на Македонија почеток на решавачката фаза од новото мундијалско квалификациско досие. Против Португалија и дефинитивно со Кире Лазаров. Најдобриот македонски ракометар утре ќе му се стави на располагање на в.д.

Друга песна со Бугарите

Време - 14.01.2008

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2009, МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА 41-24 (23-13) Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во Хрватска 2009 година, откако убедливо ја победи Бугарија со 41-24, завчера во СРЦ ...

Добра увертира на ракометарите пред Португалија

Утрински - 14.01.2008

Македонија ја декласира Бугарија со 41:24 во реваншот од квалификациите за СП 2009 РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Загреб не го пушта Лазаров?! Најавеното враќање во репрезентацијата на капитенот Кирил Лазаров е доведено во прашање по „кочницата“ од неговиот клуб Кроација осигурање.

„Црвено-жолтите“ оставија адути и за Португалија

Дневник - 14.01.2008

Селекторот Темелковски им даде шанса на сите играчи, но не ги задржа долго на вистинските позиции Македонија победи со 17 гола разлика во реваншот од квалификациите за СП-2009, против Бугарија, 41-24 (23-13). Ракометната лекција што им ја одржавме на Бугарите покажа дека имаме добри играчи.

Загреб го држи Лазаров во неизвесност

Дневник - 14.01.2008

Доаѓањето на Кирил Лазаров на подготовките на репрезентацијата и играњето против Португалија, добива призвук на сапуница , откако се измешаа работите на релација Лазаров - РФМ - Загреб. Најавите на луѓето од РФМ дека Лазаров доаѓа за натпреварите со Португалија би требало да се обистинат денеска.

Лесно со Бугарија, како со Португалија?

Вечер - 14.01.2008

За разлика од првиот дуел во Варна, Македонија во реваншот против Бугарите се покажа во вистинско лице, со распеана и ефикасна игра им ги наполни срцата на гледачите Македонија лесно се справи со Бугарија, на реваншот од квалификациите за СП 2009, се покажа во сосема друго лице, а за тоа зборува и ...

Кире Лазаров доаѓа?

Вечер - 14.01.2008

Капитенот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров кој заради некоректниот однос на РФМ кон него на одложениот собир на нашата најдобра селекција се откажа од репрезентативниот дрес, постои можност да допатува денеска или утре во Скопје и да се приклучи кон своите соиграчи за двата ...