Подготовката за изградба на урнатите и поправката на оштетените куќи во Арачиново, како и во по едно тетовско и кумановско село ќе може да започне во рок од една недела, се разбира под услов до тогаш биде постигнат политичкиот договор, најавуваат од Владата.
Вчера сликата во Арачиново беше идентична со онаа од претходните денови. Етничките Албанци влегуваа во своите домови со намера да ги оспособат за живеење, за разлика од нив, Македонците и натаму се иселуваа земајќи ја покуќнината којашто терористите не успеале да ја уништат.
АРАЧИНОВО Македонците влегоа во Арачиново само да присоберат дел од покуќнината и нема да се вратат во Арачиново, додека етничките Албанци влегуваат, да останат во селото, без лични карти, само со гаранција дека ...
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ "Министерството за транспорт и врски подготви извештај листа на објекти во Арачиново во кои не постои ризик за вселување на лица, но и листа со објекти за кои, од градежен аспект, не може да се гарантира безбедно вселување ...
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ Министерството за транспорт и врски вчера се огради од какви било последици што би можеле да се случат како резултат на враќањето на раселените жители на Арачиново, зашто стручните екипи се уште не процениле колку се оштетени куќите во селото.
Македонците жители на Арачиново и денеска масовно се иселуваат од своите домови, лути на градоначалниот на Арачиново Решат Ферати и на владините претставници тие велат дека никој не дошол да им даде збор подршка или пак каква било гаранција за да не се иселуваат од селото.
АРАЧИНОВО ЕДЕН МЕСЕЦ ПО ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ Дражавата не дозволува, зашто селото се уште не е безбедно, но на инсистирање на арачиновци, дозволено е селаните да ги видат куќите и во нив да остане само по еден член од семејството Вчера во девет часот изутрината почна враќањето на иселените жители на на ...
АРАЧИНОВЦИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА Во дворовите и во нивите во Арачиново се уште има неексплодирани гранати Околу пет илјади жители на скопското село Арачиново вчера со екипи на ОБСЕ, набљудувачката мисија на Европската Унија и македонската полиција вчера се вратија во своите домови.